Среда, 16 Декември 2015    Печати
Големата Мајка, мегалит од околината на Прилеп – Македониа, 400.000 години македонска ера

„Солзана“

solzana

Монументалната скулптура на Големата Мајка со три лица висока 67 м. се наоѓа на Се­лечка Планина во Македониа, во насока на исток од градот Прилеп, на три километри источно од село Селце.

Скулптурата произлезена од Господовиот природен тек за создавањето на Македонија - рајот, дооформена со раката на обожествениот Македон, рамноправен на својот татко, доми­нира во просторот каде е поставена. Боговите Македонци со високи уметнички квалитети, со скриени пораки во стилот на божјиот Хермес, ни ја презентираат македонската монотеистичка религија на Големата Мајка, Господ Сонце и вселената.

Скулптурата во книгава е насловена „СОЛЗАНА“, мислејќи на Господова „солза“ што претставува Господов сончев зрак.

Господ Сонце со неговиот диск како божјо око се гледа. Господова солза е капка роса, која пристига од сонцето преку месечината. Солзата светла но студена, ја наросува вкупната жива природа на Земјата во вид на утринска роса. Таа светлина претставена е со самовилата „Солзана“ (Ана, Јана).

Скулптурата во себе крие три пораки - три лица.

Првото лице (сл. 47) е лице со израз на болка кое моли за изгрев на сонцето. Моли и за мигот на оплодувањето.

Второто лице го симболизира сончевиот зрак, како самовила Солзана. Нејзиното лице ги искажува следните зборови: „Јас и Сонцето во пролетта, со божјата семенка, утринската роса, осветлена со сон­чевте зраци, Господ е во мене“.

Третото лице (сл. 51) е израз на божјата МА како оплодена, со китка накитена, круна од златно-жолти цвеќиња на главата. Таа е породена - облизната во раст и милувана од сонцето. Таа е обожествена Македонка, родилка на рајот Македониа. Солзана е царица која бдее над своите деца, заштитничка на куќата и Македониа.

Извадок од книгата „Зета Македонија“ од Бранко Сотировски.

zeta-madonija
Зета Мадонија,Павлов, (денешна Чешка)

31.000 – 27.000 г. македонска ера. Реконструкција М. Герасимов

Мегалитот Солзана е инспирација за создавање стихови, за кои е напишана музика од композиторот Сашо Ливрински – Лаврод.

solzana2

Господ Сонце се гледа се слуша. Господ Сонце е ОКО, од Господовото око излегува или паѓа Господовата СОЛЗА. Господовата солза е самовила, сончав зрак, утринска роса. Господовата солза е светлост, УМ, словарница и слово божјо. Од Господовата солза се раѓа Македонија рајот. Од Господовата солза се раѓа „Божја Солзана на Зета Македонија“. За македонија рајот пее Сузана Спасовска.

„Зета Македонија“ - Бранко Сотировски