Среда, 17 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
ПРВА ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД КАРОЛИНА РИСТЕСКА

1kar123

Деновиве во издание на „2 Август“ од Штип излезе од печат збирката поезија „Вечна љубов“ од поетесата Каролина Ристеска. Тоа е нејзина прва збирка.  Каролина Ристеска е позната во јавноста, посебно среде македонската дијаспора, по својата интензивна активност во промовирањето податоци за македонската историја и култура, како  во социјалните мрежи, така и во некои електронски портали. Меѓутоа, Каролина Ристеска уште од раната младост, па до денес, се занимава и со поетско творештво, кое со оваа збирка, почнува посериозно да се експонира пред пошироката јавност.         

Во поетската збирка првенец под наслов „Вечна љубов“ поетесата Каролина Ристеска ни се претставува со вкупно педесет и шест песни, поделени во два циклуса, на кои љубовта им е заедничка компонента. Во првиот циклус (што се состои од  четириесет и една песна) содржински главно доминира љубовта кон спротивниот пол, а во петнаесетте песни од вториот циклус опеана е љубовта кон Македонија, т.е. нејзината историја и сегашност.

          Во својот осврт кон песните на Ристеска, писателот Александар Донски ќе запише:

          „Стилот на Ристеска во првиот циклус опфаќа дијапазон што се протега од поедноставни поетски артикулации, па сѐ до мистично луцидни експресии во дескрипцијата на различните аспекти и сегменти на персонификацијата на љубовта. Иако во овој циклус доминира љубовта кон спротивниот пол, поетесата Каролина Ристеска не ја одминала ни љубовта кон мајката и семејството. Присутни се и одите посветени на жената и на мажот, а посебно импресивна е песната „Птица“, посветена на птицата во која  симболичната персонификација претставена како птица, која стои на работ од гребенот, е обвиена во мистичен облак низ кој само делумно се наѕира нејзината суштина, препуштајќи му на имагинацијата на самиот читател да протолкува дали птицата во оваа песна ја симболизира љубовта или можеби е симбол на слободата или можеби на нешто сосема трето?

          Еј, птицо,

          што стоиш на гребенот стрмен.

          Не се плашиш ли и ти од него?

          Не знаеш ли за бездната долу

          што проголта илјадници како тебе?

          Во некои песни од овој циклус, поетесата Каролина Ристеска низ стиховите реди последователни слики преку кои умешно и успешно го доловува мотивот, субјектот на кој е посветена песната.

          Метафорично-симболичното и сеопфатно опејување на чувствата поврзани со љубовта (невозвратената љубов, копнежот по саканата личност, разделбата на вљубените, но и заедничката среќа и сл.) се најчестиот нуклеус на најголем дел од песните во овој циклус. Овде се лоцирани и најубавите песни од збирката преку кои Каролина Ристеска се претставува како  сериозна зрела поетеса.

          Во циклусот патриотски песни, Ристеска се концентрира како на природната и вродена љубов кон татковината Македонија, така и кон опејување на истакнати личности од македонската историја (Александар Трети Велики Македонски, свети Наум, цар Самоил, Гоце Делчев, јасновитката баба Ванѓа, но и на личности од нашата современост). Историските податоци овде се презентирани, а воедно  и испреплетени низ лирско-емотивна, на моменти и романтична, интерпретација. Во стиховите не изостанува ни загриженоста и тагата по сето она што се случува во Македонија

          Во стиховите не е одбегната ни носталгијата, непрежаленото детство во стариот крај, преку потенцирање на дамнешни сегменти кои тогаш и таму ги имало, а денес во новата татковина не постојат во секојдневниот живот, но останале заробени на посебен пиедестал во сеќавањето на поетесата, нераскинливо врзани со татковината Македонија.

          Да заклучиме дека пред нас се наоѓа збирка поезија чие читање без сомнение ќе претставува вистинско задоволство кај љубителите на добрата поезија“.

          Инаку, Каролина Ристеска е родена на 30 јули 1973 година во Скопје, Македонија. Основно образование завршила во ОУ „Вера Јоциќ“, а средно во ПТТ „Владо Тасевски“. Како првенец на генерацијата Каролина е мотивирана да го продолжи образовниот процес. По две години на Правниот факултет запишана како вонреден студент одлучува да го напушти и да се запише на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломира и се здобива со диплома за професор по одделенска настава. Работи како учителка неколку години, а во 2008 година заминува со фамилијата на печалба во Саудиска Арабија. Од 2016 година со семејството живее во Торонто, Канада. 

            Љубовта кон пишаниот збор Каролина ја стекнува уште во својата рана младост од нејзината мајка која исто така пишувала поезија. Талентот и љубовта кон пишувањето секогаш биле наградувани од нејзината наставничка по македонски јазик. Учествувала на литературни натпревари, литературни читања, приредби и драмски секции. Пишувала и уредувала ударнички (бригадирски) весник во летото 1988 година во Жужемберг, Словенија. Во 2003 година добива награда за поемата „Прости ѝ“  на конкурсот организиран од редакцијата на Првата програма на Македонската телевизија (МРТВ1) со учество во емисија за литературно читање. Во 2013 година била иницијатор и еден од организаторите на културната манифестација „Роденденот на цар Александар Трети Македонски“. Денес Каролина пишува за весникот „Македонија“ од Торонто, активно соработува со македонските цркви во Торонто, а свои текстови објавува и во електронското списание „Македонска нација“. Каролина е член на литературното друштво "Браќа Миладиновци" при Црквата "Свети Климент Охридски" од Торонто, Канада.

            Нејзините амбиции кон пишувањето на поетски, прозни, историски и новинарски текстови не престанале да постојат до ден денес.

Македонска НАЦИЈА

 

На прво место

News image

СДСМ е истото старо транзиционо лице

Лукаревска која ги штити фирмите на Заеви, Николовски кој наместо криминал брка путер и Филипче ...

Историја

News image

Македонското знаме во традиционалната црвено жолта боја

  Традиционалната црвено-жолта боја постојано се сретнува во македонските симболи. По завршу...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ОБРАЗОВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ КАДРИ ОД ЉУБОЈНО - ДЕЛ I (7)

За Љубојно се карактеристични едукативните процеси. Тоа ...

Култура и туризам

News image

На Каменот од Розета карактеристики на битолскиот говор

И античките Македонци, како битолчани денес, не ги членувале именките со гласот „т“ на крајот. Ова г...

Фељтон

News image

ШТО ПИШУВААТ ИСТОРИЧАРИТЕ НА ДЕЛА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (10)

Главната цел на делото (книгата “Венети, Првите градители на Европската заедница”)...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.