|
Земјо моја, каде се твоите корени? Од каде извираат реките и езерата што течат како крвава историја на еден народ, раскажувана со векови? Која си ти? Кои се луѓето што се нарекуваат Македонци? Будни ли се и тогаш кога спијат? Наутро, кога се будат, прозорците нека им бидат пат кон вечноста! Нека ја вдахнат светлината во сопственото битие за да им го отвори умот! Со леснотија во срцето нека ги препознаат и победат грдите нешта кои како грешка на постоењето ја поплавуваат долината на животот со тегобност и болка!
 ПАВЛИНА ПЕЈКОВСКА
|