Среда, 30 Октомври 2013   
Голема слепотија покажаа Грците (Преспа, 21 март 1944 година)

 

ПИСМО ОД ПЕНКО ЗДРАВКОВСКИ ДО ДОБРИВОЕ РАДОСАВЉЕВИЌ: ОД ПОЛНО ПРИЧИНИ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАА ДОВЕРБА ВО ГРЦИТЕ.ВАКВАТА НЕСИГУРНА ЛИНИЈА ПО ПРАШАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА, ГИ ПАРАЛИЗИРА МАКЕДОНЦИТЕ ОД БОРБАТА. ПО НАЦИОНАЛНОТО ПРАШАЊЕ ГОЛЕМА СЛЕПОТИЈА ПОКАЖАА ГРЦИТЕ.

 

penko-zdravkovski„Драги Орце (Добривое Радосављевиќ, инструктор на КПЈ во Македонија, н.б.),

Сметам за нужно да ве известам за одраженијето на линијата на грчката организација на нашите македонски маси, како и положенијето во кое се наоѓаат тие во овој момент на борбата  - за леринско и Костурскиот крај. ...

1. Од полно разлози нашите луѓе, Македонците на грчка територија, немаа поверење во Грците. То је јасно кога ќе се земи предвид долгогодишната големогрчка политика на однародување  на Славјанскио живаљ, употребувајќи разни сред-ства, дури до најдрастичното - забрана на македонскио говор. После разгромо на големогрците во 1941 и после почетокот на оружаната борба против окупаторо Грчката Комунистичка Партија не превзеде радикални мерки за привлекување на Македонците во борбата, веќе даде некои магливи перспективи за положенијето на Македонците во Лаократијата (Народна Република), а сеж од страф како викаа тие, да не му избегале Грците од стара Грција во таборо на окупаторо, кој Грци никако не можеле да је замислат Елада без Македонија. Смеешно правдање. Хич и не помуислуват на ништо подобро положенија немавне ни ние во Југославија, али со правилната линија (на КПЈ) и нејзиното доследно спроведување на праксата се успеа да се загаснат и угаснат им-перијалистичките тежњи кај Србите, а пак кај Македонците се истера страво да би могле да бидат излагани од Србите и пак да бидат робје. Ваква несигурна линија по питањето на Македонија, ги парализира Македонците од борбата, а пак многумина од Елините не верват оти ЕАМ не ќе ја продајт Грчка Македонија на Југославија. Во националното прашање, значи една голема слепотија показаја Грците. Со ваква линија тие успеаа да привлечат еден мал број од добро свесните другари Комунисти; масата пак си остана инертна, само гледа сеир и “се ребри” страхувајќи да не се повратит старото. А пак еден дел од порешителните гркофоби (во кој има и дел од пљачкаџи), страхувајќи се од поновното враќање на големогрчкио терор, на-седан на провокаторската политика на Талијанските фашисти и бугарската пропаганда (Калчев, Младенов) и на германското уве-равање, зедоа пушка, станаа контраши. Добар дел од овие кон-траши, во своје време биле гонети и осуѓивани како комунисти, та и денеска како такви се осеќат многу од ними, али јасно, тие не сет (со) некоја теоретска подготовка од една страна, а од друга страна се со една омраза спрема Грците, заради страдањата кои ги препатиле през грчката управа.

