Среда, 06 Ноември 2019   
Можно ли е Македонија да го врати своето име?

1 1Свекрва

Можно ли е Македонија да го врати своето име?

Дваесет и шест земји, меѓу кои и САД го ратификуваа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Останаа уште три ратификации. Се очекува наскоро тоа да го направат Франција и Холандија, додека Шпанија зависи од изборите. Поради очекуваното продолжување на терминот на ратификација во оваа земја, власта предводена од Зоран Заев почна да калкулира топло ладно со терминот 12 април 2020 за кога се закажани  парламентарните избори.

Свесни дека катастрофално ќе изгубат на следните парламентарни избори закажани за април идната година, СДСМ и ДУИ ќе направат се за да ја задржат власта, па дури ако треба и да ги  одложат изборите. Нивниот речник покажува дека следува не само валкана кампања, туку и неочекувани активности кои се во насока тие повторно да ги добијат изборите.

Народот тоа го препознава, а опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ сигурно нема да дозволи повторно да се изигра волјата на народот. Мора да се одалечи ненародната власт која го смени името на земјата и го понижи народот, а исто така ја усмери државата на патот кон економски колапс.

Познато е дека власта го смени името, воведе двојазичност, го потпиша Договорот со Бугарија само за да добие датум за почеток на преговорите на земјата за членство во ЕУ. Но, ветото на Франција покажа дека и покрај промена на името, всушност ништо не се сменило во политиката на ЕУ кон Македонија. Постојано ќе има некоја земја која ќе испорача нови услови кои ќе го попречат влезот во ЕУ.

Во ваков случај кога нема датум за преговори за прием на земјата во ЕУ и кога еден од условите на септемврискиот референдум (одржан на 30.09.2018) дополнително не е исполнет, едноставно Преспанскиот договор не важи. Имено, референдумското прашање гласеше: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Референдумот беше неуспешен, зошто мнозинството од народот не излезе со што порача дека е против промена на името за да се влезе во ЕУ и НАТО. Овој договор уште повеќе не важи ако се знае дека јужниот сосед не исполнил ни дел од тој договор.

Ако се има предвид дека Македонија во догледна иднина нема големи шанси да стане членка на ЕУ, а пак се очекува на почетокот на идната година да стане 30 членка на НАТО под името на Република „С“ Македонија, тогаш се отвара прашањето дали Македонија по влегувањето во НАТО може  да го врати своето име.

Ова станува интересно по информацијата дека Холандија, која е членка на НАТО, сака да го смени своето име за меѓународна употреба. Холандските власти одлучија идната година да го ребрендираат меѓународниот имиџ на земјата, преименувајќи ја земјата од Холандија (Holland) во Нидерланд (The Netherlands).

По овој пример на Холандија земја членка на НАТО, ако Преспанскиот договор не важи, тогаш и гарантите на договорот треба да се сложат земјата да си го врати уставното име.

За прашањето за името конечно треба да се произнесе и Уставниот суд, со оглед на неуспешниот референдум, а можеби и друга институција со оглед на незаконските постапки во кои е сменето името.

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.