Среда, 18 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА БИТОЛСКО И БИТОЛА (4)

1sp1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Од турски документи може да се види дека исламизацијата во Битола и Битолско зела поширок замав дури во XVI век. Меѓутоа, дејноста на хритијанските свештеници - калуѓери и епископи не престанала. И покрај слабеењето на турското царство во XVII век, Битола продолжила да се развива и да добива изглед на убав град во тогашно значење на овој поим.

Венецијанскиот пратеник А. Бернард, турскиот географ Хаџи Калсра и патпописецот Евлија Челебија ја опишуваат ја опишуваат Битола како важен трговски и културен центар, со околу 3.000 куќи, 900 продавници и работилници, 40 гостилници, голем број џамии, неколку поскормни цркви, монументален Безестен, а подоцна и градски часовник (Саат-кула). Во градот се вршела трговија со жито, кожи, восок, волна, памук, градежен материјал, борина, катран и занаетчиски производи.

Треба да се одбележи дека битолскиот митрополит Арениј, по потекло Македонец, во 1763 година бил избран за последен охридски архиепископ на самостојната Охридска архиепископија.

Во XIX век Битола постигнала забележителен успех Стопанството е во голем подем, а бројто на жителите се зголемил за неколкупати. Во 1840 година била седиште на Санџак. Кога турските власти го префрлиле седиштето на Румалијскиот пашалак од Софија во Битола, градот станал еден од најголемите административни и воени средишта во европска Турција и голем воен гарнизон. Според патеписецот Ами Буе, во 1836 година градот имал околу 40.000 жители. Обемните градежни зафати за потребите на војската и административниот апарат предизвикале расцут на голем број занаети.

Навлегувањето на новите капиталистички односи не само што ја развиле, туку и ја осовремениле трговијата во Битола. Битолските трговци одржувале врски со италија, Автрија, Англија, Франција, Романија, Египет и други. Тие имале свои филијали во Солун, Виена, Лајпциг, Трст, Одеса и други трговски центри. Бројот на работилниците и продавниците во Битола се зголемил на 2.150, а во разни делови на градот се наоѓале преку 20 специјални пазари: Ат-Пазар, Маст-Пазар, Житни-Пазар, Грав-Пазар, Овчи-Пазар и други.

Станувајќи пријалетско седиште, во Битола отвориле свои конзуларни претставништва: Англија, Австрија, Русија, потоа Италија, Франција, Романија, САД, Бугарија, Србија и Грција. 

Во XIX век, додека во битолските села се воделе борби за зачувување на животот, имотот и честа, во Битола Македонците настојувале да ја преземат целокупната општествена дејност за да си ги задоволат своите еснафско-трговски потреби. Низ таквата борба македонското граѓанство во Битола успеало да отвори свои училишта. Во процесот на преродбата на македонскиот народ, во Битола и Битолско се водела борба за отстранување на грчкиот јазик и се отвориле македонски училишта во сите поголеми цркви и манастири.

1sp12

Саат Кулата во Битола

Во втората половина на XIX век нараснатите национални сили во Битола и Битолско се вклучиле во борбата за решавање на економските, социјалните и политичките задачи на македонското национално движење. Меѓутоа, Битола станала и средниште на верски судири, на големо-грчка, големо-бугарска и големо-српска пропаганда. Големо-грчките претензии се манифестирале преку дејноста на грчката патријаршија и грчките училишта, а големо-бугарските преку дејноста на новоформираната бугарска црвка - егзархија. Така, во Битола се нашле едни против други емисарите на грчката, бугарската, српската, католичката, па дури и на романската пропаганда. Ниту една од тие пропаганди не успеала да ги оствари своите политички цели.

Македонските интелектуалци почнале да истапуваат со национални барања за признавање на македонскиот народ како посебна нација на Балканот. Еден од барометрите на овие судири и политички активности и борби, во кои биле испреплетени европските и балканските интереси, покрај Солун, била и Битола.

Организираната национално-ослободителна борба на македонскиот народ, по созавањето на ТМОРО во 1893 година, зеал голем замав и во Битолско. Битола станала најважен центар на ТМОРО во западна Македонија. Битола и Битолско биле испреплетени со широка мрежа на организацијата. Во Битола многу чесето престојувале најисткнатите македонски револуционери и раководители на ТМОРО како: Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, а неколкупати и апостолот на македонската слобода и револуција, Гоце Делчев.

За време на Илинденското востание Битолско, особено потпелистерските села, зеле мсовно и организирано учество во борбата. Многу востанички чети и одреди на народната милиција биле формирани и дејствувале во овој крај. Многу села биле изгорени. Најпознати борби биле водени кај Ѓавато, Бистрица, Врањевци, Скочивир, Брод, Рибарци, Новаци и др. За одбележување се пелистерските битки на неколку востанички водени против турската војка и башибозукот над селото Цапари.

Во Младотурската револуција Битола и Битолско одиграле многу значајна улога. На 22 јули 1908 година 3.000 востаници во Битола ја презеле власта и воспоставиле младотурска управа. Битола и Битолско се нашле и во фокусот на Балканските војни. Во 1915 година Бугарија ја окупира цела Вардарска Македонија, вклучувајќи ја и Битола. Наредната, 1916 година, оваа окупација во Битола била сменета од силите на Антантата. Изложена на двегодишни бомбардирања Битола многу настрада.

По страдањето и големите урнатини за време на Првата светска војна, Битола се поредува со францускиот град Верден. ,,Убавиот град на конзулите” бил претворен во урнатини. Градошт што во првите години на ЏЏ век броел над 80.000 жители, според пописот од 1921 спаднал на 28.418 жители. Граничната пречка со јужните делови на Македонија и прекинувањето на врските со Солун катастрофалнос е одразиле врз стопанскиот живот во Битола.

Продолжува

1slav kat Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.