Среда, 21 Јули 2021    PDF Печати Е-пошта
РУСИНОВО – МАКЕДОНСКА НАСЕЛБА СО СЕЛСКИ И ГРАДСКИ БЕЛЕЗИ (15)

1rus1

Обично се вели дека никогаш не е доволно само да се пишува и преку слики да се пренесува она што единствено е потребно да се види, да се доживее, да се почувствува. Затоа и јас тргнав за Русиново заедно со Благој Механџиски, со цел да ја почувствуваме земската убавина, онаа која може да го исполни сечие срце, да допре до сечија душа, и да го обземе со мир и спокој секој намерник и вљубеник во исконското, природното, посебното...

Тоа може да се доживее во убавото Русиново, каде дарежливоста на природата го тера посетителот да го доживее рајот на Земјата, да се пронајде себеси. Тоа го прави синото небо и земјата со исконска убавина на Русиново.

Македонската „Мала Швајцарија“, како што не случајно, а често ја нарекуваат Малешевска Котлина, а со тоа и Русиново кое е вгнездено во  источниот дел од Македонија, во подножјето на Малешевските Планини. Токму таму природата истурила едно чудо благодети и природни убавини од кои застанува здивот. Богатство од борови, дабови и од букови шуми, чиста вода, безброј цвеќиња и лековити чаеви, го прават Малеш и Русиново место со една од најголемите концентрации на кислород во воздухот на подрачјето на целиот Балкан.

Поради тоа се вели дека во овој крај нема анемични луѓе. За само една недела, секој што има среќа да го вдишува малешевскиот  воздух  може да ги удвои црвените крвни зрнца. За пушачите, пак, во шега се вели дека во Малеш  веднаш би требало да се воведат казнени такси. За разлика од летувањето на море кое, за жал, со себе го носи ризикот од штетното дејство на сончевите зраци, летувањето во Малеш знае да биде многу корисно и продуктивно, дури и за тие со најлоша дијагноза. Природните убавини ја враќаат физичката сила, а манастирите и црквите лоцирани во Малешевијата помагаат секој да си го најдете душевниот мир.

Русиново со своите 2095 жители (според пописот во 2002 година), од кои има многу невработени, е најголемо село во Општина Берово. Често за ова малешевско село, со право, се вели дека е ни село ни град, или населба со селско-градски белези. Тоа припаѓа во таканаречениот Источен регион, во Малешевската Котлина којашто од сите страни е заградена со планини.. Населението во село Русиново претежно се занимава со земјоделство, сточарство, овоштарство и шумарство.

1rus12Црквата во Русиново

Тоа не е познато само по убиството на големиот војвода Даме Груев на Петлец, туку тоа спаѓа меѓу најреволуционерните села во етничка Македонија. Во Русиново се родил Никола Петров Русински (21.XI1875 – 14.VI1943), македонски социјалист, револуционер, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание, близок пријател со Гоце Делчев и Васил Главинов и автор на делото „Придонесот кон историјата на Внатрешната македонско- одринска револуционерна организација - за времето од 1900 до 1903“, објавена во Софија, во 1936 година.

Исто така, во Русиново е роден и Иван Белчев ( 1867 – 24.I1.1921), кој влегол во ВМОРО и станал селски војвода. Учествувал со контроверзна улога во борбата во која во Русиново, на Петлец загинал Даме Груев.  Тој бил учесник во балканските војни  како доброволец во Македонско-одринското востание  и служел во Кукушката дружина. Бил убиен  во 1921 година од српските власти. 

Исто така, Русиново и русинци имаат значаен удел во Народно-слободителната борба на Македонија. Поради зачестените диверзантски акции на русинци во текот на 1944 година, на 8 октомври една германска казнена колона започнала артилериски напад врз селото и под оган се нашле околу 150 куќи. Населението успеало да побегне во блиската шума, но речиси половина од куќите биле изгорени. По извршената казнена задача германската колона се повлекла кон Смојмирово. По неколку дена бегалците се вратиле за да спасат што можело да се спаси од огнената стихија, а по ослободувањето започнала изградбата на сè што било разурнато.

Првото слободно утро во Берово и Русиново осамнало на 23 август 1944 година, кога се развило знамето на слободата и се означил крајот на вековното ропство и почетокот на новиот слободен развој на Република Македонија, а во тие рамки и на Малешевијата.  Духот на Илинден продолжил и во славната Народно-ослободителна борба. За делото на револуцијата своите животи ги вградиле многу синови и ќерки на овој убав македонски крај, меѓу кои и поетот револуционер и народен херој Ацо Караманов од Радовиш.

При нашата посета на Русиново бевме информирани дека печалбарството како појава во Малешевијата е позната од крајот на XIX век. Тогаш русинци оделе на печалба по манастирите во Света Гора. Меѓутоа, печалбарството од Малешевијата, а со тоа и од Русиново продолжило и по балканските и по Првата светска војна достигнувајќи кулминација по Втората светска војна. Голем број русинци како печалбари или иселеници живееле надвор од Македонија. Но, од втората половина на минатиот век, русинци ги има најмногу во Германија, а ги има  и во повеќе земји од Европската унија, во Северна Америка, Австралија и во други земји.

