Историја
Среда, 16 Октомври 2013 03:00   
Македонското движење и српската пропаганда

srpska-propaganda-240Македонското движење и српската пропаганда првите контакти ги остваруваат во средината на 70-те години на 19 век, а поголема заедничка соработка се забележува во текот на 80-те години на 19 век.

Повеќе...
 
Среда, 16 Октомври 2013 03:00   
Писмо од Лазо Дамовски - Ошенски до политбирото на ЦК на КПГ: (12 март 1945 година)

pismo-od-lazo-dimovski-240КПГ СЕ БОРИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КАКО ШТО СЕ БОРЕА  И СЕ БОРАТ ГРАЃАНСКИТЕ ПАРТИИ... ДА ЈА ПРОШИРИ ОКУПАЦИЈАТА И ДА ПРИСВОИ  НОВИ ТЕРИТОРИИ ОД ДРУГИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Повеќе...
 
Среда, 16 Октомври 2013 03:00   
Писмо од Димитров до Тито - (28 јули 1944 година)

bodoni-240ЗА ПОГРЕШНАТА ПОЛИТИКА НА БРП (К)  ПО МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ И УПАТСТВА ЗА НАТАМОШНО ПОСТАПУВАЊЕ

Повеќе...
 
Среда, 16 Октомври 2013 03:00   
Писмо од Јосип Броз Тито до Георги Димитров: (крај на јуни-почеток на јули 1944 година)

tito-240КРИТИКА НА ПОЛИТИКАТА НА БРП (К) И КПГ ПО МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ И ПО ПРАШАЊЕТО ЗА ВООРУЖЕНАТА БОРБА

Повеќе...
 
Среда, 09 Октомври 2013 03:27   
Прво заседание на АСНОМ

asnomПрвото заседание на АСНОМ претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и исполнително тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 09 Октомври 2013 03:24   
Одговор на ГШ на НОВ и ПОМ на приговор од АНОКМ (14 март 1944 година)

mihajlo-apostolski-240Вашето изложение од декември месец миналата година го добивме. Поради големи покрети и борби кој ги водевме против германо-б`лгаро-албанските хорди, кој се опитаја да ја разбијат нашата војска, ние не можевме по-рано да ви одговориме. Па и сега, ние не ќе можеме по обширно да ви одговориме, ама се надеваме се оти ќе дојдете при нас, каде ќе можеме сите проблеми да ги разјасниме, кој са поставени во Манифестот. Сега ние сакаме да се обрнеме само на најважните ваши примедби.

Повеќе...
 
Среда, 09 Октомври 2013 03:19   
Извадок од книгата на полскиот автор Бартоломеј Папроцки, од 1599 година

polska-kniga-240Полскиот писател Бартоломеј Папроцки во далечната 1599 година, во неговата книга „Ogrod krolewsky“ напишал дека Александар Македонски е од просветлениот род словенски.

Повеќе...
 
Среда, 09 Октомври 2013 03:02   
Федерална Македонија број 3, година 1 од 1947

federalna-makedonija-240Федерална Македонија број 3, година 1 од 1947 година уредник Јован Јовановски од Преспа ми го даде овој број да го зачувам за Македонската историја и мислам можеби е единствениот зачуван број.

Повеќе...
 
Среда, 02 Октомври 2013 03:04   
Полиперхон

sonceПолиперхон (394–303 п.н.е.) бил македонски генерал кој служел во војската на Филип II и Александар Македонски, придружувајќи го Александар во неговите воени походи.

По враќањето во Вавилон, Полиперхон бил вратен во Македонија заедно со Кратер, но стигнал само до Киликија кога се чуло за смртта на Александар во 323 п.н.е.. Полиперхон и Кратер продолжиле за Грција, помагајќи му на Антипатар да го задуши востанието во Ламиската војна. Полиперхон останал во Македонија, а по дијадошката војна останал дома како регент на Македонија, додека Антипатар отпатувал за Мала Азија за да го зацрвсти неговото регентство врз целата империја.

После смртта на Антипатар во 319 п.н.е., Полиперхон бил назначен за регент и врховен командант на целата Македонска Империја, но набргу влегол во конфликти со Антипатаровиот син Касандар, кој требало да биде неговиот главен заменик. Двајцата започнале граѓанска војна, која набргу се проширила на сите генерали на Александар, со тоа што Полиперхон се сојузил со Еумен против Касандар, Антигон I Едноокиот и Птоломеј I.

Иако Полиперхон на почетокот бил успешен во заземањето на грчките градови, кои ги прогласил за слободни, Антигон I Едноокиот ја уништил неговата флота во 318 п.н.е., а Касандар следната година ја зазел Атина. Накратко потоа, Касандар го протерува Полиперхон од Македонија, па го зел во свои раце немоќниот крал Филип Аридеј и неговата жена Евридика.

Полиперхон пребегнал во Епир, каде и` се придружил на мајката на Александар Македонски, Олимпија, неговата вдовица Роксана и малиот син Александар IV. Направил сојуз со Олимпија и кралот Еакид Епирски, и Олимпија тргнала во поход на Македонија. Отпрвин Олимпија била успешна во својот поход, со тоа што ја победила и заробила војската на кралот Филип, кого го погубила, но набргу Касандар се вратил на Пелопонез, па ја фатил и ја погубил во 316 п.н.е., земајќи ги Роксана и детето под негово старателство.

Сега Полиперхон пребегнал на Пелопонез, каде се` уште командувал со неколку упоришта, па се осојузил со Антигон, кој сега повеќе немал сојузници. Полиперхон набргу ја воспоставил својата власт врз Пелопонез, вклучувајќи ги Коринт и Сикион. По мировниот договор од 311 п.н.е. помеѓу Антигон и неговите непријатели, и убиството на младиот крал Александар и неговата мајка, Полиперхон ја задржил власта во извесни области. Тогаш избила војна помеѓу Антигон и останатите, па Антигон му го пратил биолошкиот син на Александар Херакле на Полиперхон за да послужи во нагодба против Касандар. Меѓутоа Полиперхон решил да ги раскине врските со Антигон, и го убил момчето во 309 п.н.е.

Ја задржал власта врз Пелопонез се` до неговата смрт неколку години подоцна, но престанал да се занимава со политика.

Наводи

Peter Green, Alexander to Actium (University of California Press, 1990) стр. 17-20
 
Среда, 02 Октомври 2013 03:03   
Пир Епирски (318 п.н.е. - 272 п.н.е.)

pyrrhusБил крал на Молосијците (од 297 п.н.е.), Епир (306 п.н.е. - 301 п.н.е., 297 п.н.е. - 272 п.н.е.) и Македонија (288 п.н.е. - 284 п.н.е., 273 п.н.е. - 272 п.н.е.), и еден од најсилните противници на Римска Република. Дел од неговите битки, иако успешни, резултираат со големи загуби во редовите на неговата војска, што е и непосреден повод за создавањето на изразот Пирова победа.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.