Среда, 03 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
НОВ БРОЈ НА СТОМАТОЛОШКОТО СПИСАНИЕ „JAADE“

1jade

Во октомври 2021 година излезе од печат вториот број на стоматолошкото списание „JAADE“ „Списание  на Академијата за естетска стоматологија“ 

(Journal of the Academy of Aesthetic Dentistry Endomak), чиј  директор, основач и главен и одговорен уредник  е примариус д-р Коте Тасевски. Вториот број  е посветен на  Приватниот научен институт –„Академија за естетска стоматологија“  (прва во државава и во регионот), која е придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Вториот број на списанието „ЈААДЕ“ („Списание на Академијата за естетска стоматологија“)  е отпечатено на 64 страници А-4 на  кунзрук хартија во кое има голем број текстови од областа на стоматологијата проследени со бројни колор фотографии. На ова луксузно списание чиј издавач е „Академијата за естетска стоматологија“ од Скопје, директор, основач и главен и одговорен уредник е примариус  д-р Коте Тасевски, заменик на главниот уредник е Георги Барбаровски, а претседател на „IACD“ е проф.д-р Ана Миновска. .

Во списанието „ЈААДЕ“ примариус  д-р Коте Тасевски пишува дека „Академијата за естетска стоматологија“ има за цел значително да помогне на македонската стоматолошка наука и практика побргу да зајакнат, да имаат обединителна цел и да станат дел од врвните светски практики.  Со тоа на едно место ќе се собират најпознатите имиња на стоматолошките дисциплини и преку постојан едукативен процес ќе ги обучат сите оние кои се жедни за знаење и за напредување.

Според зборовите на примариус д-р Коте Тасевски списанието „JAADE“ излегува двојазично: на македонски и на англиски јазик, за порбгу да стаса до кредибилноста наречена „инпакт фактор“. Споделувајќи ги сознанијата на балканските стоматолози и разменувајќи ги истовремено со достигнувањата на западноевропските и на американските стоматолози, и практично, пред тоа да го направи македонската држава, тие ќе влезат во друштвото на земјите кон кои се стремат.

Инаку, за одбележување е дваесет и петгодишната работа и потрагата по законите на естетската убавина на насмевката на приватната здравствена установа „Поликлиника од примарна здравствена заштита ЕНДОМАК“ во Скопје и Струмица и „ ПЗУ Поликлиника од секундарно ниво ЕНДОМАК“ од Гевгелија.Тие  доведе да се биде пред портите на науката за обезбедување најнови информации за клиничките третмани, козметичките стоматолошки и заботехнички технологии и техники, и многу повеќе од водечките  стоматолози, забни техничари и специјалисти.

Водени од желбата да се создаде тим на најеминентните авторитети во домашната, европската и светската естетска стоматологија, со раѓањето на долго сонуваното стоматолошко стручно списание „JAADE“, чие име е составено од иницијалите во англиската верзија на „Списание на Академијата за естетска стоматологија“ (Journal of the Academy of Aesthetic Dentistry Endomak),  се отварат портите за презентација  и реализација на најсовремените и најнови научни достигнувања во таа област. 

Со тоа се сака да се потврди  аспирацијата: ова стручно списание, со објавувањето на оригинални стручни трудови од сите стоматолошки дисциплини да стане респектибилно, цитирано, преземано и пренесувано во светски списанија со инпакт фактор и да покаже и да докаже дека на овој дел од Балканот денес постојат стоматолози и забни техничари кои може рамноправно да се носат со врвните научни и практични достигнувања во светот.

Затоа споделувајќи го задоволството за тој успех, тимот на примариус д-р Коте Тасевски изразува надеж дека „Академијата за естетска стоматологија“ ќе биде  обединувачки фактор  меѓу науката и практиката што ќе резултира со унапредување на денталното здравје и дека набргу таа ќе прерасне во нова јатка каде што ќе се применуваат најсовремените техничко-технолошки методи во креирањето на совршена насмевка. 

