Среда, 06 Март 2013   
Животописот на Аристотел (I дел)

aristotle-platoЗа Аристотел, како за Македонец, ретко се спомнува неговото потекло за да не се утврдат сите аргументи на неговите македонски корени. Некому не му е драга вистината, ни пријателството.

Аристотел роден од татко Никомах од Стагира, царски лекар во Пела и мајка Фестијада, од Олинт или Халкида, во секој случај од македонското племство и со самото тоа што живеела во царските палати во Пела каде што и мажот, свекорот и претци до петто колено биле царски лекари на македонските династии.

Имотите на родителите Аристотел ги спомнува во тестаментот во Стагира и Халкида. Фестијада не била разведена од Никомах за да биде испратена на некое друго место за да го роди Аристотел и пак да се врати во Пела да живеат сите заедно. Тоа значи дека и Аристотел како и Филип, родени се во Пела, во исто време и ги делеле истите судбини со сите Македонци. Аминта и Никомах низ целата земја во Македонија граделе градови и школи за идните генерации на своите синови, за Филип и Аристотел. Од македонското крајбрежје градовите с# повеќе се граделе по на север. Пристаништата во Абдера, Амфипол, Олинт, Потидеја, Еге, Пинд, Дион биле напаѓани од пиратски флоти на стогодишната војна на град државичките со цел да ја загрозат македонската монархија, која с# повеќе јакнела. Во тој период, се удрени темелите на нови градови низ Пелагонија, почнувајќи од Пела, Бер, Воден, Стоби Хераклеја, Стибера, Лихнида с# до Скупи и многу други градови.

Филип II е нјголемиот градител и заштиник на Македонците. Аристотел, неговиот врсник е идејниот креатор на македонската политика во склад со филозофијата, блеснал со науките во еден тоталитарен систем на космополитски свет. Во тој IV в.п.н.е. блесна Македонија како единствена светска сила и држава.

Од раѓањето до смртта на Аристотел се случиле најважни настани за Македонија. Се обединиле сите племиња и народи во Филиповата држава помеѓу водите на Јадранско, Егејско и Црно Море до Дунав како природни граници. Потоа се создаде Александровата империја. Таква држава со фаланга и Македонци го консолидира светот со помош на филозофијата и науките на Аристотел, за да може да се сфати природата како храна на народите, како ресурси и како место за убаво живеење, поттик за уметничко творештво и градителство, со усогласеност и примена на универзални закони на логиката. Така кралевите и филозофите од Македонија го воведоа напредокот во цел свет до кој што стигнале под закрила на Цаловата Хламида и златните зраци на сонцето. Атина не ја сфатила улогата на филозофијата, затоа ги убивала филозофите, уметниците и научниците, странци метоци во Атина. Македонија се движела во друга похумана прогресивна насока. Затоа Аристотел Македонецот може да се разбере со анализа на животот на Филип Македонецот или најсилниот маж од Европа, како што ќе напише неговиот царски историчар Теопомп.

За Филип се знае животот; цар наследник на долга лоза владетели на македонската монархија, силен воин со жесток карактер којшто дипломатијата ја пуштал да врви пред копјата на фалангата и потоа да ги расчисти урнатините на градовите за да никнат нови македонски градби со познатите школи Лицеуми, Гимназиуми, Стадиуми Мегарони, палати каде што Аристотел ги реализирал сите научни и образовни цели. Предиспозицијата и на Филип и на Аристотел се покажаа во детството и македонското наследство.

Никомах, таткото на Аристотел потекнува од стара лекарска лоза чија професија поминувала од колено на колено, чие наследство се влече од Махаон, синот на Асклепио, опеан во Илијада. Исто и Хипократ потекнува од Асклепијадска фамилија и служи на поколенија македонски царски династички лози, како и дедо му Хипократ.

Аристотел и Филип од најрано детство во Пела биле школувани во школите, во царските палати со другите царски другари. Први учители им биле царските лекари и филозофи што е прастара традиција во Македонија уште од неолитот до Александрија и потоа. Прв учител на Аристотел бил татко му Никомах кој го вовел во природните науки преку медицината.

Тоа се гледа од “Никомахова етика” од Аристотел, дело посветено на сите доблести што ги поседувале сите Македонци, од цареви, лекари и филозофи до народот. Така Аристотел навлегол во етичка метода и материјалистичка ориентација во филозофијата, како и Асклепијадските принципи во медицината уште од детството дома. Од исти фамилии се царските лекари и филозофи од Архелај, Аминта, Филип и Александар до Клеопатра. Нормално е синот на Хипократ, Тесал, да биде лекар на Александар и синот на Никомах, Аристотел, да биде негов царски филозоф со сите свои тајфи на лекарските и филозофски фамилии што со векови опстојувале заедно со царските династии во школите по сите македонски градови. Науките и династиите во Македонија меѓусебно се условени со повратно дејство за напредок понудено како политика во космополитизам.

