Среда, 11 Август 2021   
„Македонското прашање“ (јануари 1871 година)

ТИЕ СЕ ИСЦЕЛО МАКЕДОНЦИ, ЗАКЛУЧУВААТ МАКЕДОНИСТИТЕ И ПОСОЧУВААТ РАЗЛИКИ МЕЃУ МАКЕДОНСКОТО И БУГАРСКОТО НАРЕЧИЕ

 

Petko-Slaveikov“Најпосле македонското прашање излезе на јаве и се покажа во печатот. Ние велиме најпосле, зошто тоа прашање не е нова работа. Ние го заслушавме уште пред десетина години од некои Македонци. Најнапред ги зедовме зборовите на тие млади патриоти, тишината на нашите нетолку сериозни препирки. Така и ние мислевме до пред една -две години кога нови разговори со некои Македонци ни покажаа дека работата не е само голи зборови, но мисла што мнозина сакаат да ја спроведат во живот. И жално и тешко ни беше да слушаме такви зборови, зашто работата ни се гледаше доста деликатна, и особено во условите во коишто се најдуваме. Денеска тоа прашање веќе излезе на пазар, благодарение на несообразноста на еден од нашите собраќа и ние сме веќе принудени, сакале не сакале, да се јавиме.

Ние пак не сакавме да зборуваме никогаш за тоа прашање ако постоеше само одделот на учебните книги зашто ние не гледаме штета за тоа, дека некои сакаат да си ги учат децата на татковото си наречие; напротив, ние гледаме во тоа еден знак на освестување. Основната настава бива плодотворна само тогаш кога се предава на мајчин јазик којшто го разбираат децата. Грешката е во тоа да не се избере еден таков пат што нема да води кон разгледување на наречјата ами кон соединување  согласност. Колку што е грешнно да се учат македончињата на наречјето на горните Бугари, толку е грешно и тоа што се распарчува јазикот во училиштата на секакви наречја и секој да го следи своето, без најмалку внимание кон другите. Во таков случај секое наречје треба да си има своја книжевност и никојпат да не ја достигне онаа состојба што треба да ја има како книжевност на цел народ. Разлика во наречјата има кај сите европски народи и дури многу поголеми отколку кај нас; но ниту еден од тие народи не помислил да си го раздроби учебниот јазик на многу наречја и литератури. Тие избрале еден среден пат и примиле само еден учебен јазик, којшто е понапреднат меѓу нив. Тоа требаше да го направиме и ние. Од сите наречја требаше да избереме едно средно, кое да биде разбирливо за сите области и на него да си ги учиме децата. Тоа ќе биде и правилно и разумно и корисно, зашто ќе се запази единството на нашиот народ.

Само послениот услов е доста за да не претпази од секакво раздробување на нашата бедна литература и да не’ покрене против оние, што сакаат такво разделување. Но, кога во разделувањето влегуваат и други цели, цели за раскинување на уште несоединетиот наш народ, тогаш секој има право да се противи на такво зло. Таква цел се гледа дека имаат некои од нашите македонски браќа и таа цел ја кријат тие под превезот на јазикот и на неговите наречја; затоа си дозволуваме и ние да кажеме за македонското прашање.

Многупати сме слушнале од македонистите дека тие не биле Бугари ами Македонци, потомци на древните Македонци и секогаш сме чекале некакви докази за тоа, без да ги дочекаме. Македонистите никогаш не ни ја покажале заснованоста на таквото нивно мислење.  Тие се упорни во своето македонско потекло, коешто никако не можат да го протуркаат до кај што треба...

Но секако потеклото на Македонците од древните Македонци е од најсомнителните работи. Нивното мислење денеска може да се опре само на местото каде што живеат, а тоа е најважното. Кога старите Македонци живееле на истите тие места, зошто и денешните жители, да не се од македонска крв. Тие се в и с т и н с к и  М а к е д о н ц и, заклучуваат македонистите и се успокојуваат на своето големо откритие...

Сме слушнале и друго основание. Некои македонисти се делат од Бугарите по друга причина, по тоа  што тие се чисти Словени, а Бу-гарите се Татари и не знам што…

За да придадат сила на своето произволно основание македонистите посочуваат разлика меѓу македонското и горнобугарското наречје, од коешто првото било поблизу до словенскиот јазик, а второто било изме-шано со татаризми и др. Ние не сакаме да веруваме во сериозноста на слични укажувања како што не му се верува и на читателот, но бевме принудени да поверуваме кога видовме со колкава упорност се бранеше од македонистите. Нашите зборови дека разликата на наречјето ништо не покажува, дека тоа е последица на историски услови, а не на различно потекло, тие зборови ништо не помогнаа. Македонистите упорно си ос-танаа на своето.

Воопшто, мислењата на македонсистите немаат ни зрелост, ни еднаквост. Пожелно е да се види нивното учење наредено во општа форма, за да може наполно да се оцени неговата заснованост и неговите последици. Додека да го дочекаме тоа, ние ќе си дозволиме да искажеме тука неколку од последиците што ќе произлезат за нашиот народ и за македонистите од разделувањето....

...Може македонистите да мислат дека во народните работи ќе борават секојпат горните Бугари, како помногубројни и поразбудени и дека Македонците ќе останат на второ место. Тоа значат зборовите на македонистите: се откинавме од Грците под други ли да паднеме? Едно просто опстојателство, тоа е, дека горните Бугари досега пишуваа на свое наречје без најмалку внимание кон македонското, тоа се зема од Македонците како знак за горнина на горните Бугари, и за стремежот да заповедувааат. Но работата е далеку од такво значење, ние пишуваме на нашето наречје, зашто него го знаеме, а не од потценување на македонското. Кога ќе се засили изучувањето на јазикот кај нас и се разбере нуждата за општ книжевен јазик, ние со најголема благодарност ќе пишуваме на македонското наречје ако се види тоа за добро и полезно, или ќе го земеме од него она што е неопходно за дополнување.

Доколку се однесува за плашењето од бројот на горните Бугари и нивното побрзо разбудување, тоа не е прилично и да се споменува како што не треба да се гледа тоа и меѓу децата на еден татко. Дека некои се свестиле час порано од тоа не следува, дека тие треба да бидат погорни.

Нашиот заклучок е дека нема причина да се делиме и не треба да се делиме, ако си го сакаме народот и неговото добро”.

 

Петко. Р. Славејков,”Македонски в’прос” ( Цариград),  18 јануари 1871;

Блаже Конески, Кон македонската преродба, Македонските учебници од ЏИЏ век, ИИ издание, Скопје, 1959, стр.73-76;

Љ. Лапе, Одбрани текстови..., ИИ, стр. 1712-173;

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Бројот 7 за Наташа Колтар и бројот 82 за Данела Арсовска

Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ - Општина Центар-Скопје

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.