Четврток, 31 Мај 2018    Печати
Вселенската Патријаршија ја презема одговорноста за прашањето за Охридската Архиепископија

alt

Вселенската Патријаршија ја презема одговорноста за прашањето за Охридската Архиепископија

Вселенската Патријаршија во Константинопол денес излезе со официјално соопштение дека Светиот и Свештен Синод го разгледа прашањето со нерешениот канонски статус на Охридската Архиепископија. Во соопштението исто така, се наведува дека Патријаршијата го примила и писмото на Премиерот на државата г. Зоран Заев, во кое се бара помош и поткрепа за решавање на прашањето со нашата помесна православна Црква.

Соопштението завршува со заклучокот дека Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија „одлучи да се заземе за ова и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“.

Извор: Бигорски Манастир

17 мај/30 мај 2018 лето Господово