2. Комунистичката партија на Грција во кривото поставување на разни прашања је надминува секоја формула на партијата и од најскапаните опортунисти. Просто личи на Партија која одит на тоа да компромитират секоја Комунистичка Партија, па и сите комунисти во очите на масите. Така на пр. по прашањето на кад-ровите го надминува Мартов, кога на сила го натерват луѓето да влегват за членој на Партијата (Коматика мери), стига само луѓето да  изјават некоја симпатија. Така за пример го наведувам селото Герман кај имат 123 партијни членој, а селото јет од 350 куќи, а во Преспа околу двајсетина села  имаа 500-600 членој, а тенденцијата на растење је стална (тенденцијата постој кај раководителите иако масите не покажават желаније). Членојте се праат на овој начин: се удират камбаната,  се збират селаните и на сите им се кажви оти од сега сет членој на Комунистичката партија. Раководителите често сет бивши шпијуни од времето на Метакса (Иоанис Метаксас, н.б.) или пак кој активно учествувале во спроведувањето на режимо на Метакса (многу имат од омладинската фашистичка организација ЕОН). Јасно да тие раководители и денеска не се чувствуват ни како комунисти, а да се имат прихфатено на таа работа од чисто спе-кулативни сврхи, од коњуктурни обзири. По селата се барат по-добро јадење со пиење,... да се покажват како “власт”. Контрола скоро и не се вршит или толку је лабава, да се састоји просто на просто во рапорт од помалите на поголемите и во издавање нареѓење  од поголемите на помалите. Од сето ова народот не ги гледат со добри очи, веќ ги длабоко мрази, а до колку ги прима и слуша го чинит од страф. Воопште, целата работа на Комунис-тичката партија, раководителите одит на това - барем како ги гледам јас работите одавде - на секој начин да се сузбијат во народот помислата да можат Македонците да се одделат од Елада. Многу голем страф имат од таја помисла и затоа  на важните  раководни места не постављат будни Македонци, веќ или Грци или гркомани.

3. Протестот на народо је много голем и никаква вера немат да оваа борба ќе донесит разрешение, задовољавајуќе, на нивното национално прашање, веќ се убедени да пак Грците ќе ги излажат. Побудните протестират отворено, али Грците земат опширни мерки према тие луѓе осудувајќи ги на смрт, како Бугари и бугарски шпијуни. Од таква мерка нивна, пред неколку дена, од село Роби избегаа девет души, најбудни селани, во Бугарија. Во ними можи и да имаше некој врска со Бугарите, али сумњам да имаше во ними човек кој би бил активен шпијун, затоа, или Турунџето од Екши Су и тој е од ними осуден на смрт како Ванчовист, а пак тој во Македонскио народ ужива углед како најдобар, најборбен комунист. (Тој ти донесе едно моје писмо). Спротивно од ова пак, гркомани фатени за шпијунажа на Гестапо, судени  на таа работа (и ослободени) му се поклањат големо доверије (Ристо Папандопуло од Роби). Со тоа уште појќе здивуват масата. Од Костурско се викани на саслушање, дека протестират за кривата линија (на КПГ) двајца одлучни другари, долгогодишни работници на пролетерското дело.

4. Целиот народ овде имат големо доверије во нашите раководаства. Једина нада сне му ние. Стално барат да напрајме некако да раководиме ние и да му се одобри да идат со нашите чети. Јас разговарав со некој од раководителите на Партијата од Окружнио комитет за Лерин и ги убедив да треба да му позволат на луѓето да влегват во нашите чети. Со едно писмо од ИИ секретар Павле и еден член Сотири, тие одобрија да можиме да прибираме и од овој реон во нашите чети, смо со напомена да му ги дајме ко ќе ги побарат.

5. Није со Дејан (Киро Георгиевски, н.б.) му укажвиме на луѓето да је једини пат за стекнување на правата во денешниов момент влегување во борба. Сега ќе настојме да активизираме, да збираме доброволци и од оваа територија.

6. Во споразумо со Зерва (Зервас, командант на единиците на ЕЛАС, н.б) и Екка (Национална и социјална преродба, н.б.) и да не ти пишам. Јасно произлегви да је партијата нестабилна прирепашка и да ќе доведи вероватно до тешки последици. Народо македонски за тоа уште појќе се ожај. Во тоа вижда општо герчка солидарност и енглески влијание.

Би имало уште многу работи да ти пишам, али овие се најглавните. Затоа гледајте вие ако можите нешто да превземите да се опорај нешто ако се можи.

Званично не известија Грците (на 13. ИИИ.) оти се очеквал во најскоро време десант и то во Грција. Тие напрајле план и сите јединици ги расподелиле на одредените места по тој план... Меѓутим оттогаш поминаа еве осум дена и немат ништо.

Ме интерерсира вашето мислење по сите мои горни констатации, зато ако имаш време, пиши ми.

Другарски поздрав

Смрт на фашизмот - Слобода на народот.

„Пенко”

 

Извори за ослободителната војна...., т.И, кн.4, ИНИ, Скопје, 1975, док. 65, стр.281-284;

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.