|
||||
| МОНОГРАФИЈАТА - ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА СЛИМНИЧКИОТ МАНАСТИР ВО ПРЕСПА (2 |
|
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН Иконостасот во црквата е сочуван во својата изворна состојба, каков што бил во првите децении од 17 век. Од содржината на иконостасот се издвојуваат царските двери и големиот крст, поставен како завршница во горниот дел, изведени во плитка стилизирана резба. Многу важна содржина на оваа црква е ѕидното сликарство во најстариот дел на црквата од 1607, во припратата од 1612 г. како и она од некогашната западна фасада, а денес во тремот на црквата. Тоа есочувано речиси во целост и претставува еден од најзначајните репрезенти на сликарството од поствизантискиот период во Р. Македонија воопшто. Почнувајќи од источниот дел или од олтарскиот простор, во долната зона од конхата на апсидата се светите архиереи како учесници во светата Литургија. Над нив е ликот на св. Богородица со Христос. Манастирот од сите страни бил опколен со згради. Се влегувало низ две големи и две помали порти. Во горните делови на зградата се наоѓале простории за престој на гости. Некои од собите биле сопственост на селата Болно, Љубојно, Герман, Кономлади, Горица, Битола, Прилеп, Костур и др. Во манастирот се наоѓала најголемата библиотека, но грчкиот владика, целиот библиотекарски фонд го изгорел, поради тоа што бил на славјански. Палењето траело цела недела на три огништа. Овој трагичен настан се случил на почетокот на 20 век и сеуште носи болни траги кај жителите на Преспа. Денес во манастирот има скромна библиотека од дела на Славе Катин и Вера Антиќ Инаку, книгата ,,Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” на В. Стојчевска-Антиќ и С. Николовски-Катин е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со тектови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Оваа значајна и по многу нешта единствена книга е исто така посветена на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој 2007 година одбележа 400 години од своето постоење. Во книгата е даден хронолошкиот развој на култут на Божјата Мајка почнувајќи од нејзиното раѓање па се’ до денес. Овој дел го прикажува животниот пат на Пресветата Дева марија преку евангелија и текстови од Новиот Завет, какои преку делата на уметници и анонимни автори, преку легенди и митови, преку апокрифи. Посебен дел е посветен на македонските народни песни во кои Светата Дева Марија се величи, а прикажан е и список на цркви во Република Македонија кои го носат името на Пресветата Божја Мајка.
Делот насловен ,,Текстови за Пресветата Дева” ја прикажува хронологијата на нејзиното раѓање, како и на сето тоа што претходело и следело. Прикажани се најважните датуми во христијанстово, како 8 септември – нејзиното раѓање; 21 ноември – нејзиново воведување во Храмот; 25 март – Благовестие; 25 декември – раѓањето на Исус Христос и 15 август – нејзиното Успение. Бидејќи Сливничкито манастир се наоѓа во Преспа, авторите В.Антиќ и С. Катин даваат живописен опис на овој регион, нагласувајќи го неговото значење за црковните активности на Македонија во минатото, како и денес. Читателите ќе се запознаат со Преспа како главен град на македонјското царство на Цар Самуил; потоа со Препа како место на кое се формирала првата Македонска архиепископија; со Преспа како регион во кој многу Илинденци биле организирани, а чиј дух бил присутен и во текот на НОБ. Исто така, прикажани се бројни патеписи за Преспанскиот регион, за Република Македонија, Грција и за Албанија. Посебен дел во книгата е посветен на селото Сливница и на величенствениот манастир Пресвета Богородица Слимничка. Живописниот опис на ова село, со своите пет цркви и манастари, едноставно го одзема здивот. Како Слимничкиот манастир да оживува и ги поканува ненајавените и добронамерните гости да го посетат. Делот што изобилува со легенди и митови само го потврдува значењето и важноста на култот на Пресветата Дева Марија во Македонија бидејќи таа е сакана и величена – и поради тоа е видена, а нејзините дела почувствувани. Дадени се искажувања и описи на локалните жители кои лично го доживеале присуството на Пресветата Марија како потврда на она што е горе наведено. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |





























