|

Ги знаете ли старите македонски имиња на месеците? Нивните архаични имиња биле поврзани со природните циклуси или земјоделските работи кои се случуваат и вршат во периодот на соодветниот месец.
- Јануари: се нарекува коложег – месец во кој се горат голем број дрва.
- Февруари: се наречува сечко – месец на ледот.
- Март: се нарекува цутар – месец на цветањето.
- Април: се нарекува тревен – месец на тревата.
- Мај: се нарекува косар – месец на косењето трева.
- Јуни: се нарекува жетвар – месец на жетвата.
- Јули: се нарекува златец – наликува на златен месец.
- Август: се нарекува житар – месец на житото.
- Септември: се нарекува гроздобер – месец на берењето грозје.
- Октомври: се нарекува листопад – месец на паѓањето листови.
- Ноември: се нарекува студен – првиот многу студен месец.
- Декември: се нарекува снежник – месец на снегот.
|