Среда, 13 Ноември 2013   
Професорот и бивш грчки премиер К. Амантос: Кога би се создала автономна Македонија, Грција ќе мора да се повлече до Олимп

( „Македонија”, бр. од 17 јули 1945 година)

 

Triple_Occupation_of_Greece„Македонија секогаш била и денес останува тврдина и бели дробови на Грција... Сојузниците (по И светска војна, н.б.) направија голема грешка што на север не ни дадоа поповолни граници. Корекцијата на нашата граница спрема Србија треба да се реши  на пријателски начин. Бидејќи Србија ќе има голема корист од српско-грчката соработка. Меѓутоа, вакво пријателство не може да има сеж додека погледите на Србите се свртени кон Солун. Кога би се создала автономна Македонија, Грција ќе мора да се повлече до Олимп, вечно загрозувана од балканските Словени”.

 

ДАРМ, ф. А ССНР, ПА, Грција, К-1, Џ/41-44, пов.бр. 2930/7.ВИИ. 1945;

 

ИЗВЕШТАЈ   ОД  ВАНГЕЛ   АЈАНОВСКИ - ОЧЕ :

НАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НОФ ИМА ИДЕОЛОШКО И ОРГАНИЗАЦИОНО ЕДИНСТВО. ТЕРОРОТ СЕ ШИРИ ВО ВОДЕНСКО

(Септември 1945 година)

“ПОЛИТИЧКИ  ИЗВЕШТАЈ НА ИИИ ПОВЕРЕНСТВО

НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА НОФ

 

Драги другар Паскал (Паскал Митревски, н.б.) здраво,

Политичка состојба:

Во последните денови како надворешната политичка ситуација, така и реорганизацијата навладата на Вулгарис немаа некое влијание што би предизвикало некакви промени во нашиот округ, освен теророт против словенскиот елемент, кој се зголеми уште повеќе од порано. Значи теророт се шири. Апсењата продолжуваат, како и другите форми на теророт.

Оваа недела забележана е и една друга појава. Англиско-грчки воени сили ги обиколуваат македонските села, ги бркаат кметовите и ги прашуваат дали постојат вооружени автономистички единици, дали се води автономистичка пропаганда, односно дали постои организација на НОФ.

Во повеќето села народот е избеган, а тие добиле одговор дека не постојат вооружени единици, но народот се бори за своите права.

Англиско-грчките воени сили, воени власти, дале препораки дека народот не треба да бега од организациите и на изборите сите треба да гласаат за кралот.

Нашата организација НОФ има идеолошко и организационо единство. На второ место доаѓаат КПГ и ЕАМ, а другите партии во целиот округ се во распаѓање.

Нашата организација трпи напади од две страни:

1) од десницата и  2) што е најважно, од левицата КПГ.

И покрај нападот, организацијата на НОФ со широка пропагандна дејност успеа да добие најголема доверба кај народот.

Организациона (состојба):

Се забележуваат слабости кај нашите кадри, поради семејните обврски. Сепак веруваме дека сето тоа ќе го надминеме. Досега не е забележан расцеп кај нашиот народ од секој аспект.

Организацијата функционира нормално. Се одржуваат редовно состаноци во секое село и фабрика.

Тоа за денеска, а по неколку дена ќе ви испратам детален политички, организационен и воен извештај.

Денеска се појави една работа, за чие средување заминувам.

 

Другарски, Оче,

секретар на Окружното поверенство на НОФ”

 

ДАРМ, Збирка: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, ае 382; Архив на Македонија, Егејска Македонија во НОБ 1945., т. ИИ, стр 316-317;
 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.