Во воведот на овој број примариус д-р Коте Тасевски, меѓу другото, го пишува следното: Ако не сакате да ја пропуштите естетската револуција што се случува во светската стоматологија, ако се чувствувате стегнато и ограничено во едукацијата и практичната примена на технички-технолошките иновации во секојдневната работа со пациенти кои бараат многу повеќе од тоа што вие реално можете да им го дадете, ако имате порив, желба и уметничка жичка како стоматолог или забен техничар да се нурнете во богатството од можности што ги создава развиениот свет, тогаш пријавете се на магистерската програма од Приватниот научен институт - „Академија за естетска стоматологија“, која почнува есенва“.

Инаку, основен принцип на Академијата е да се промовира образованието. За таа цел Академијата постојано ќе организира курсеви, работилници, предавања, стручни презентации, состаноци на работни групи, семинари, индивидуално усовршување, консултации, печатени, видео и комјутерски потпомогнати начини на образување, како и други облици на пренесување на знаење, вештини и информации.

1jade2

Програма на Академијата нуди напредна академска обука во областа на естетската стоматологија со мултидисциплинарен фокус и е посветена на унапредување и имплементирање на научните сознанија и практики во стоматологијата, промовирање совршеност во уметноста и науката и поттикнување на највисоки стандарди на етичко однесување и одговорна грижа за пациентот од естетските стоматолози.

Преку програмата на Академијата  стоматологот се запознава со принципите на естетската стоматологија и важноста на интердисциплинарниот пристап во  постигнувањето оптимални резултати, фокусирајќи се на минимално инвазивната стоматологија како основна премиса

Според пишувњето на примариус  д-р Коте Тасевски, посебен акцент ќе биде ставен на дијагнозата и планот за лекување, потпомогнати од програмата за дизајнирање на насмевката. Со познавање на лабораториските процедури, ќе може да се разберат различните тестови кои треба да се направат, како и важноста на правилната комуникација помеѓу лабораторискиот техничар и клиничарот.

Во текот на оваа програма ќе се изучуваат различни материјали и реставративни техники, кои ќе бидат дел од третманот за подобрување на насмевката, односно: примена на белење и контурирање на забите, поставување естетски композитни пломби, порцелански ламинати, коронки, мостови, импланти, третман на гингивалното ткиво и други постапки и техники кои се користат во естетската стоматологија.

Програмата се реализира преку комбинација на предавања чекор-по-чекор, презентации на случаи на пациенти, интерактивни семинари, практична обука во лаборатории и клиники во мали групи, интерактивни студии на случаи, вежби за планирање на третман и видео демонстрации на клинички процедури и компилација на учебници и литература во електронски формат.  Вклучени се и дополнителни дисциплини, како што се економијата, етиката и психологијата, кои ќе помогнат во проширувањето и зајакнувањето на нивната експертиза, истовремено подобрувајќи ги нивните комуникациски вештини потребни за интеракција со пациентите и со колегите.

Програмата се состои од 6 задолжителни и два изборни предмети во вредност од по 30 кредити со вклучен магистерски труд. По успешно завршување на 60 кредити, на дипломираните студенти ќе им биде доделена академска титула „Магистер по естетска стоматологија“ (во меѓународен промет академски назив) „Master of science in dentistry: module master of aesthetic dentistry“, како и „Додаток на дипломата“:(Diploma supplement).

Во содржината на списанието „ЈААДЕ“, меѓу другото, се застапени следните научни трудови: „Едногодишни магистерски студии по естетска хирургија“ „Специјална интеракција и психологија на насмевката во естетската стоматологија“ од м-р д-р Томе Тасевски; „Влијанието на композитни цементи врз фибергласните копчиња во коренскиот канал“ од проф.д-р Саша Станковиќ и доцент м-р Мирјана Бошковиќ; „Порцелански фасети во дигиталното време“ од д-р Росен Венелинов и Костадин Господинов и „Своиства и клинички апликации на бифазен калциоум сулфат“ од проф.д-р Амос Јахав.  

1katin-slave Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

Историја

News image

Водици или Богојавление

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јо...

Иселеници

News image

„НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА 2022 ГОДИНА“ НА ОМД ОД ВАШИНГТОН ЗА СЛАВЕ КАТИН

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета...

Култура и туризам

News image

ПОЕТСКИ МОЗАИК од поетесата Гордана Димовска како мост за спојување на далечините просторни и бележење на времињата

Поетесата Гордана Димовска својата видлива линија на заинтересирано премостување на далечните прос...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојн...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.