Среда, 28 Август 2013   
Миграционите движења во текот на Првата светска војна

migraciiОвој процес на иселување од Егејска Македонија, како и започнатиот процес на конолизирање со емиграцијата од Кавказ и други области, се прекина поради настанатата ситуација...

Повлекувањето на српските војски од Вардарска Македонија и нејзино окупирање, како и на Источна Егејска Македонија од Бугарија и стационирање на сојузничките војски на територијата на Егејска Македонија.1

Со ова настана нов бран на емиграција на македонскиот народ и тоа во три правци. Незадоволни од српската, а подоцна и од бугарската окупација Македонците од овие области емигрираа во Егејска македонија, каде грчките власти во тоа време ги стационираше во пограничните области на Егејска Македонија: Лерин, Сорович, Острово, Виден, Меглен, Ениџе Вардар, Гумениџе, Бојмица, Кукуш.2

Од друга страна пак од Егејска Македонија се јави емигрирање во правец на територијата на Македонија окупирана од Бугарија, при што се избегнува регртирањето во грчката војска.

Првата Светска Војна за Грција заврши поволно. Таа се прошири и на Западна Тракија која со Букурешкиот мировен договор и припадна на Бугарја.

Македонците од Егејска Македонија претрпеа нови загуби поради принудни иселувања. Од друга страна, на територијата на Егејска Македонија била населена нова емиграција со прогрчки чувства и нивниот број изнесувал околку 100 000 лица.3 И покрај овие вештачки етнички граници состојбата во Егејска Македонија и понатаму остана неповолна за Грција. И натаму доминантно население во Егејска Македонија беше македонскиот народ. Освен тоа, еден дел од колонизаторското население во Егејска Македонија се состоше од Македонци од Пиринска и Вардарска Македонија, кои иако патријаршисти, во никој случај не им одговараа на Грците.4

1Sarrail general – Mon sommandement en Orient (1916-1918) грчки букви

2Државен архив Србије – Београд, Фонд, Избегличка архива Министерства иностраних дела – Владини комесари

3 грчки букви

4 Голем дел од Македонците – патријаршисти, кои во текот набалканските војни и Првата светска војна под влијанието на големогрчката пропаганда се иселија во Грција, соочени на самото место со вистината дека тие не се и не можат да бидат Грци, како што мислеле, по нормализацијата на состојбата с евратиле во своите домови. Таквите случаи најмногу ги има кај Македонците од Струмица и околината, од гевгелија, Дојран, Битола и битолско. (Лична анкета на Тодор Христов Симовски)

Превземено од Македониум

 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.