|
||
| ФИКТИВНАТА „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ |
|
Деновиве во издание на „2 август“ од Штип, излезе од печат најновата збирка раскази од писателот Васко Ѓоргиевски под наслов „Фиктивната Северна Македонија“. Во збирката се објавени 31 кратки раскази и во нив писателот го искажува својот револт и разочарување од она што се случуваше во последно време во Република Македонија со наложената промена на нашето уставно име и со најавите на промена на нашата историја. Притоа, на уметнички начин, ги потенцира најзначајните пунктови (конкретни настани и лица) кои придонесоа за ваквата состојба. Ова е петта збирка на Васко Ѓоргиевски, родум од Битола, кој живее и работи во Австралија како лекар. Останатите четири збирки се исто така тематски детерминирани со теми од животот на Македонците во дијаспората и во татковината. Александар Донски |