|
Приквечер, покрај брегот на Балтичкото Море се шетав со синот... Јануари е, мразот го оковал брегот, чиниш е Дојранското Езеро, а Дојран е далеку во Македонија некаде, поделен меѓу две Македонии. Во близината, со сијалици како ѕвезди го гледам осветлениот мост протегнат меѓу две копна над морето што ги спојува Шведска и Данска, што го поврзува Малме и Копехаген, за син ми во мојот македонски молк полн тага ми дошепне дека и во морето има тунел во кој минува воз на среќата, меѓународен, без полицајци и цариници, за да биде катадневна врска меѓу народите. Внукот, мојот малечок внук, ме прашува: Дедо мој, дали е така кај нас , дали е така и во Дојран и Дојранското Езеро и како може да е поделен меѓу две Македонии кога Македонија е една... Кај нас е Балкан, дедино внуче, му шепнам на десетгодишникот, на Горазд, на мојот шведски корен, таму нема и не се градат мостови, таму има само граници, полицајци, цариници, војници и бодликави жици, таму има кафези од кои и ти одлета како пиле кон слободата!
 Панде Манојлов 14. 01. 2016 г. Малме, Шведска
|