Среда, 14 Март 2018    Печати
НАМПРЕС ја издаде книгата – Злосторство што не се заборава

По повод 75 годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија, издавачката куќа НАМПРЕС ја издаде книгата „Холокаустот на македонските евреи – Злосторство што не се заборава“ од дипломатот, новинар и публицист Мартин ТРЕНЕВСКИ.

Делото претставува детална анализа за сведочењата на преживеаните македонски Евреи, за бруталноста со која беа откинати нивните предци од нивните вековните огништа во Македнија и испратени во логорите на смртта. Треневски го опишува животот на Евреите во Македонија: живот долг повеќе од 2000 години и судбина слична на македонскит народ низ историјата.

Прецизно се дадени имињата и бројноста на еврејското население низ историјата, нивниот пат, раселувања и населувања на пошироката територија на Македонија, нивниот живот и работата низ вековите. Посебно се интересни податоците за тоа како значајни личности со Еврејско потекло се бореле и придонесувале за слободата на Македонија како во подалечното, така и во нашето поблиско минато.

Изданието е двојазично, на македонски и англиски јазик. Преводот на англиски е од нашиот сонародник Ристо СТЕФОВ од Торонто, Канада.

Заинтересираните читатели може да ја набават книгата на:

www.kupikniga.com.mk

или на тел. +389 2 2700 720 / +389 70 344 410

Македонска нација

holokaustot-na-makedonskite-evrei-martin-trenevski