|
 Мане Јаковлески
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите пратенички места во дијаспората, победувајќи во Изборните Единици 7, 8 и 9 (Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и Австаралија и Азија). Новите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се Ристо Манчев (Европа), Павле Саздов (Северна Америка) и Васко Наумовски (Австралија). Тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ победија со убедлива разлика во гласовите.
По сериозната кампања на поголемите политички партии во дијаспората за овие претседателски и парламентарни избори македонската дијаспора масовно се мобилизира. Особено силната кампања на ДУИ во дијаспората беше дополнителен мотив за посилен ангажман на македонските партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и поголема излезност на Македонците.
На повикот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ за да ги добие посакуваните 62 пратенички места, што ќе и` овозможи стабилна влада која нема да биде изложена на уцените на ДУИ и која нема да потклекне под притисоците за промена на името, македонската дијаспора масовно одговори.
Во изборната битка за секој глас, македонската дијаспора му го довери својот глас на Ѓорге Иванов и коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ ги доби трите пратенички места во дијаспората, победувајќи во Изборните Единици 7, 8 и 9 (Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и Австаралија и Азија). Новите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се Ристо Манчев (Европа), Павле Саздов (Северна Америка) и Васко Наумовски (Австралија). Тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ победија со убедлива разлика во гласовите.
Тројцата пратеници од дијаспората имаат посебно значење за ВМРО-ДПМНЕ кој со нив освои вкупно 61 претеник за новиот парламентарен состав на Собранието на Македонија. Меѓутоа, ако се има предвид дека македонската дијаспора на овие избори излезе само за да даде поддршка на опцијата која нуди развој на Македонија, но и која ќе биде чувар на македонската држава и интересите на македонскиот народ, тогаш треба да се има на увид дека таа никако не смее да се изневери.
Нејзината доверба истовремено претставува и огромна обврска за премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов да не потклекнат пред уцените на Грција за промена на името, како и пред уцените на ДУИ за консензуален претседател, двојазичност на целата територија на Македонија, но и други барања спротивни на Уставот и рамковниот договор.
Македонската дијаспора исто така ја награди владеачката ВМРО-ДПМНЕ и заради добрата економска политика на Владата на Македонија, која со ниските даноци и макроекономска стабилност, создаде вистински амбиент за водење успешен бизнис и претставува не само услов за привлекување на инвестиции, туку и можност за цврсто поврзување на дијаспората со матичната земја. Ваквите врски ќе овозможат не само трансфер на идеи и знаење, туку ќе доведе и до забрзан развој на економијата и другите сегменти на македонското општество, што од друга страна Македонија ќе ја направи прекрасно место за живеење.
При создавање на едни такви услови, Македонија ќе ја избегне белата смрт.
Односно, отварањето на нови работни места не само што ќе ја спречи миграцијата на младите школувани кадри кои својата егзистенција се` почесто ја бараат надвор од земјата, туку ќе овозможи и зголемување на наталитетот. Истовремено сето тоа ќе овзможи и враќање на македонската емиграција на своите вековни огништа. Затоа вклучувањето на македонската дијаспора на изборите да има право да одлучува за иднината на Македонија, а воедно да и` помогне на Македонија е за поздравување, а Македонија мора и треба да ги направи сите напори тие односи во иднина, уште поуспешно да се развиваат.
Браќа и сестри Македонци во дијаспората, Македонија ВИ благодари заради вашата мудра одлука да ја подржите партијата која деведесетите години ВИЕ ја создадовте и од првиот ден застанавте зад неа и до денес и` ја давате подршката.
ВМРО-ДПМНЕ нема да ВЕ заборави, затоа што ВИЕ сте нераскинлив дел од Македонското тело. |