Печалбарството во Малешевијата, како и во цела Македонија оставило многу траги и животни стории кои зборуваат за тагата на разделбата, за неостварените желби, за тешкиот живот, зборуваат за неизносените невестински руби и за детството без родителска љубов. Така, се јавуваат места на разделби на штотуку мажените невести, на родителите од синовите, на децата од родителите. Тоа се места оплакани со солзи, места на тажни збогувања, мечти, ветувања, аманети…

Русиново и сите населени места во Источна Македонија и под Пирин, во празнично руво се накитени во текот на месеците јули и август. Затоа што тогаш Малеш, тој живописен крај широко ги отвора портите за печалбарите да се вратат во своето родно место, на своето прадедовско огниште. Голем број од тие „талкачи по светот” доаѓаат да се видат со своите најблиски, да го празнуваат Илинден и да присуствуваат на манифестацијата „Илинденски средби“, што се одржува на 2 Август во Русиново.

Исто така, при нашата посета ни беше речено дека колибарењето во Русиново е посебен феномен, кој во Малешевијата се должи од потребата земјоделците да го зголемат фондот на обработливото земјиште надвор од рамничарскиот дел. Колибите кои се граделе од цврст материјал, се обиколени со плевни, кошари, фурни за печење леб и задолжително со извор за вода. Во колибите се престојувало во текот на целата година. Лете тука обично биле сите возрасни работоспособни членови на семејството, а зиме останувале постари луѓе кои ја чувале и ја хранеле стоката и ги објагнувале овците. Преку лето овците се терале на пасење.

 Истите, обично, се групирале во стада (булуци). Тие се молзеле во одредено време, а од млекото се правело сирење и урда. Се организирало и стрижење на овците, т.н. стриг, што претставувало мала свеченост. Вакви традиционални бачила сè уште се среќаваат по Малешевските Планини, а неколкуте маркирани пешачки патеки на територијата на општината водат до некои од бачилата кои се посебна атракција за посетителите.

Русиново не поседува ниту една фабрика или погон за производство. Населението претежно се занимава со земјоделство, сточарство, овоштарство и диво сечење на шума (котробан). Од земјоделските производи најмногу се произведува компир, пченица, ΄рж, пченка, кромид и др. Како најпознат производ при занимавањето со сточарство е производството на најубавото малешевско овчо сирење.

А од овоштарството тука се раѓаат најпознатите и најквалитетни модри сливи (стенлеи). Покрај ова жителите се занимаваат со изработка на ракотворби (јамболии, килими, ткаени черги, платна астарки, шлајфери, чоја – шајак, брдници и други предмети) од локален материјал, со разбои кои се прават во селото (хоризонтален самоделски разбој и опрема, изработени од локално дрво). Во селото Русиново на лице место може да се види традиционалниот начин на ткаење.

1rus13Родителите на Благој Ханџиски

Така, повеќе од двесте жени од Русиново се активни ткајачки. Ги зачувале и ги обновиле разбоите од своите мајки, баби и прабаби и ја продолжуваат вековната традиција во ова убаво планинско село. Главно, работат за потребите на своите семејства, но се обидуваат ткајачката дејност и да ја комерцијализираат, со што ќе обезбедат некој денар повеќе во овие сиромашни времиња. 

Се уверивме дека русинци роизведуваат широк асортиман. Меѓу другото, ткаат килими, јамболии, чаршафи за маси, прекривки за кревети, асталски и кујнски крпи, разни видови торби и ранци, а во последно време многу често ткаат и черги од партали, за кои користат памучен конфекциски отпаден материјал. Дополнителна дејност им е плетењето и везењето. Произведуваат џемпери, елеци, волнени хеланки, чорапи, мести, милјеа, таписерии... Дизајнот го прават сами или го користат оној од нивните баби и прабаби. 

Нивната работата е макотрпна, но ја работат со љубов. За да се направи еден квалитетен килим потребна е работа од речиси еден месец. Прво волната се пере, па се влачи, се преде и бојадисува, а ткаењето доаѓа дури на крајот.

Во 2005 година ткајачките од Русиново, формираа здружение на граѓани за локален развој на Малешевијата под името „Ракотворби“. Преку него настапуваат на саемот „Малешевијата на дланка“ и организираат продажна изложба во скопската галерија „Точка“. Таму продаваат многу нивни производи, за кои се заинтересирани бројни видни жени на општественици, дипломати и други. Исто така,  жените од Русиново се среќни што ткајачкиот занает од нив го прифаќаат нивните ќерки и внуки. Велат, некои од љубов и желба да се продолжат вековните традиции, а други за да заработат некој денар. Во секој случај, разбоите уште долго ќе ткаат во Русиново.

Затоа, при оваа прилика треба да се нагласи дека традицијата е сила која поврзува, таа е немир кој останува и историја на душата, таа е она што ги прави луѓето единствени. Таква една организација која работи успешно, а членовите освен уживањето во своето хоби пронаоѓаат и економски интерес е „Ракотворби“ од  Русиново.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.