Четврток, 06 Мај 2021    Печати
Денеска е Св. великомаченик Георгиј - Ѓурѓовден

Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем предхристијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден па и во народната пена се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.

Дај море Ѓурѓе, млад Ѓурѓе,
да кој ти рече да доеш?
Мене ми рече Велигден,
Велигден со све Ѓурѓовден,
со шума трева пред него,
со солунците по него...