Среда, 01 Јануари 2020    Печати
Новогодишен времеплов: поезијата на МАРИЈА КУКУБАЈСКА

bbb1

Новогодишен времеплов: поезијата на МАРИЈА КУКУБАЈСКА

1984-5 година, Марија Кукубајска, претставник од Република Македонија, во изборот на најуспешни југословенски млади уметници на годината

Во новогодишниот број на водечкиот дневен весник во СФР Југославија, Политика, во рубриката Била је то њихова година, од 31 декември 1984, 1-2 јануари 1985 година, бр. 25590,  објавен е медиумски извештај за најуспешните млади уметници од сите југословенски републики.

Марија Кукубајска е избрана за најплоден културен и научен работник од Република Македонија, покрај другите југословенски уметници: Борис Заплатил, сликар; Милан Николиќ, режисер; Златко Паниќ, балетски виртуоз; Јелена Ленголд, поетеса; Соња Савиќ, актерка; Иштван Ремер, гитарист, Драгослав Крнајски, сликар; Мило Ломпар, есеист.

Воведот во „Политика“ пишува: „Ова не е ранг листа, ниту може да се набројат и претстават младите творци од сите области на културата и уметноста по која, можеби, ќе се памети изминатата година. Негувајќи ја традиционалната рубрика „Била је то њихова година“, во свечено, новогодишно руво, Политика ви ги претставува само некои од многубројните, успешни млади луѓе кои го свртена вниманието на јавноста со своите  постигнувања и значајни чекори во областа на своето делување. Веруваме дека за овие актери, сликари, режисери, поети и музичари ќе се слушаат уште многу убави работи, како што имаат доживеано целосна професионална афирмација и творците за кои прв пат пишувавме пред пет и десет години.“

b

bb

 

Дописникот на Политика, новинарот М. Крстиќ, во својот прилог под наслов „Патување низ вековите“, наведува:  „На седмиот конгрес на поети во Маракеш, Мароко, Светската академија за уметност и додели на македонската поетеса Марија Кукубајска диплома почесен доктор на науки. Ова признание не дојде случајно. Марија Кукубајска, со Џозеф Бручек, ја преведе и уреди Антологијата на современи американски индијански поети „Песни од Островот на Желката“, а пред неколку години во Индија ја претстави Југословенската современа поезија, објавена во Антологија на Европа. После наградената поетска збирка „Временија и Неоткрит“ (1973), кога како многу млада поетеса – дебитант, ја доби наградата на Струшките вечери на поезијата, долго се чекаше на нејзината втора збирка „Јаглен и дијамант“ (1975). Беше ангажирана и со постдипломски студии во САД, каде магистрира на Ссовремена американска книжевност. Деновиве во Скопје ќе излезе од печат и нејзиниот прв роман посветен на македонската револуционерка Викторија Поп Јорданова.

По печатење на мојата прва книга поезија, забележено е дека моите стихови не возбудуваат секого емотивно, бидејќи главно говорат за научно-технички, космички, историски „чуда“. Но би сакала да појаснам дека во тоа е шифрата која ги поврзува моите стихови низ кои дишам како битие на ова поднебје и жител на оваа планета - со поезијата на современите американски индијански поети, со јапонската хаику поезија или со арапскиот бедуински фолклор. Таа шифра ми овозможува да патувам низ вековите.“

2015 година, за македонската православна и кинеската Нова година, проф. Марија Кукубајска, објавува Новогодишен поетски Календар со студенти на УГД кои изучуваат македонски јазик на катедрата за Македонски јазик и литература.

bbb1

Проф. д-р Кукубајска: промоција на нејзиниот мултимедијален перформанс и поетски календар за Кинеската нова година, МИР И НАПРЕДОК  和平与繁荣, со студентите од Кина, деканката на Филолошкиот факултет д-р Драгана Коцева, и наставниот кадар, НУ - универзитетска библиотека Гоце Делчев. Јануари, 2016

