|

Не си од вчера, ниту од денес, Ти си ми оддамна. Граде мој убав, Граде мој сакан, Ти си од дамнина.
Неготино сону вечен, Ти си ни волшебен, Неготино љубов наша, Биди ни прекрасен.
Уморен патник, кога и да дојде, Љубов му даруваш, Одвратен душман, кога и да дојде, Ти пак не мируваш.
Неготино сону вечен, Ти си ни волшебен, Неготино љубов наша, Биди ни прекрасен.
Слободно расни, Слободно цветај, Граде на Вардарот, Срцата наши, За тебе чукат, Граде Македонски.
ЗОРАН ПЕТРОВ |