Понеделник, 07 Март 2011    PDF Печати Е-пошта
Во карневалска Струмица се одбележува „чист понеделник“ и почетокот на велигденскиот пост

_copyСтрумичките карневалски церемонии продолжуваат со одбележување на обредните традиции со кои се означува почетокот на големиот четириесетдневен предвелигденски пост, еден од најстрогите канонски обичаи во православната христијанска вера.

Во сите домови денеска се подготвува и се служи бел незапржен посен грав, како знак на почеток на постот. Обредните церемонии ќе завршат задутре со приготвување и служење посни јадења и посета на куќите на армасаните (свршените) девојки, каде што се собираат само жени, пеат еротски песни и кажуваат „мрсни“ вицеви.

Во рамки на официјалната програма, вечер во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде отворена традиционалната изложба на еротски карикатури и афоризми, тематски инспирирани од карневалот, а на победниците на годинашниот Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам ќе им бидат врачени наградите.

Првата награда за афоризам ја освои Ристо Филчевски од Струмица, а за карикатура Константин Казанчев од Украина.

Вечерва првпат ќе биде организиран и концерт под маски во изведба на ученици на Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица.

Главната карневалска фешта ќе се одржи утревечер кога по улиците на Струмица и во центарот на градот се очекува да продефилираат над две илјади групни и поединечни маски од земјава и од Словенија, Бугарија, Србија, Романија, Црна Гора, Турција и од Албанија. Најдобрите маски ќе бидат наградени според нивната категорија, атрактивност и квалитет, а вкупниот награден фонд изнесува околу десет илјади евра. Покрај бројни гости и учесници од земјава и од странство, Струмичкиот карневал го следат и претставници на Светската асоцијација на карневалските градови (ФЕЕЦ).
 

На прво место

News image

Поднесена кандидатура за Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ја потпишаа 50 делегати

До партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ, пристигна кандидатура за претседател на партијата потпишан...

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.