Среда, 18 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ НАДЛЕЖЕН АРХИЈЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (6)

1kr1

Кога се зборува или пишува за духовно-црковното и нацио-налното обединување на Македонците во етничка Македонија и во дијаспората, името и делото на митрополитот Кирил, кој бил прв надлежен архијереј на Американско-канадската епархија е тесно поврзано со тоа.

Монографија за „Митрополитот Кирил“, издание на Полошко - кумановската епархија и на „Маке-донска  искра“, Скопје, 2007 година, на 342 страници, на македонски и на англиски јазик, на авторот Славе Николовски-Катин  го открива животот на митрополитот од неговото детство, преку неговиот архипастирски живот во Америка, Канада, Австралија и Република Македонија.

Во делото се вели дека митрополитот Кирил (Никола Поповски) е роден на 23 јуни 1934 година во Царев Двор, место кое е ни село ни град. Основното образование го завршил во родното место, а богословија завршил во Призрен. На Благовештение, 7 април 1964 година, Никола се замонашува во манастирот „Раѓање на Пресвета Богородица“ кај Кичево, и со радост го примил името на свети Кирил Солунски. Притоа, од страна на Неговото блаженство, архиепископот господин господин Доситеј, е ракоположен во чин ероѓакон, а само по кратко време и унапреден во архиѓаконски чин.

Во тоа својство пролетта 1965 година, младиот архиѓакон Кирил го придружува архиепископот господин господин Доситеј при посетата на Соединетите Американски Држави и Канада, каде асистира при евангелисувањето на првата македонска црква во Торонто, на празникот Цветници, посветена на свети Климент Охридски.

На 5 јули 1967 година бил избран за викарен епископ со титула тивериополски од страна на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и станува негов најмлад член. По унапредувањето во чин архимандрит, на 11 јули истата година, во предвечерието на празникот посветен во чест и слава на апостолите свети Петар и свети Павле, било извршено наречението во епископски чин, а утредента, на Петровден, бил хиротонисан за викарен епископ тивериополски.

Како член на Синодот, веднаш се вклучил во довршувањето на обемниот елаборат за обнова на автокефалноста на Охридската архиепископија. Пет дена подоцна (на 17 јули 1967 година) Светиот архијерејски синод  на Македонската право-славна црква – Охридска архиепископија одржала седница во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, на која била донесена историската Одлука за целосно возобновување на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

По потпишувањето од страна на сите членови на Синодот: архиепископот господин господин Доситеј и митрополитите: господин Климент, господин Наум, господин Методиј и господин Кирил, истиот ден била презентирана одлуката пред членовите  катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид.

На овој Собор господин Кирил бил избран за прв надлежен архијереј на штотуку востановената Американско-канадско-австралиска македон­ска православна епархија, со која раководел повеќе од две децении. Земал учество во повеќе делегации на Македонската православна црква – Охридска архиепископија  за запознавање на сестринските цркви со обновата на автокефалноста на Црквата на македонскиот народ, преку претставување на опширниот елаборат. Исто-времено ја извршувал и функцијата претседател на Комисијата за враќање на отуѓените македонски богослови од богословиите на Српската православна црква.

Во 1968 година ја реализирал првата посета на север-ноамерикан­скиот континент како надлежен архијереј на Амери-канско-канадско-австралиската македонска православна епархија. За време на едномесечниот престој во САД и Канада, го осветил третиот македонски православен храм на американските простори, црквата „Свети Ѓорѓи“ во градот Сиракуз, во државата Њујорк, а посетил и други градови во кои го отворил и поттикнал процесот за формирање нови македонски православни црковни општини и за изградба на нови цркви под јурисдикција на Светиклиментовата македонска православна црква – Охридска архиепископија.

На 10 август 1969 година, пак, во катедралниот храм „Свети Климент Охридски - Чудотворец“ – во Торонто, со величествени свечености било извршено востоличувањето на митрополитот Кирил во епископскиот Светиклиментов трон на Американско-канадско-австралиската македонска православна епархија од страна на Неговото високопреосвештенство митрополитот дебарско-кичевски господин Методиј.

Митрополитот господин Кирил во текот на наредните повеќе од две децении одиграл голема духовно национална улога, оттргнувајќи десетици илјади Македонци од српските, грчките, бугарските и други цркви, со цел да доаѓаат во македонските православни храмови.

На тој начин е спречена натамошната асимилација и денационализација на маке-донскиот православен народ на тие американски простори. Тој бил добредојден во сите македонски асоцијации, македонски домови, особено во македонските православни цркви на северноамериканскиот континент, во кои, тој имал голем удел за формирањето на тие македонски црковно-национални храмови за генерациите.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.