Среда, 11 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
МОНОГРАФИЈАТА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ ЗА ДОНАТОРОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ (5)

1dus121

Делото Петар Стаматов“ чии автори се Славе Николовски-Катин и внукот на Стаматов професор Методија Трајковски е едно од значајните изданија на Универзитетот „Свети Кирил и Методој“ (УКИМ), отпечатено во 2010 година на 192 страници, на македонски и на англиски јазик. Во ова издание се дадени животот и делото на донаторот Петар Стаматов и неговата сопруга Јажа, кои оставиле длабоки траги за студентите на Универзитетот во Скопје и воопшто за идните генерации во иселеништвото.

Животот на еден благороден иселеник од Македонија во Соединетите Американски Држави, како што бил Петар Стаматов, сместен во еден ограничен со податоци биографско-публицистички времеплов е своевидна сага за неговото опстојување. Монографијата за Петар Стаматов, со сета скромност, е лика и прилика за неговиот живот и за делото што тој го оставил вечно да се сеќаваат младите генерациите во Македонија.

Монографијата за Петар Стаматов и неговата Фондација „Петар Стаматоф“ се потпира на фактографија која извира од неговиот животен опус и од големото дело. Книгата е скромна слика за човекот кој поголемиот дел од животот го поминал во Чикаго, САД, и кој направил големо дело со формирањето на неговата Фондација, со цел да им помогне на младите македонски генерации - студенти. Меѓутоа, целосна претстава за него може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште - легендарното Смилево, потоа Битола, каде го поминал своето детство, и неговите две татковини – Маке-донија и САД.

Животната историја на Петар Стаматов е, истовремено, и скромен дел од историјата на неговото родно Смилево, на Македонците во дијаспората, а преку нив и на нивната татковина – Македонија. Тој ја основа  Фондацијата „Петар Стаматоф“ во 1988 година, по примерот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“, која е формирана во 1977 година.

Петар Стаматов, доблесниот донатор, ја напуштил својата родна земја – Македонија од економски причини, а спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на Петар Стаматов и другите донатори, како и сите Македонци ширум дијаспората, ја открива сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло сместена на балканските простори.

.

Со монографскиот труд за доблес-ниот иселеник Петар Стаматов, во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја. Тој е личност за почит и пример на кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Делото што го направиле Петар Стаматов и неговата сопруга Јажа, Американка од полско потекло, претставува убав пример и патоказ на еден честит, мешан  и благороден американски брачен пар, меѓу Македонец и Полјачка.

Инаку, роднините, соселаните и пријателите во Македонија, Петар Стаматов го викале Петре, додека неговото презиме Стаматов, со доаѓањето во новата земја, администрацијата во САД го завела како Стаматоф (со две ф), што е случај за сите славјански презимиња што завршуваат на „в“. Затоа и неговата донација при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје е регистрирана како Фондација „Петар Стаматоф“ во 1988 година.

На Илинден во Смилево се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат да се сретнат со своите роднини, пријатели, познати... Зашто на Илинден во Смилево се собира голем број смилевчани кои живеат надвор од татковината; иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји, смилевчани што живеат низ Македонија, гости и иселеници од другите села, туристи и голем број повратници од Демирхисарско и Битолско.

Доблесниот донатор Петар Стаматов, кој е роден во револуционерното село Смилево ја напуштил својата родна земја – Македонија од економски причини и заминал за Чикаго, меѓутоа, спомените, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле.

Селото Смилево е родното место на Петар Стаматов. Тоа за донаторот било и сон и јаве и желба и замаглена слика, и љубов и тага и минато и вечност. Затоа Смилево му било често во мислите и многупати го сонувал, но во исто време и се интересирал и читал за родното место

По угледот на најголемиот донатор во иселеништвото, Атанас Близнаков, со формирањето на својата Фондација „Петар Стаматоф“  бил убеден дека ќе даде драгоцен прилог и придонес за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а во исто време за македонската младина  и народ и за неговата родна земја - Македонија. Тој бил убедуван, по примерот на Атанас Близнаков дека неговото дело, во исто време ќе претставува поттик и инспирација за идните македонски генерации, особено во иселеништвото, а и пошироко во Македонија.

Петар Стаматов е човекот кој поголемиот дел од животот го поминал во Чикаго, САД, и кој направил големо дело со формирањето на неговата Фондација, со цел да им помогне на младите македонски генерации - студенти. Меѓутоа, целосна претстава за него може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште - легендарното Смилево, потоа Битола, каде го поминал своето детство и неговите две татковини – Македонија и САД.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.