Среда, 15 Јуни 2016    Печати
Ексклузивно историско откритие

otkritie1

Активностите на археолошкиот локалитет Локвенско кале во Општина Кривогаштани се одвиваат со несмален интензитет. Денес за време на ископувањата пронајдена е монета со ликот на Александар Македонски која според археолозите потекнува некаде околу 4 век пред нашата ера. Според изјавата на Директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ, кој е во работна посета, се работи за големо откритие. Во посета на локалитетот беше и градоначалникот на Општина Кривогаштани Тони Заткоски. Археолошките ископувања ќе се реализираат и во наредниот период.

otkritie2

otkritie3

otkritie4