bbbb1

Во есејот „Славење на новото во контекст на минатото“, Календарот е претставен како номинален и реален симбол на славење на старото од страна на новото; традиционалното од страна на современото, илустрација за тоа како древната цивилизација, Кина, успева да ги чува традиционалните вредности додека, се отвара кон слободниот пазар и приватната своина, а со тоа и кон личните слободи и права на спојување на најдоброто од двете страни на времето. Учебникот  New York Asia for Educators, Columbia University, New York, дава статистика за познатите откритија што кинескиот народ ги подарил на светот, вклучувајќи го и лекот против маларија, од природна медицина стара 2200 години, составен од 84 годишната добитничка на Нобелова награда за 2015 година,Ту Јују. Во книгата на Armand Clesse and Xu Mingqi, The Vitality of China and the Chinese, издание на Luxembourg Institute for European and International Studies (2004), се дава историска перспектива за кинеското чудо и виталноста на кинеските мултинационални компании во светскиот економски и образовен систем, се разгледува социо-психолошката реформа на грандиозната Кина, нејзиниот „Нов културен ген“ заснован на наследениот и негуваниот код, се образложува традиционалната и конвенционалната мудрост, здравиот разум и современото и автентично култивирање на „кинеското“ (sinicization). Книгата е зборник на експертски податоци и за специфичниот интеркултурен дијалог помеѓу Кина и Западот, како и на размислувања за кинеското надраснува на универзализмот и кинеското одбивање на релативизмот и постмодерните де(кон)струкции, додека едновремено се аргументира инвентивниот и конструктивен потенцијал на Кина да инвестира во економски развој преку слободниот пазар и приватната економија, на домашен план, во Азија, Африка, Латинска Америка, Европа, во дијаспората. Овие конференциски есеи од светски академски и стручни профили, даваат значајно, едноставно и инспиративно објаснување на феноменот на кинеската „ис-трајност“ во промовирање на трајните прагматични човекови, вредности (кои во генетиката на човештвото се ориентирани кон создавање на капитал, како еквивалент за материјални и културни развојни промени). И во нив се огледа една од културолошките, научни, образовни и цивилизациски причини за славење на кинеската Нова година како обнова на единството на минатото со сегашноста, традицијата со современоста, и симболите на светлината против темнината.

„Иднината е дете на минатото... И Старата е Нова година, и новата е од стар календар“.        А светскиот календар се брои од раѓањето на Бог Исус Христос - Божиќ

И Русија и Кина, и „западното“ католичко и протестантско, и источното Православно христијанско славење на Нова година, во прото-јадрото на својата некорумпирана форма, го носат наследството на мудроста дека старото знаење и до денес не постанало атавистички остаток или надмината платформа на идеи, или ритуали. Вклучувањето на минатото знаење во новата мисла не може а да не се почитува и слави како што љубовта на претците кон децата не може и не смее да изостанува во здравјето на единката, семејството и општеството. Ако целта на развојот е целовито, разумно, здраво човечко битие. Минатото е инвестиција во идниот капитал на лични и национални, природни и културни богатства на човештвото, инвестиција која отсекогаш го наоѓала својот пат низ препреките, без да банкротира поради „новата“ индоктринација за ново светско безредие „без граници“.

Ниеден „политички коректен“ јазик кој не ги признава историските корени на повеќе од 6000 светски јазици, ниту било чиј академски или пропаганден (mainstream) конструкт, може да поприми само-назначена и неприкосновена улога за да ја дискредитира улогата на традицијата, и потребата од неа. Во спротивно, современите модалитети за просперитет ќе бидат само привремени жртви на застранети, испревртени вредности и погрешна примена на искуството, знаењето и инспирацијата на човековиот  духовен и материјален развој, напредок, мир, слобода и универзални права.

  Архетипското во традицијата природно се пренесува со продолжување на трајната суштина на старото кое витално и динамично се поставува како фундамент на новото, на ново формативните и сами по себе трансформативни и реформирачки фактори за напредок, просперитет и благосостојба на поединецот и народот. Серијата на согледувања во оваа мала книга за големите нешта, го забележува и она што културите на светот, кои не се тоталитарно контаминирани, го доживуваат овие децении како деградација, како нивна акултуризација, токму преку нападот против славење на традицијата. Не може да се заобиколи деструктивното „славење на глобализирачките“ антитела произведувани од врховниот антагонизам на „новиот поредок“ и на неговите нузпродукти: инвалидизација на човековите поводи за славење на старото во контекст на своето обновување без уништување. Тој квази либерален антагонизам против сувереноста на здравите културни идентитети, ја напаѓа и ништи трајноста на природните закони кои се основата на сегашноста и кои го содржат автентичниот идентитет и суверенитет на единката и заедницата низ времето, од предисторијата до... постисторичната негација на . Антагонизмот на глобализмот против стабилниот идентитет и изградената сувереност, е бескомпромисен и непоправлив, онака како што темнината „неизменливо“, но сепак наизменично и привремено, ја засенува светлината.

