Среда, 25 Август 2021    PDF Печати Е-пошта
„АНГЛИСКО-МАКЕДОНИОТ ВЕТЕРИНАРЕН РЕЧНИК“ – ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО ВЕТЕРИНАРНАТА НАУКА (10)

1ovc12

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

Подготовката на Англиско-македонски ветеринарен речник“,е во коавторство на Славе Катин со професорите м-р Илинка Дракулевска - Гру­бо­виќ и д-р Нико­ла Јордановски. Во овој речник, кој е прва публикација од ваков вид кај нас, собрани се околу 15.000 зборови кои се употребуваат во вете­ри­нарската стручна литература. Рецензенти на ова дело се: Д-р Цветан Мицевски, д-р Михаило Зориќ и д-р Зозо Мургоски

Станува збор за термини од ветерината, сточарството, земјоделието и другите сродни науки, со акцент на ана­то­мијата и физиологијата на домашните животни и заштитата, од­гле­­ду­ва­њето, производството, преработката на сточарските производи, репро­дукцијата и исхраната на добитокот, прерабоката на млекото, ме­со­то и други производи, како и термини од механизацијата во ветерината, земјоделието и сточарството, се вели во предговорот на овој речник, од неговите автори. 

Се знае дека  англискиот јазик зафаќа големо просторно подрачје и на него е напишан најголем број стручна и научна литература. Таков е случајот со бројни списанија и разновидни научни и стручни публикации од областа на ветерината, земјоделството и исхраната. Тој е еден од најзначајните јазици во светот. Англискиот јазик е јазикот на науката, техниката, кореспонденцијата, уметноста, бизнисот.

Во последно време во светот бројни научни и стручни дисциплини се развиле во таа мерка што обичните двојазични реченици не можат да ги задоволат нивните потреби. Затоа, речиси во сите земји се печатат посебни двојазични стручни и научни речници и друг вид литература од многубројни научни дисциплини. Во нашата земја, пак, на стручњаците од областа на ветерината и на сродните науки и служби им недостига речник кој ќе им ја олесни работата, пред се, во следењето на литературата и комуницирањето на англиски јазик.

Затоа, овој „Англиско - македонски ветеринарен речник“ е подготвен со цел да пополни една празнина во областа на лексикологијата на ветеринарната наука и да биде помагало на студентите по ветерина и на научните и стручни работници коишто го употребуваат англискиот јазик во областа на ветерината и другите сродни научни дисциплини. Во исто време, речникот може да биде користен во многу домови како потсетник, прирачник и помагало, бидејќи во него се застапени зборови, изрази, термини и поими сврзани со ветеринарната струка и другите блиски науки и области на англиски и на македонски јазик. 

„Англиско - македонски ветеринарен речник“, кој е прва публикација од ваков вид кај нас, собрани се околу 15.000 зборови кои се употребуваат во ветеринарската стручна литература. Во него се поместени термини од ветерината, сточарството, земјоделието и другите сродни науки, со акцент на анатомијата, физиологијата на домашните животни, заштитата, одгледувањето, производството, преработката на сточните производи, репродукцијата и исхраната на добитокот, преработката на млекото, месото и други производи, како и термини од механизацијата во ветерината, земјоделието и сточарството. Исто така, во речникот се собрани и термини од паразитологијата, ентомологијата, фитопатологијата, пчеларството, ловот и риболовот.

На промоцијата на Речникот во Клубот на новинарите, рецен­зен­тите д-р Михајло Зориќ и д-р Зозе Мургоски, истакнаа дека оваа зна­чајна публикација на Илинка Грубовиќ, Славе Николовски - Катин и Ни­кола Јордановски, е резултат на нивната долгогодишна практика во пре­ве­ду­вачката, научно-стручната и публицистичката дејност, која тие ја оствару­ваат во земјата и странство. Она што е значајно, е фактот дека овој Англи­ско-македонски ветеринарен речник, во издание на ре­но­ми­раниот из­давач „Матица македонска“, е единствен во македонската ве­те­ринарна лексикографија, очекуван од многу стручни и научни ин­сти­ту­ции и поединци.

„Со оглед дека англиското јазично подрачје е едно од најголе­ми­те во светот, разбирливо е што и користената литература е од тоа под­рачје. Речникот ќе им биде значајно помагало на оние кои се за­ни­ма­ваат со двојазична лексикографија за изнаоѓање на семантички ек­ви­ва­лен­ти во македонскиот јазик,“ итакна д-р Зозе Мирговски, професор на Фи­ло­лош­киот факултет, на промоцијата на ова дело. 

Затоа и „Англиско-македонски ветеринарен речник“,во коавторство на Славе Катин со професорите м-р Илинка Дракулевска - Гру­бо­виќ и д-р Нико­ла Јордановски претставува значаен придонес во областа на ветерината, третирајки зборови, изрази и термини кои се употребуваат во англискиот јазик, да бидат достапни на македонски јазик.

Речникот е подготвен е со цел да пополни празнина во областа на ветеринарната  терминологија и да им помога на студентите и на научните работници кои користат англиски јазик во оваа област и други природни науки. Покрај тоа, речникот може да биде корисен во многу македонски и други домови како потсетник, прирачник и јазично помагало.

Продолжува

1Dusan RistevskiДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

23 октомври - Ден на македонската револуционерна борба

23.октомври 1893 -  Во Солун е основана  Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Ор...

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.