Среда, 17 Февруари 2021   
Никому да не му се дозвоили да премине од Албанија во Румелија

ФЕРМАН НА ТУРСКИОТ СУЛТАН СО КОЈ ЗАБРАНУВА ПРЕМИНУВАЊЕ НА ЛИЦА БЕЗ ИСПРАВИ ОД АЛБАНИЈА ВО РУМЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)

(Крај на јули 1800 година)

ferman

 

 

 

 

 

 

 

 

„До славните меѓу кадиите и судиите... од десниот ракав на Румелија ...и до славните... месни ајани, офицери, видни граѓани и други градски службеници...

Со моите, на неколку пати издадени свети заповеди беше заповедано за натаму да не му се дозволува на ниедно лице да премине од Албанија во Румелија без дозвола и ферман; да се затворат сите прооди и места, а на војниците што се испраќаат на служба при мутесарифот на окрузите на Трикала и Чермен, мојот славен везир, Пласли Мехмед паша ...да им се издаваат од месните власти исправи, и најпосле, освен сејмените што ќе одат на служба со такви исправи при спомнатиот везир, никому да не му се дозвоили да премине од Албанија во Румелија.

Сега пак дознавам и слушам дека вакви албански башибозуци преминале во Румелија без дозвола и без фермани и се растуриле по разни краишта.

Бидејќи оваа положба несомнено настанала по недостиг на будност и небрежноста на чиновниците, дадена му е полна самостојна власт на мојот прославен везир, румелискиот валија Хаџи Осман паша... По прашањето за затворањето на дервените, па со оглед на тоа вие, спомнатите кадии, ајани и офицери да се чувате и да одбегнувате да давате дозволи кому и да е од Албанија да премине во Румелија, без ферман и дозвола; да постапувате по наредбите во тој однос примени од спомнатитот валија...” 

Турски документи за историјата на македонскиот народ, том И Државен архив на НРМ, Скопје, 1951, стр.11 и 23;

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.