Среда, 19 Декември 2018    Печати
ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА
bil2
ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”
„ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА” е прв видеозапис на Трио Кладенец. Убавина од дар недогледна за очи и душа. Промоцијата беше одржана вчера, во Духовно - културниот центар ,,Кирил Пејчиновиќ '' во Лешочкиот манастир. Во присуство на голем број љубители на етно музиката, пријатели, колеги, соработници беше промовирана и споделена несекојдневна убавина од дело. Дело кое само по себе говори за млади од тетовско што со голема љубов го негуваат традиционалното изворно пеење.
bil3
Изведувачи на видеозаписот ,, ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА '' се : Трио Кладенец Вокални солисти- Сашо Костадиновски ,Бобан Трпковски,Мирослав Симјановски. Артисти - Иван Божиновски и Група Сербез Музика и аранжман - Јован Василевски Текст- Мирослав Гавровски Традиционални инструменти - Горанчо Ангелов Продуцент: Ѓорѓе Богдановски Директор на фотографија : Ненад Велковски РЕД ЦЕНТРАЛ ПРОДУКЦИЈА Промоцијата на видеозаписот ,,ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА'' беше збогатена со настапот на маестро Зоран Џорлев,истакнат македонски виолинист, и уметник кој ја негува етно музиката и ја продолжува традицијата. Уникатните дела на уметник Снежана Лазарова - Луна, дела изработени по сцени од видеозаписот, во техника бел ориз и црно семе синапово беа бележит украс на промоцијата.
bil5
bil4
Присутните уживаа во несекојдневната промоција на уникатниот видеозапис кој несомнено им понуди многу емоции. Авторите на видеозаписот, како што ветија, ќе продолжат да ја негуваат традицијата и да создаваат нови етно музички дела, и радост, и дар за Македонската нација.
48392011 494823334374333 7501038809119719424 nБилјана Ѓ. Гаврилова