Среда, 16 Јуни 2021   
Како беше Основана 17.06.1990 г. ВМРО-ДПМНЕ

vmro-1990
Кире Кипроски: о
д книгата на Ставре Џиков, 17 јуни 2009 година

На политичката сцена на штотуку започнатиот процес  плурална Македонија,во средината на 1990 година   се појави демохристијанската партија ВМРО-ДПМНЕ. Основачкото собрание се одржа на на 17.06.1990 г. во Домот на млади 25 Мај (МКЦ) во Скопје.

Декорот на сцената беше патриотски , а салата беше преполна со   патриоти  речиси од сите  места на Македонија, повозрасни лица кои дел од нив беа судени за идеалите на ВМРО, за самостојна и независна Македонија, се собраа македонските  патроти - претставници на македонски организации, здруженија, клубови  од  Европа, Америка и Австралија, кои се наоѓаа во емиграција од различни причини пред  се политички, дојдоа  да ја дадат подршката и активно да се вклучат во плурална Македонија во промената на политичкитиот и економскииот систем на својата мила татковина

Во април 1990 година, во ресторанот “Ново Скопје” во Берлин, Германија, беа удрени темелите на новата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Идеологот на Партијата, неуморниот борец за независна, обединета и суверена Македонија Драган Богданаовски дојде во Берлин, по претходно повеќе телефопнски разговори тој ги запозна македонците во Берлин за идејата,  и дека има подготвено програма и статут на партијата која треба да ја формираме во Македонија.  На првиот консултативен договор во Берлин учествуваа: Драган Богдановски, Гојко Јаковлески, Маноил Јаковлески – Мане, Ванчо Механџиски - новинар, кој престојуваше на гости кај Гојко Јаковлески и Стево Доневски- мајка,.На овој состанок  беше цврсто договорено за формирање на Партијата.

Драган ги информриаше исто така дека има неколку млади луѓе во Македонија кои се подготвени со наша подршка да ја започнат активноста за формирање на Партијата и да започнат широка активност за афирмирање на програмсктие цели на Партијата во Македонија. На средбата во Берлин бесе договорен начинот на финансирање на партијата за планираните активности.

По состанокот во Берлин, по предходно направени разговори И консултации од Берлин заминаа за Минхен Драган Богдановски и Гојко Јаковлески. На состанокот што се одржа на почетокот на јуни во Минхен присуствуваа, од Македонија Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски, Владо Транталовски. На овој состанок беше конкретно договорено за програмските содржини и цели на Партијата, за основачкото собрание, за начинот како да се шири вмровските идеали меѓу македонското население и на предложеното име ДПМНЕ (предлог на Драган Богданоски), беше одлучено да се додаде ВМРО.

На делегацијата од Македонија  им се даваат матерјалите: програмските цели, изборната програма и прогласот, како и три брошури од Драган Богдановски.

Во изборната програма со која ќе стартува ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена на Македонија беше запишано: “Гласајќи за Демократската партија за македонско национално единство, Вие гласате за единствената македонска партија која на овие избори излегува со програма инспирирана од Илинденскиот заветен идеал за слободна, обединета  и целокупна Македонија, самостојна и вистински суверена  национална држава на македонскиот народ. Гласајќи за ДПМНЕ Вие гласате за светиот и уште неостварениот Илинденски  идеал на македонскито народ - гласате за еден нов македонски Илинден!

Програмсктие цели  на ВМРО-ДПМНЕ се ВМРО-вски, тие се бескомпромисни антиврховистички, затоа граѓани на Македонија, давајќи го Вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ Вие го исполнувате својот патриотски долг кон идеалот на Вашите илинденски дедовци и татковци и така ќе придонесете македонското прашање да мрдне од мртвилото во кое го доведоа балканските освојувачи и домашните македонски предавници, сегашни врховисти. Гласајќи за ВМРО-ДПМНЕ Вие гласате за македонска Македонија, за оствараување на заветниот идеал на апостолот Гоце Делчев, за демократската традиција на првата република на Балканот, Крушевската република, гласате за демократскиот манифест на Никола Карев, гласате за утрешниот нов Илинден. Гласајќи за ВМРО-ДПМНЕ Вие гласате за идеалот на бесмртниот Ченто, а против домашнтие предавници, новите врховисти кои од Македонија направија темен вилает и колонија со статус на протекторат.

Иако обединвуањето на распарчена и поробена Македонија во денешните историски услови не е можно, политиката на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон подготвување на услови за обединување на Македонија. Обединувањето на Македонија треба да биде дело на самите Македонци. Од ова сознавање тргнува во својата политичка работа ВМРО-ДПМНЕ. Таа ќе работи за обединвуањето на Македонија да се постигне во поблиска иднина.

Илинденскито идеал  беше  вткаен во програмата на ВМРО-ДПМНЕ,

- Преуредување или престројување на југословенската држава од федерација во конфедерација,

- Распуштање на злогласната  Служба за државна безбедност  и нејзино заменување во Служба за безбедност која идеолошки ќе биде наполно неутрална,

-Распуштање на југословенска армија и создавање на национални  армии во одделните држави  на конфедерацијата,

- Создавање на национална банка на Македонија, која ќе има за цел да го обезбеди  финансирањето и напредокот на стопанството во Македонија,

- Право на враќање на иселените Македонци и гаранција дека никој нема да ги прогонува било за нивните проанешни политички дејности или пак за сегашните нивни политички убедувања,

- Исфрлување на терминот “Социјалистичка“ од името на македонската Република

Овие беа  темелите и стратешките документи, кои беа потврдени и усвоени на Основачкото собрание што се одржа на 17 јуни 1990 година.

На Основачкото собрание говореше првиот претседател Љупчо Георгиевски, прогласот го прочита Борис Змејковски, со посебен реферат во името на емиграцијата  се претстави Гојко Јаковлески од Берлин. 

Со поздравни говори Основачкото собрание го поздравија: Стојан Ковачев од Париз, Дане Поповски од Чикаго, Душко Дојчиновски од Сиднеј, Јордан Груев од Мелбурн и Панде Мицев од ОМО “Илинден” од Пиринска Македонија.

 

На прво место

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.