Среда, 21 Август 2013   
Составот и карактерот на Карнегиевата Комисија

Во почетокот д`Естурнел наведува кој се` е консултиран од останатите членови на Фондацијата при испраќањето на Поткомитетот, како и неговото составување. Но составувањето најблаго речено е очајно.

komisija

- Од САД - 1 ЧЛЕН – Семјуел Т. Датон. За него д`Естурнел само вели дека е соработник на Претседателот на Карнеги Фондацијата Николас Мјуреј Батлер и дека е професор на Универзитетот Колумбија. Уште ја фали неговата непристрасност, морал и пожртвуваност, но не наведува повеќе детали кога и како трга.

- Од ФРАНЦИЈА - 1 ЧЛЕН - Г.Жистен Годар, за кого д,Естурнел ќе рече

„Единствената Комисија со која јас претседавав од Париз не мислеше дека е потребно да се именува потпретседател во текот на нејзиното патување, генерален секретар, благајник и известувач. Г.Годар беше сето тоа и дури повеќе, доверлив пријател врз кого секој можеше да се потпре“.

Од ГЕРМАНИЈА - НЕМА ЧЛЕНОВИ – Имено за ова д`Естурнел вели:

„Двајца од нашите пријатели во Германија одговорија на нашата покана, проф. Расковски од Берлинскиот Универзитет и проф. Шикинг од Марбург, и двајцата докажани и прекрасни луѓе, колку учени толку непристрасни. На првиот, токму во моментот на неговото тргнување, за несреќа, му била одбиена потребната дозвола од Универзитетските власти. Вториот застанал во Белград и морам да кажам, бил целосно доведен во заблуда, поради околностите за кои ќе додадам неколку збора подоцна“.

- Oд АВСТРИЈА - НЕМА ЧЛЕНОВИ – Имено за ова д`Естурнел само ќе запише:

„Австрија придонесе поради изоставувањето на проф. Х. Ламаш, наш голем и благороден пријател, чиешто здравје го задржа дома, со проф. Редлих, чија соработка и во Виена и во Париз беше скапоцена“.

- Од АНГЛИЈА - 1 ЧЛЕН – Х.Н. Брејлсфорд . Имено за вториот Англичанец Френсис В. Хирст, уредник на весникот „Економист“, д`Естурнел културно ќе го фали неговиот допринос во подготвителните состаноци во Париз, но и тој избегнува да замине, па на терен оди само Брејлсфорд.

- Од РУСИЈА - НЕМА ЧЛЕНОВИ (?!) - За воља на вистината Павел Милјуков тргнува, но заради бугарофилство и недоверба од грчката и српската влада е вратен. Д`Естурнел спомнува само помош од проф. Максим Ковалевски, но за Милјуков го вели следното:

„Проф. Милјуков беше веднаш обвинет дека е многу непријателски расположен спрема Србите, а Брејлсфорд не помалку непријателски расположен спрема Грците“.

- Д`Естурнел ги брани двата члена, неуспешно. Тоа што Милјуков им е наклонет на Бугарите било кога и други по Европа ги бранеле и фалеле, избегнувајќи со ова да ја каже вистината дека Милјуков малку се “заборавил” во бранењата САМО на Бугарите, зашто тие никогаш не прекинале кај него.

- Нападите пак на Милјуков врз Србите (но и сите други освен се разбира – Бугарите) ги правда со тоа оти биле кога осудата била едногласна, што ќе рече кога и други ги напаѓале (?!). Со ова пак избегнал и да каже зошто пак “непристрасниот“ Милјуков се` избирал моменти кога Бугарите се фалени и бранети, а Србите се напаѓани и осудувани.

- Брелсфорд пак го брани од Грците со неговото учество во Критското востание како млад, не спомнувајќи ништо од конкретните обвинувања за врските со Софија.

Македониум

 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.