Среда, 02 Јуни 2021   
Проблемот со идентификацијата на Македонците во минатото

recnik-gjorgji-pulevski
„Речник од три јазика“ на Ѓорѓи Пулевски, 1875

Уставот на револуционерниот комитет на Кресненското востание напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски, јасно говори дека во Македонија живеат Македонци христијани и муслимани...

Управниците на Отоманската империја, преку создавањето на Рум-милетот исклучителното право за раководење со духовниот и политичкиот живот на христијаните во империјата им го дала на грчките црковни власти. На овој начин, грчката црква станала официјална институција во отоманска Турција, и започнала да се бори против секоја национална пројава кај различните народи - осoбено на Балканскиот Полуостров.

Имено, овој милетски систем довел до тоа Македонците да се определуваат според црквата под чијашто ингеренција се наоѓале. Со создавањето и на бугарскиот и српскиот милет, Македонците биле третирани како Грци, а подоцна и како Бугари и Срби. Со создавањето на училиштата на црковно-просветната пропаганда на соседните држави, овие разделби уште повеќе се задлабочиле.

И покрај силната активност на странските црковно-просветни пропаганди, коишто се бореле за создавање на грчка, бугарска и српска националност во Македонија, се појавуваат Македонци кои сметаат дека не се ниту Грци, ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ - Македонци.

Со појавувањето на вакви личности кои пропагираат постоење на посебен македонски народ, започнува периодот наречен Македонска преродба. А луѓето кои се директно влкучени во овој процес се наречени Македонски преродбеници.

Некои преродбеници се декларираат како директни потомци на Словените кои се населиле во Македонија во 6-ти век, други сметаат дека се потомци на античките Македонци и на Александар Македонски (кого го сметаат за Словен), а трети пак мислат дека се мешавина од двата народа.

Едно е важно и кај трите мислења – сите се застапуват за посебноста на македонскиот народ.

Првиот позначаен македонски преродбеник е Ѓорѓи Пулевски. Пулевски целиот живот го оддава на борбата против турското ропство. Учествува како доброволец во руската армија во војните за ослободување на Србија и Бугарија. Учесник е и во Кресненското востание. Го издава првиот речник на говорен македонски јазик, насловен „Речник од три јазика“, во 1875 година. Во 1880 ја издава и книгата „Слогница речовска“, којашто се смета за прв обид да се направи граматика на македонски јазик. Во неа Пулевски се обидува да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, притоа креирајќи мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани. Во неговата револуционерна поема „Самовила Македонска“, тој говори за посебен македонски народ, независна македонска држава и македонски јазик. Во 1888 во Софија ја формира Славјано-Македонската Книжевна Дружина.

makedonski-glas

Македонски Глас

za-makedonckite-raboti

За Македонцките Работи

Посебноста на Македонците се споменува и во писмото што Исаија Мажовски, за време на својата посета на Петербург во 1885, му го предава на рускиот цар Александар III од името на македонското (словенското) население од дебарскиот крај, со надеж дека ќе го заинтригира за состојбата во Македонија. Своевидна прокламација на македонскиот национален индивидуалитет и засебност претставува и неговиот говор на рускиот брод „Рицар“ на 18 јули, 1888 година, на пат за Киев, по повод прославата на 900-годишнината од покрстувањето на Русите, кога тој ја истакнува својата теза дека Македонците се директни потомци на античките Македонци, донесени на балканските простори од цар Каран пред 2500 години. Иако историски неточна, оваа изјава е многу важна за процесот на оформување на Македонците.

Преродбеникот Димитар Македонски бил првиот Македонец кој уште во 1871 година во својата статија во весникот „Македонија“ од 16 фебруари 1871, по повод македонското прашање запишал:

не зинала земјата па да ги голтне старите Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ.

Оваа негова изјава се смета за прва прокламација на тезата за мешање на македонските Словени и античките Македонци.

Докази за пројава на македонски идентитет се и изјаснувањата на војниците од Македонскиот полк во Русија, кои во своите документи, при пристигнувањето во Русија во 1752 година, запишуваат дека се припадници на Македонската нација.

Подоцна, во времето на Разловечкото и Кресненското востание, во периодот на 1875 и 1878 година, востаниците себеси јасно се декларираат како Македонци, припадници на македонскиот народ, кој е посебен словенски народ различен од бугарскиот и српскиот.

Уставот на револуционерниот комитет на Кресненското востание напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски, во кој јасно се говори дека во Македонија живеат Македонци христијани и муслимани и во кој е зацртано создавање на македонска држава.

Во овој период за силната национална свест на Македонците, сведочи и големиот македонист, и еден од најнационлно освестените Македонци во тоа време, охриѓанецот Темко Попов. Тој во своето дело „Кој е крив“, напишано на македонски народен јазик во 1887 година, ја запишува реченицата од суштинско значење за свеста за нацоналната посебност кај Македонците: „И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Б’лгарин иљи Србин“.

Прв странски автор кој пишува за постоење на луѓе од Македонија кои се декларираат како припадници на посебен македонски народ е бугарскиот писател Петко Славејков, во својата статија насловена „Македонското прашање“ објавена на 18 јануари, 1871 година, во весникот „Македонија“. Неговата статија е сведоштво за постоење на силната македонска национална свест меѓу Македонците за нивната национална посебност од останатите соседни народи. Во неговата статија тој вели:

Македонците себеси се сметале за потомци на старите Македонци, и сметале дека немале ништо заедничко со Бугарите, кои погрдно ги нарекувале „Шопи“, и исто така дека оваа „опасност“ земала големи размери во многу македонски средини (Велес, Скопје, Прилеп, Битола).

