Среда, 02 Јуни 2021   
Британскиот конзул во Солун, Чарлс Блант, за грубите насилства на ајаните и патријаршиските владици во Серско

(Солун, 21 март 1839 година)

Мој Лорде,

sersko...Жалам што морам да го запознам Вашето лордство со фактот дека она што и го соопштив на вашата Екселенција во писмото број 2 за агата од Мелник не е точно,...затоа се надевам дека ќе ми биде простено што се излажав. Мустафа бег, агата од Мелник, не е пратен од Цариград и прилично се сомневам дека сеж додека не се извести  султанот за неговите свирепи постапки, нема ништо да се стори.

...Отидов во Серес... Таму дознав многу подробности во врска со Мустафа бег. Вашето лордство може да замисли колку тој ја угнетувал рајата штом жените си ја сечеле косата за да набават пари и да ги исплатат барањата на овој свер! Само неколку години наназад Мелник можеше да се гордее со своите 30 богати трговски семејства од редовите на рајата; секое од нив располагало со имот од вредност од по 6-700. 000 пијастри односно 6-7000 фунти стерлинзи, а сега нема ни три; останатите или се упропастени или имаат избегано. Има многу примери кога овој ги повикувал жените на  отсутните трговци и им барал пари. Бидејќи тие не можеле да ја исплатат сумата, нив ги затворале и ги држеле во пранги по 50-60 дена. Кога во Серес, мој Лорде, го сретнав Ибраим паша, поранешниот солунски паша, тој наполно го потврди она што бев го чул за агата од Мелник. Тој се сомнева дека на рајата ќе иж се подобри положбата, зашто агата испрати значителна сума пари во Цариград, а воедно му наредил и на својот ерменски банкар, Дели Бадрос, да ја среди работата и со грчкиот Патријарх!

Овој Мустафа бег и неговите роднини го држат ајанлакот Мелник цели триесет години, а последниве години негов главен помошник во тие неправди е некој Константин Карити, митрополит на грчката раја од Мелник. Ова, мој Лорде, претставува еден од многубројните примери што се среќаваат во Турција, имено, рајата повеќе страда од подлите предавства што ги чини самата раја, отколку од Турците и можат да се најдат, мој лорде, безброј случаи таму каде што има некој свиреп и грабежлив управувач, тој да е поттикнуван и помаган во се што тој чини од страна на чорбаџии или големци од рајата...; јас би додал, исто така, мој Лорде, дека во тоа не заостануваат и грчките владици кога им се укажува можност да добијат дел од пљачката, ќе се осмелам да го кажам уште и тоа, мој Лорде, дека поткупливиот карактер на грчката црква им дава голема заштита на таквите лица од народот или заедниците што се земени на око. Прва работа, мој Лорде, за еден грчки владика по пристигнувањето на должност претставува грабежот! ...Сегашниов систем на грчката црква и нанесува на рајата далеку по-веќе штета отколку што всушност се мисли за угнетувањата на турските власти. Грчкиот владика собира свој забитлак или данок: првата година можеби правилно се наплатува, во втората година данокот се зголемува, исто така и во след-ната година, се додека поплаки против грабежот не се чујат на сите страни; тогаш владиците лично им даваат пари на турските власти додека се не се смири! Потоа, мој Лорде, доаѓаат годишните посети по селата, кога владиката граби се што ќе стигне! ...Минувајќи низ селата на пат за Серес, чув многубројни поплаки против митрополитот од Серес... Селата што во вакви ситуации му плаќале по 500 пијастри или 5 фунти стерлинзи, биле принудени да му платат 2000 пијастри или 20 фунти стерлинзи!

 

Чарлс Блант

 

ПРО - ФО 195/100; Британски документи за историјата на македонскиот народ, ред. Христо Анадонов  Полјански, Архив на Македонија, Скопје 1968, т. И, стр. 129-131;

 

На прво место

News image

23 октомври - Ден на македонската револуционерна борба

23.октомври 1893 -  Во Солун е основана  Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Ор...

Историја

News image

Опис на Македонија од Џо Марио Делји Анџиолело (1470 година)

“8 август 1470 година. Султанот запре и конакуваше од другата страна на клисурата во едно поле што ...

Иселеници

News image

ОТВОРЕНА БИБЛИОТЕКА ВО МПЦ „СВ. ПРОРОК ИЛИЈА“ ВО МИСИСАГА

Во неделата на 24 октомври 2021 година, во просториите на&...

Култура и туризам

News image

БИТОЛА - ВТОРОТО МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ НА ПЕТАР СТАМАТОВ (4)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА АЗИЈА ОД АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (6)

Откако темелно ја преиспитал ситуацијата, Александар забележал дека најдобрата пер...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.