Среда, 30 Јуни 2021    Печати
„МАКЕДОНСКИ ХОЛОКАУСТ“ - ПРВО ДЕЛО ПОСВЕТЕНО НА МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (3)

1del1

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

Публикацијата„Македонски холокауст“е дело на  НИО „Студентски збор“ од Скопје, отпечатено во  1990, на 236 страници, на македонски јазик, чиј рецензенти се Живко Василевски и Христо Андоновски, а корицата ја дизајнираше академскиот сликар Ѓорѓи Даневски. Таа претставува значаен придонес во натамошното проширување на сознанијата за драмата на македонскиот народ и за нејзините режисери, кои што со невидена упорност ја продолжуваа со години, децении и векови и сé уште упорно ја продолжуваат и се надеваат до конечното искоренување на Македонците од нивниот дел на Балканот.

Славе Николовски-Катини започна да пишува за македонското иселеништво од првото дело насловено „Македонски холокауст“,публикација која го претставува значајниот придонес во натамошното проширување на сознанијата за драмата на македонскиот народ во дијаспората..

Делото „Македонски холокауст“ непосредно и аргументирано ги прикажува животните судбини на Македонците. Во секој презентиран текст читателот го чувствува присуството „на последное целивание“ на Македонецот со родната грутка, со најблиските во родниот крај и со гробовите на починатите, што завршува со солзи на очите.

Никој од насилно отселените од родниот праг не верувал нити пак ќе поверува дека латинската поговорка: „Ibi bene ibi patria“ (Таму каде што ти е убаво, таму ти е и татковината) претставува вистина. Затоа и за на век вака ќе се одгласуваат како вистина испеаните песни: „Бог да бие кој прв спомна Америка“, „Туѓината пуста да остане“ и други македонски песни.

На промоцијата на првото дело на Славе Катин „Македонски холокауст“,  во Клубот на новинарите на Ма­ке­донија, Живко Василевски, претседател на Културно-про­свет­ниот со­бор на Собранието на Република Македонија, а потоа и прет­се­да­­тел на Матицата на иселениците од Македонија, истакна дека во сегашниот миг на разгорени страсти за господарење со средиштето на Балканот, а и во иднина, ова дело на Катин ќе претставува значајна и своевидна документација за одбраната на националното битие на Македонецот, но и аргументација за проширување на сознанијата на општествено-политичката, кул­тур­ната и научната јавност во светот за македонскиот дел на Балканот.

Исто така, тој рече дека делото на Славе Катин „Македонски холокауст“,  е по­све­тено, главно, на иселеништвото, при што овој истакнат македонски општествен и кул­турен работник ќе реќе: „Тоа претставува значаен придонес во натамошното проширување на созна­нијата за драмата на македонскиот народ и за нејзините режисери, кои што со невидена упорност ја продолжуваат со години, децении и векови и се’ уште упорно ја продолжуваат и се надеваат на конечното иско­ре­ну­вање на Македонците од нивниот дел на Балканот. 

Македонија, таа срцевина на Балканот, од искона била и ќе биде крстосница на најзначајните магистрали меѓу Северна и Средна Европа, од една, и Медитеранот и Блискиот Исток, од друга страна. Преку овие магистрали постојано се движеле цивилизациите од Север кон Југ и од Југ кон Север и секоја зад себе оставила траги од својата материјална кул­тура. Веројатно оваа вистина за Македонија била и мотив „железниот“ канцелар Бизмарк, кон крајот на XIX век да ја изговори познатата син­тагма: „Оној што владее со долината на Вардар, владее и со Балканот“. 

Во ова дело Славе Катин ги дава сведоштвата за Лерин, Желево, Габреш, К'басница, Воден, за Љубојно, Брај­чино, Велгошти, Вевчани, за Мелник, Петрич и Сандански, за Мала Преспа и преселбите и разделбите на Македонците и за нивниот не­пребол кон родната грутка. Во фокусот на неговото внимание се исе­ле­ниците, кои се потврдуваат како мошне значаен фактор во борбата на Македонецот за својата национална легитимација, или поточно за својот јазик и култура, колку слични, толку и различни од историјата, јазикот и културата на другите словенски народи“.

Во рамките на овие и вакви ангажирања на аспирантите за вла­деење со Балканот, станува сосема разбирлива и вистината за една тре­ти­на од отселените Македонци од својата родна грутка во преку­мор­ските земји. Оваа судбина е карактеристична и за народот од Израел и за Ерменците. Во „Македонскиот холокауст“ Славе Катин непосредно и аргу­мен­тирано ги прикажува животните судбини на Македонците.

Ова дело на Катин прет­ста­­вуваат илустративен пример за современиот миг на македонскиот држа­вен и политички однос кон нашите иселеници и нивните културни, црков­ни и спортски друштва, клубови и други асоцијации. Однос што отвора нови можности, содржини и перспективи за градење поблиски односи и врски со македонското иселеништво, по примерот на Италија, Грција, Полска, Германија, Хр­ватска и други земји. Колку ќе се успее во тоа, ќе покаже иднината. 

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ МАКЕДОН 

Продолжува