Среда, 12 Март 2025    PDF Печати Е-пошта
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВО ДЕЛО НА ПОРАНЕШНИОТ АБАСАДОР ПЕТРЕ НАКОВСКИ

222 copy copy

АмбасадоротПетре Наковски е еден од видните поранешни дипломати, кој покрај дипломатската дејност како прв амбасадор на независна Република Македонија во Република Полска, се занимава со пишување романи и преведување. Тоа готврди и со посленото ново опсежно дело под наслов „Ноќни белешки“ кое е публиакација на „Студенски сервис“ од Скопје, отпечатено на 810 страници, на македонски јази.

22 copy copy copy copy copy copy copy copyАмбасадорот Петре Наковски е роден на 17 јули 1937 година во селото Крчишта (Палианемон), Костурско, Егејска Македонија. Тој е едно од децата протерани од своите корени во текот на Ѓраѓанската војна во Грција и расселени по целиот свет.

 Неговото родно село Крчишта се наоѓа на дваесеттина километри западно од Костур во непосредна близина на грчко-албанската граница, сместено на површина на надморска височина од околу илјада метри. Како и голем број села во тој регион на Егејска Македонија, до Граѓанската војна во Грција било чисто македонска населба. До неговото растурање и бришење од географската карта не претрпело никакви етнички измени, но народот од селето е рассеан насекаде во светот

Крчиште било мало македонско село со околу педесетина куќи, од кои имало одреден број печалбари во прекуокеанските земји во периодот меѓу двете светски војни. Меѓутоа, од 1961 година селото се испустило и се води без население. Десет години по протерувањето на Македонците, грчките „демократски“ власти како што направиле во најголемиот број македонски села, така и во Крчишта, населиле православни турски бегалци (Просфиги).

  Заоа, амбазадорот Петре Наковски станал бегалец во Полска а денес како скопски Преспанец со длабоки егејски корени,  изградил прекрасен дом во Долно Дупени, недалеку од Преспанското Езеро, во близинана  Егејска Македонија каде поминува голем дел од неговите пензионерски денови, гледаји дел од Долна Препа под окупација на јуѓниот сосед,

Инаку, делото Ноќни белешки”, на амбасадорот Петре Наковски е дел од неговите  настани во текот на неговиот петгодишен престој во Полска (1995 – 1999) како прв амбасадор на независна Република Македонија во Полска. Тоа е, всушност, фотодокументација од многубројните настани, во вид на мемоари, записи, дневник...Неговите белешки на непосреден начин говорат за неговите дипломатски искуства. Токму тоа е како белег за времето и можеби како дел од историјата на македонската дипломатија, но, во исто веме тоа е и како сведоштво во градењето на трајниот споменик на македонско-полското пријателство.

2222

Според зборовите на амбасадор Петре Наконаки,   неговата петгодишна дипломатска мисија во Република Полска ја завршив со над дваесет потпишани договори или подготвени за потпишување во чија содржина е внесена заемната потреба за сестрана соработка меѓу двете држави и, со стотици службени средби, разговори и договори. Секогаш и секаде од полските домаќини бил приман со срдечна топлина и отворени симпатии кон нашата држава Македонија.

Голема привилегија и чест за него била познанството и средбите со многу истакнати личности од сите средини на полското општество, посебно од областа на културата, уметноста, науката, литературата, новинарството, стопанството, дипломатијата, со високи фукционери на државната управа, како и со голем број добронамерни и наклонети поранешни полски дипломати и голем број личности од Дипломатскиот кор, од кои многу научил, а и тие од него многу научија за Македонија.

Делото „Моќни белешки„ на анбасадорот Петре Наковдки е поделено на пет дела. Секој  дел опфаќа своја година од 1995 до 1999 година и се' она што е забележано за активностите во тој период во годината.

Инаку, амбасадорот Петре Наковски завршил Педагошка школа завршил во Полска, а Филолошки факултет во Македонија. Докторирал на Институтот за политички науки на Вроцлавскиот универзитет во Полска. Бил новинар во весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“, а работел во Министерството за надворешни работи. Како преведувач, пак, од полски на македонски има преведено и објавено 40 литературни дела и поголем број песни и раскази од македонски автори, како и драмата „Црнила“ на Коле Чашуле.

Тој е автор и на книгите: „Постела за чемерните“ (1985); „Македонски деца во Полска“ (1948-1968), (докторски труд); „И каменот е земја“ (1988); „Големата удолница“ (2003); „Големата измама“ (издадена и на англиски јазик) (2007); „Македонските бегалци во Полска“ (1948-1975, 2008) и „На пат со времето“ (2010), издадена и на англиски јазик, а во превод на познатиот писател Ристо Стефов од Канада.Добитник е на наградите: „Златно перо“, Награда на полските автори и полските одликувања: „Златен медал за заслуги за полската култура“ и „Златен орден на командоријата“.

Исто така, за неговите  значајни постигнувања во областа на литературата, амбасадпрпт Петре Наковски е добитник на „Златно перо“ и „Кирил Пејчиновиќ“ за преведувачки опус, а е одликуван со Златен медал за заслуги за полската култура и Златен орден на командоријата во Полска.

Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДС пред внатрешна експлозија!

Политичките партии најлесно ги поднесуваат нападите од опозицијата. Тоа е природен дел од политичк...

Историја

News image

Кога национализмот бил воведен масовно за прв пат на Балканот

Отоманската држава ги класифицираше своите граѓани според религијата, муслимани и „други“. „Другит...

Иселеници

News image

ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ НА “АВСТРАЛИСКО – МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР“ (28)

Со право може да се рече дека Театарот е добротворн...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕСТ И СЛАВА НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА - ДЕЛ I (3)

Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијанс...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА РОДНОТО СЕЛО ЗАГОРИЧАНИ - КОСТУРСКО (6)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.