Среда, 23 Октомври 2013   
Македонија прераснува во светска империја (334 година п.н.е.)

Map-alexander-empire

ПО  ПОКОРУВАЊЕТО  НА  ГРЧКИТЕ  ПОЛИСИ  АЛЕКСАНДАР  СЕ  ВРАЌА  ВО МАКЕДОНИЈА, ОДРЖУВА  ОЛИМПИСКИ  ИГРИ  И  ПРЕЗЕМА  ПОХОД  ВО ХЕЛЕСПОНТ

Откако го заврши сето тоа (се однесува на покорувањето на грчките полиси, н.б.), Александар се врати во Македонија; таму принесе жртва на Севс Олимписки (што беше правило од времето на Архелај) и во Ајга одржа олимписки игри.

Некои велат дека игрите ги одржал во чест на Музите.

И потоа се кажа дека кипот на Орфеј, синот на Ојагар Тракиецот постојано се потел во Пиерида; гатачите го објаснуваа ова најразлично; но Аристандар, човек од Телмиса, пророк, објави дека Александар треба да биде горд, зашто тоа значи дека поетите на епиката и на хорските песни и писателите ќе се изнамачат да создаваат дела, во кои ќе го воспеваат Александар и делата на Александар.

Откако му ги препушти обврските околу Македонија и Хелените на Антипатар, на самиот почеток на пролетта Александар поведе поход во Хелеспонт, предводејќи пешадија  со  лесно вооружени војници и стрелци не повеќе од триесет илјади, и над пет илјади коњаници...

Аријан,  Александровата  Анабаса..., кн. И, предговор ВИИ- Џ , стр.14-15

 

МАКЕДОНИЈА  ПРЕДВОДЕНА  ОД  КРАЛОТ  АЛЕКСАНДАР  ИИИ  МАКЕДОНСКИ

ВОЈУВА ВО ХЕЛЕСПОНТ И СТАСУВА  ДО  РЕКАТА  ГРАНИК

...Неговиот пат (на Александар и македонската војска, н.б.) водеше покрај Керкинитис Езеро кон Амфипол и делтата на реката Стримон... Ја помина и планината Пангај, кон Абдела и Маронеја, грчки приморски градови. Оттаму стаса и до реката Хебар... Откако ја мина Мелан... Кога стаса во Елајунт, му принесе жртва на Протесилај на гробот на Протесилај... Прв Протесилај стапнал во Азија. Целта на принесувањето на жртвата била стапнувањето да му излезе посреќно одошто на Протесилаја.

Перманион беше определен да го пренесе поголемиот дел од пешадијата и коњицата од Сестос во Абидос. Тие преминаа со сто и шеесет тримери и со многу други трговски кораби.

За Александар, пак, повеќемина велат дека од Елајунт допловил во Ахајското пристаниште и дека сам управувал со главниот кораб; а кога дошол на половина пат, крај Хелеспонт, дека заклал бик и во чест на Посејдон и на Нереидите од златна чаша полеал жртва во морето. Исто така има мислење, дека прв излегол од коработ на заиската земја целосно вооружен и дека им подигнал олтари - од каде што тргнал од Европа и каде што стапнал во Азија - на Севс - заштитникот на безбедното прис-тигнување, на Атена и на Херакле...

Кога Александар пристигна во Илиј, го овенча со златен венец кормиларот Менојтиј, а исто така атитенцот Харес,... и некои други - и Хелени и домашни, велат дека Хефајстион го овенчал гробот на Патрокло; други пак, дека го овенчал и гробот на Ахилеја. И му завидувал, како што вели, Александар на Ахилеј, зашто го добил Хомера за гласник на неговата посмртна слава ...

...И Александар не се бореше заедно со некого, ниту бегаше од Големиот Крал (се однесува на Дареј, кралот на Персија, н.б.), туку ги покоруваше оние, што ќе му се испречеа при походот кон морето… Но, нема ниту еден таков друг човек ни меѓу Хелените, ниту барбарите, што направил толку и такви дела ни според бројот, ниту според големината. Самиот јас изјавувам дека токму затоа и се зафатив со оваа историја, не сметајќи се за безвреден да ги прославам пред човештвото делата на Алек-сандар...

...Персиските војсководци беа Армаса, Реомитра, Петина и Нифата и со нив Спитридата...Тие веќе се беа залогориле кај градот Селеја со барбарската коњица и со Хелените платеници. Кога тие се советуваа за ситуацијата, откако беше јавено дека Александар преминал, Мемнон од Родос ги советуваше да не ризикуваат со војна против Македонците, кои беа далеку понадмоќни со пешадијата, особено што е Александар присутен, а Дареј не е со нив и бидејќи се во предност...

Притоа Александар напредуваше кон реката Граник со војската подготвена за борба, распоредувајќи ја двојно фалангата со тешко вооружените војници, со коњицата на крилата, а спремата одзади. Хегелох пак ја водеше извидницата, заедно со коњицата со сариси и петстотини лесно вооружени војници. И Александар не беше далеку од реката Граник, кога извидниците, кои јаваа со најголема брзина известија дека од другата страна на Граник Персијците стојат распоредени за борба. Александар тогаш целата војска ја распореди за бој...

Аријан,  Александровата  Анабаса..., кн. И,  предговор, ЏИИ-ЏИИИ , стр.15-17;

Д-р  Иван Алексов
 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.