Среда, 09 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
БЕРОВО – МАКЕДОНСКА ЕКОЛОШКА ОАЗА ДЕЛ II (9)

1oaz123

Берово, во кое бизнисменот Благој Механџиски, познат таму како Бари или Зегин, минал дел од младите години, а и денес навраќа како викендаш во својот прекрасен апартман на излезот од Берово кон Беровското Езеро, е град со најмногу цркви по бројот на жители. За секоја црква има напишано легенда.

Општината Берово има богато културно наследство. Најдобро зачувани споменици на културата во Малешевијата се старите, реновирани или обновени цркви во населбите. Ги има речиси во сите населени места, се разбира, со различна историска и културно - уметничка вредност. Некои од нив се со прекрасни иконостаси, изработени од вредните мајсторски раце, украсени со оригинални и уметнички вредни икони.

Според пишаните документи на педантните аналитичари во Општината Берово има четири цркви, две капелни цркви и една црквичка во месноста Туртела. Најстара од четирите цркви e манастирската, која сe наоѓа во комплексот „Свeти Архангел Михаил“. Потоа, во крајниот горен дел на градот се наоѓа црквата „Света Богородица“, а во центарот постои, исто така, убава црква која го носи името „Света Богородица“.

Во сосема крајниот северен дел на градот, кај градските гробишта се наоѓа црквата „Свети Тодор“, а двете капелни црквички се наоѓаат, исто така, во крајниот југоисточен дел на Берово и тоа „Свети Ѓорѓи“ и „Света Богородица“. Во 2013 година е поставен камен-темелник на црквата „Свети Гаврил Лесновски“. 

Најпознат духовен храм во Берово е, секако, манастирот „Свети Архангел Михаил“ кој е изграден во 1818 година. Со неговата изградба е поврзана и една од најинтересните приказни од овој крај. Имено, за изградба на црквата, што се наоѓа во рамките на сегашниот манастирски комплекс, тогашниот турски валија поставил три услови. Црквата да не биде повисока од патот кој минува покрај неа, да се изгради во одреден рок, а по завршувањето на градбата, најмладата ќерка на свештеникот да стане дел од неговиот харем.

1oaz1234Поглед кон Беровското Езеро

Според раскажувањето на свештениците ова не се исполнило, бидејќи ќерката на попот побегнала во Ќустендил.  Кога по шест-седум месеци комитите го убиле валијата, таа се вратила во Берово и се омажила во едно од тогаш најпознатите семејства во градот.

Токму од две наследнички од семејството на нејзината постара сестра, 20-тина години подоцна е основано и монашко сестринство кое, оттогаш, без прекин, односно од 1840 година, па до денес, не згаснало во ниту еден момент. Во својот најголем подем манастирот броел и до 60 монахињи, но денеска таму живеат само неколку.

Стилот во кој е изградена црквата, како и широките чардаци и конаци ѕидани од камен се автентичен пример за македонската архитектура од XIX век. Македонските резбари го оставиле својот печат на дрвените тавани, на чардаците и на дрвените столбови од отворениот трем на црквата.

Во манастирот активно работи иконописната школа, односно сестринството во овој манастир изработува икони во византиски стил и одржува летна школа со часови по иконопис за заинтересираните посетители кои последните неколку години доаѓаат од Холандија. Веднаш до манастирот се наоѓа и прекрасниот хотелски комплекс „Манастир“ изграден во духот на традиционалната манастирска архитектура поради која одлично се вклопува во околината.

Во текот на нашиот престој ја посетивме црквата „Пресвета Богородица“, која се наоѓа на периферијата на градот, а веднаш до неа е и машкиот манастир.. Црквата е изградена во периодот од 1972 до 1975 година, во стилот на византиско-македонските цркви од средниот век, чиј иконописец беше академскиот сликар Ѓорѓи Даневски од Виница.

 На тоа место во минатото постоела друга црква. Инаку, токму тука, на празникот Голема Богородица, на 28 август, секоја година Берово е домаќин на славата што се прославува во манастирот „Пресвета Богородица“.

Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ е еден од препознатливите белези на Берово и центар на збиднувањата за жителите и за посетителите. Во 2002 година, од Водочкиот манастир тука се доселило тричлено братство. Така, за првпат во Берово беа ставени почетоците на машкото монаштво. Самиот локалитет има посебно значење за беровци, како место на поклонение и молитвено почитување на Пресвета Богородица.

1oaz1235Дел од туристичко Берово

Малешевијата е препознатлив и по локалитетот Беровско Езеро кој се наоѓа на 6 километри по патот за граничниот премин Клепало. Браната е изградена во 1970 година со височина од 60 метри и е една од најголемите брани во Република Македонија. Бреговите на езерото се со бујна борова и листопадна шума.

На зарамнините се протегаат терени со разнобојни цвеќиња, шумски плодови и прекрасни миризливи чаеви. За надополнување на времето за простор и рекреација во езерото постои и можност за спортски риболов. Покрај езерото има изградено хотели, ресторани, бунгалови, детско одморалиште, голем број вили, прекрасни терени за излет, рекреација и разни  спортови.

Абланица, пак, е туристичка населба распространета на двете страни на реката Брегалница, а се наоѓа на два километра од Берово. Ова е местото со најмногу и со најатрактивни археолошки локалитети. Во рамките на населбата има околу сто и триесетина викенд-куќи, а дел од нив им се изнајмуваат на туристите. Таму се наоѓа и црквата „Света Петка“ со фрескопис и со иконостас изработен од локалните уметници.

Туристичката населба Суви Лаки, пак, е урбанизирана во 1978 година а се наоѓа на 25 километри од Берово, по патот за Струмица. Во моментот таму се наоѓаат околу 450 викенд - куќи, 2 детски одморалишта и предвидена е можност за градба на уште стотина викенд и комерцијални објекти.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

 

 

 

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.