Во тоа време се прават и првите обиди за воведување на народен македонски јазик во училиштата, на местото на грчкиот јазик што се изучувал дотогаш. Пример за тоа е и одлуката на Костурската црковна општина во 1882 да воведе народен македонски јазик во училиштата, како и да се изработат учебници на македонски јазик. Ова, тие го побарале и од турските власти, во што јасно се изјасниле дека се Македонци и сакаат да се учи на македонски јазик во нивната област.

Треба да се спомене весникот „Лоза“, којшто се издава во 1892 година од страна на Младата македонска дружина во Софија (по кој и целото ова движење ќе го добие името „лозари“), уредувано од страна на Петар Попарсов и други македонски дејци. Иако карактерот на весникот е спорен (заради учество на врховисти како Милан Матов и Андреј Љапчев во редакцијата), весникот е од огромно значење за посебноста на македонскиот јазик, а со тоа и народ - заради фактот што и покрај тоа што издавачите го владееле бугарскиот јазик, тие сепак сите статии ги пишуваат на изработена од нив азбука (слична со денешната македонска) и на народен македонски говор. Токму поради јазикот на кој бил издаван (македонски народни говори, фонетски правопис, воведување на нови букви), како и заради својата содржина која обработува етнографски, политички и културни елементи од животот на Македонците, наскоро бил забранет од бугарските власти со образложение дека бил сепаратистички.

Дефинитивно највлијателниот македонски преродбеник е Крсте Петков Мисирков, кој во 1903 година во Софија ја печати својата фундаментална книга „За македонцките работи“. Во книгата Мисирков на детален начин ги образложува философските основи на модерниот македонски идентитет - дека Македонецот иако е сроден со Бугаринот и Србинот, тој сепак е посебен, и треба да се бори за таа своја посебност. Објаснува дека училиштата на соседните држави во Македонија треба да се заменат со македонски училишта во кои ќе се предава на македонски јазик и ќе се учи македонска историја. Мисирков, заедно со Димитрија Чуповски и други македонски студенти и емигранти, на 28 октомври 1902 година во Петербург го основа Македонското научно-литературно другарство „Св. Кирил и Методиј“. Автор е на многу дела кои ја разгледуваат тематиката на посебноста и самобитноста на Македонецот. Кон крајот на животот, тој го искажува своето национално самосознание во неговиот последен текст „Самоопределувањето на Македонците“, објавен во весникот „Мир“ на 25 март 1925 год, во кој вели:

Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште“.

Прв сериозен весник издаван од Македонци, во којшто се потенцира посебноста на македонскиот народ и Македонија, е весникот издаван од страна на Димитрија Чуповски и дејците од Петербуршката Македонска Колонија, „Македонски Глас“. Весникот се издава во периодот 1912-1918 на руски јазик. Опфаќа теми од историското минато и сегашност на Македонците, политичката ситуација, како и за културното богатство. Во неговата статија „За Македонија и Македонците“ издадена во „Македонски Глас“ на 9 јуни 1913, Димитрија Чуповски дава детален опис на историјата на македонскиот народ, неговиот бит и борбите за ослободување. Димитрија Чуповски и весникот што тој го печати, „Македонски Глас“, се многу важен момент во изградувањето на Македонците, зашто претставува прв обид на Македонците, преку создавање на нивен сопствен медиум, да пропагираат дека Македонците не се Бугари или Срби, туку посебен словенски народ.

Непокорот на Македонецот ја воодушевува европската и американската општественост, и големи историски личности како Вилијам Гладстон, Лав Толстој, Жан Жорес, Фридрих Енгелс, Хенри Брејлсфорд, А.Г. Хелс, Владимир Ленин, Џејмс Баучер, Франц де Јенсен, Ромуалд Пржевалски, Виктор Берар, Терезина Јенкова, Максим Горки, Казимјеж Мочарски и многу други.

Еден од позначајните поддржувачи на Македонците бил Вилијам Гладстон, кој во еден допис објавен во The Times во Лондон вели:

...Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојаните држави за присвојување на туѓи територии. А зошто за не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?

—William Gladstone, The Times, 6 февруари 1897

Покрај Гладстон, интересна историска личност која ги поддржувала Македонците бил и Анатол Франс. Тој за време на својот говор во Женева на тема „Македонија и Ерменија“ на 17 март 1903, меѓу другото изјавил:

Граѓани, интересирајќисезасудбинатанаЕрменцитеиМакедонците, незатоаштосехристијани, амизатоаштоселуѓе, ниебараме, какогаранцијазанивнатаблагосостојбаизазацврстувањенаопштиотмир, полноицелосноизвршувањенаБерлинскиотдоговор, штосеоднесувазаЕрменијаиМакедонија.

—Anatole France, Женева, 17 март 1903

 

На прво место

News image

23 октомври - Ден на македонската револуционерна борба

23.октомври 1893 -  Во Солун е основана  Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Ор...

Историја

News image

Опис на Македонија од Џо Марио Делји Анџиолело (1470 година)

“8 август 1470 година. Султанот запре и конакуваше од другата страна на клисурата во едно поле што ...

Иселеници

News image

ОТВОРЕНА БИБЛИОТЕКА ВО МПЦ „СВ. ПРОРОК ИЛИЈА“ ВО МИСИСАГА

Во неделата на 24 октомври 2021 година, во просториите на&...

Култура и туризам

News image

БИТОЛА - ВТОРОТО МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ НА ПЕТАР СТАМАТОВ (4)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА АЗИЈА ОД АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (6)

Откако темелно ја преиспитал ситуацијата, Александар забележал дека најдобрата пер...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.