Среда, 29 Ноември 2017    Печати
Македонски чеда

makedonski-cuda

Ти не си чудо, ти си светлина на светот
Ти си дрво со длабоки корени
Многупати некој ги крше твоите гранки
Мава и во коренот,
Но ти сепак имаш некоја сила,
Не се даваш сосем да те уништат
На твоите гранки, лисја се веат,
шепотат и дење и ноќе
Ги будат и другите цветови и тревки
Ја будат целата природа.
Те оспоруваат и крадат
Но имаш чеда со големо срце
Кои воскликнуваат на твоето име
Пеат за тоа име свето.
Земјо најсвета,
Ти си како песна со стихови весели и тажни
Стихови како охридските бели бисери
Се редат и не сакаат да биде крај
Не додека не го нанижат најубавиот ѓердан
Да го носат и стари и млади
Дома и во туѓина
Да им зборува за историјата твоја
Да не го носи никој од што мора
Туку затоа што ќе те сака и ужива во твојата убост.
И ајде повторно раскажи ми за едно време дамно
Раскажи ми за историјата која некој ни ја краде
А нас во душа не јаде
Зошто ли , зошто и ден денес некој сака да ја даде?

Исправено пред предизвици нови
Не дозволувај никој да ја помрачи историјата твоја
Или да го промени твоето име.....
А јас што и да те наречам, малку ќе биде!

Гордана Димовска