Среда, 27 Октомври 2021   
Впечатоци од престојот на Филип Дифрен-Кане во Македонија и во Скопје

(1537  година)

Д-р  Иван Алексов

old-macedonia„...Минувавме преку нерамни и кривулести врвици, преку темни долинки и густи шуми. Нашиот чауш не предупреди дека треба да се оди претпазливо, со оружје в рака, зашто овој премин обично е запоседнат од албанските убијци и разбојници, кои пред некој ден отепале пет кадии со целата нивна придружба. Со милоста божја ние го најдовме патот слободен. Видовме една древна кула и некои урнатини од тврдини издлабени во планината. Слушнавме турски стражи кои со удирање во тапани го обезбедуваа патот на карваните. Оттаму излеговме на една голема рамнина, на чиј почеток, скоро скриен од неколку мали вишинки, се наоѓа Скопје, многу голем град, кој според некои е во Бугарија, но по моето мислење, (е) во Македонија, ако се зачуваат старите граници, а се вика Стоби (место Скупи е погрешно е употребено Стоби, н.б.), во соседство на Мигдонија. Тука тече реката наречена Вардар.

Кај Скопје видовме еден убав водовод, сеуште зачуван, кој доведувал вода за градот, но сега тој не служи, зашто е пронајдена употреба на подземните канали, кои се многу попогодни... На влезот во градот се наоѓаат остатоците од една стара тврдина, а во неа грчка црква. Но најмногу не зачудија гробиштата, кои заземаа поголем простор отколку целиот град, бидејќи во изминатите години овде владеел голем помор, а Турците никогаш не погребуваат две тела на едно место. Овој град има еден јавен саат кој се слуша во целиот град и којшто ги отчукува часовите по француски. Донесен е од Сигет во Унгарија, заедно со неговиот мајстор, кој има добра плата. Иако Турците многу ги сакаат саатите и многу ги ценат, во цела Турција нема друг јавен саат. Во Скопје престојува беглербегот на Грција кога не е во Стамбол (се мисли на румелискиот беглербег, со резиденција во Софија, но обично престојувал во Цариград, а понекогаш и во Скопје, н.б.). Во тоа време Турците го славеа својот голем Бајрам, со илјади игри и свечености и затоа останавме таму два дена во куќата на еден дубровнички благородник”.

Радован Самарџиќ, Београд и Србија у списима француских савременика, Београд, стр.1229-130 и 372-373;

Френски п’теписи за Балканите, Софија, стр. 140;

Документи за борбата..., т.I, док.89, стр 140-141;

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.