Дванаесетте сегменти од книгата/календар, се свртуваат и кон Истокот и кон Западот, за да ги одбележат причините за славење на мирот и напредокот чувани и градени од човековиот гениј, преку своевидни содржини на новогодишните прослави, а со една заедничка одредница: признавање дека човекот во однос на универзумот сепак продолжува да се однесува со мудро признание дека е апсолутно ограничен во својот напредок тогаш кога најдрско му пркоси на апсолутот, а дека човекот е апсолутно достоен за празничен благослов од Апсолутниот господар на времето и постоењето – ако верува во трајноста на светлината, енергијата, љубовта.  

ОД НОВОГОДИШНИОТ КАЛЕНДАР, мини есеи:

11.

„Ти и јас, од ист свет, фамилија сме, по ист сон патуваме, илјадници милји, да се сретнеме во...” * Штип сега. Прекрасни нешта учиме за оваа древна земја посветена на иднината. Здраво, дедо, мамо, тато, брате, сестро, пријатели, свету наш, дену прекрасен! И од овде сега летови храниме, од прастара љубов вгнездена во овој народ чудесно човечен. Одовде повисови врвови видовме, пролет да им носиме и кога е зима. Искреност да цути во спокој – од тука до другата страна на светот, здрави наши чисти јагненца меѓу Angry Birds да учат да се бранат, да не бидат жртви на диктатурата, на прогресот порочен. Небесна тајна и овде докажуваме: во нас е силата и славата и љубовта - во нас се: Еден за друг да сме, во светла топлина вознесени. Најумни на планетата сме, и без верување во Биг Бенг. Знаеме: од ништо нема нешто. Во наша вселена сме, не пукаме во подземни и надземни кули Вавилонски. Не сме  робови на роботиКата, не сме плен на глобална гладијаторска хипноза со пари и пароли. ЉУБОВ сме: последна Божја доза природна.

* Цитат од песната, Еден свет, еден сон (One World, One Dream), тематска песна на Олимписките игри  во Пекинг, 2008, изведена од Сонг Жуинг (Song Zuying), интерпретаторка на кинески народни песни;Maestro Andrea Bocelli, pianist Lang Lang https://youtu.be/kKKXbiZkSoQ. “East Meets West”, Royal Albert Hall, London   

12.

На планетава, со народот градител, бранител, светител - работиме, славиме: Среќна Нова година!

Чествуваме Божја пропорција, со човечна порција на трпези совест полни, сложни и со себе и со науката. За јасно, човечно, слатко разбирање, без театри со мајмуни и маѓесници плуралитетни. Без лукави фермиони енергетски, анти-природни – тие вистината ја цепат и сВест бомбардираат, и низ уни-верзитети и низ поли-верзии на анти-ентитети. Мудроста наша доаѓа од мирот и редот во писмото на Бог, Содржина за проСлавата единствена. Не од антагонисти на Бог и на човекот. Срцата ни` греат со лорандит македонски на Божјите штитови полеан: Владееме со себе и своето време - верни кон трајната традиција во современа едиција, без анти-материја - не е таа Божја честичка, но  луциферна фурна на лажниот Принц на Светлината. Ние Новата година ќе ја браниме од контролиран хаос во ехо-комори дигитални создадени од анти-луѓето. Боже, благодариме што не сме нивни. Ти си ни` и порта и мост кон светлина на вистината.

https://youtu.be/oYvw7jm-lsw   Praise the Lord - Sergei Rachmaninov

https://youtu.be/A7tf8D6ogBg?list=PLGmYrwT0FgJZEOvX784-hXwN2MXWRSqcw  - Славете го Господа, Република Македонија