Среда, 23 Март 2011    PDF Печати Е-пошта
Манастир „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ село Согле

manastir-selo-sogle

Во прекрасниот планински амбиент на некаде три километри оддалеченост од селото Согле во склоп на Општина Чашка а на 30 километри југозападно од Велес во месноста наречена Азот се наоѓа манастирот посветен на Пресвета Богородица. За манастирот има многу сиромашни податоци од она што е запишано и што е прераскажано од генерациите се знае дека е изграден во 1836 година од страна на месното население со помошта од околните села: Богомила, Бистрица, Теово, Папрадиште, Еловец, Р’левци а во неговата изградба учествувале и припадници од муслиманска вероисповед. Ако сакате да стигнете до манастирот треба да знаете дека од селото Согле до него ќе треба да одите по земјен пат. Кога ќе пристигнете до манастирскиот комплекс ќе ве пречека манастирската црква, камбанаријата и старите конаци но и новите конаци и камбанарија кои се градат. Старите конаци се опремени располагаат со опремена кујна и 14 соби за престој но истовремено нудат и услови за одмор и рекреација. Манастирскиот живот е возобновен по подолг временски период и денес во него живеат двајца монаси, Александар и Авакум. Во изминатите години се вложуваат големи напори да се поправи манастирот и да се врати во неговиот некогашен сјај со кој што се одликувал во минатото. Иако не постојат сигурни црковно-историски записи за овој Божји храм се знае со сигурност дека бил создаден во времето кога во селото немало голем број на муслиманско население односно пред населението да се муслимизира. Во периодот од 1850 до 1855 година е запишано дека се поправени конаците и црквата која што е три куполна. Кога ќе влезете низ дрвената порта на манастирската црква ќе го видите дрвениот иконостас на кој што е поставена иконата на Пресвета Богородица која што е стара 150 години и која што ги има преживеано сите премрежја на манастирот. Оваа икона во народот е позната како икона на Мајката Божја-Согленска и која до денес прави чуда. На 25-ти Август 2007 година започната е изградбата на новите конаци и на камбанаријата кои што сеуште се во изградба. Иако целиот комплекс денес е под изградба и во него се вршат разни градежни зафати сепак манастирската црква плени во просторот кој што во лето е прекрасен затоа што е заобиколен со шума и дејствува моќно во просторот. Глетката за очите е пријатна а во срцето се чувствува душевниот мир и спокој кој ќе го понесете со себе по посетата на овој величествен храм посветен на Рожденството на Пресвета Богородица.

 

На прво место

News image

Поднесена кандидатура за Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ја потпишаа 50 делегати

До партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ, пристигна кандидатура за претседател на партијата потпишан...

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.