На Аристотел и неговите филозофи соработници им била достапна јонската, елејската и софистичката филозофија. Се гледа блискост и континуитет со целата таа плејада на филозофи што за прв пат Аристотел ги средил, именувал, ги образложил, собрани како историја на филозофијата и развиток на филозофската мисла надополнета со целосен систем на филозофските проблеми од самиот Аристотел. Сето тоа му го овозможи Филип II со приклучување на македонските градови од Егејското крајбрежје и островите кон македонската држава. Со напредувањето на Филип напредувале науките на Аристотел и станувале с# подостапни списите на сите филозофи и научници во служба на Македонија.

Еден друг момент од животот на Аристотел поврзан е со филозофијата што ни е познато од тестаментот. Имено, тоа што по смртта на татко му Никомах на Аристотел му бил одреден старателот Проксен од Атарнеја под управа на Хермија, пријател на Филип. Тие заедно со Филип од Атарнеја направиле македонска предстража и база каде што подоцна Парменион одвел 10.000 од македонската фаланга, подготвени за напад на Персија. Таму, кај Хермија, отишол Аристотел и со Теофраст, Ерасто и Кариско го добиле Ас како место за филозофска школа, под управа на владетел филозоф, какви што биле во суштина сите учени македонски владетели. За време на престојот кај Хермија, Аристотел се оженил со негова роднина и повторно се поврзал со племство од кој брак е родена ќерката Питијада, која што родила син Аристотел, исто така посветен во филозофијата.

Кога Персијци го убиле Хермија, Аристотел жалел како за роднина и пријател. Хермија умрел и не го предал Филипа. Аристотел му посветил химна и обележје во Делфи. Тоа Атина не му го простила и му ја понудиле кукута како на македонски филозоф, дојден во Атина со окупаторската фаланга на Александар, по уништувањето на Теба и воспоставувањето македонски гарнизони за управа на Атина и сите други градови, под хегемонија на Македонците.

Помошта за истражување во науките и посебно во филозофијата што ја примал Аристотел од татко му Никомах, Хипократ, Аминта, Филип и Александар, од Проксен, Хермија, Теофраст, Хипарх, Нелеј, Есхин и другите фифлозофи спомнати во тестаментите не се од Атина, туку од Македонија, со свои школи, ученици и учители во сите градови од дамнина. Видовме како во тие школи се одвивало образованието со меѓусебни обврски со учените луѓе од Македонија.

По смртта на Проксен, Аристотел станал старател на неговиот син Никанор и го посвоил, го одредил како наследник на библиотеката и како управник Гимназијарх на Гимназионот.

На еден Гимназијарх по име Никанор што му била посветена статуа пронајдена е во Гимназионот во Стибера. Тоа ли е статуата за Никанор што ја спомнува Аристотел во тестаментот, или е само случајно совпаѓање, не знаеме.

Тоа значи од својата 17-та година од 366 до 346 г.п.н.е. до смртта на Платон, Аристотел не можел да биде во Атина од повеќе причини. Во тие дваесет години Филип ги протерувал атинските доселеници од сите градови на македонското крајбрежје, а какви биле односите меѓу Атина и Македонија најдобро ни сведочат Демостеновите “Филипики”. Во тие немирни времиња ниту Атина ниту Плтон не можеле да му обезбедат на Аристотел такви Гимназиони и други школи за да може Аристотел да ги создава науките. Ако Атина била способна и богата како Македонија и ако навистина Аристотел бил таму да учи од Платон, уште тогаш ќе имало Лицеј во Атина, а не по триесет години кога Атина потпадна под хегемонија на Македонците. Платон бил сиромав до толку што кога патувал со лаѓи до Египет и Сиракуза шверцувал смокви, а кога Дионисие му откажал гостопримство и го продал како роб го откупил ученикот Аникерис. Во тоа време во Атина немало филозофи како Аристотел за да може од некој таму нешто да учи. Компелацијата на Платон од Сократовите и софистички филозофии подоцна е филувана, поткрадувајќи по нешто и од Аристотеловите науки. Аристотел немал ништо заедничко со Платон затоа на време го искритикувал и го отфрлил.

Тоа што влијаело врз Аристотел, тоа биле јонските и еленските филозофи. Пред с# Хераклит, Милетските и Питагорејските учења, Софистите и Демокрит, а сите тие биле блиски до македонскиот двор и го дале правото научно и филозофско ориентирање. Еден Македонец, еден научник како Аристотел не можел да живее и да работи во Атина без заштита на Филип и Александар и фалангата, присутна во Атина, што изградиле и школи и театар како услов за преиспитување не само на устав и закони на град државите, туку и за преиспитување на сите филозофски учења. Така, со широк и длабок ум Аристотел, татко на сите науки, не заслужил тужба од Атињаните за “безбожност”, како и на другите филозофи, не бил меток во македонската Атина.

Аристотел со писмо го известил Антипатар дека му била нудена кукута како и на Сократ. Свој човек не се убива така.

Кукута е билка многу распространета во Македонија. Расте крај буништа. Има крупни лисја, инкасти кремови цветови, со шупливи четвртасти стебла, со мирис на амонијак. Претставува силен отров од листот, цветот и коренот. Екстракт на отровот во густа жолтеникава течност има брзо дејство како и змиски отров. Учениците на Сократ присутни на усмртувањето го опишале дејството на кукута на трагичниот настан.

Ксенофон и другите ги опишале тоа вака: Прво на Сократ по испивањето на отровот му се здрвиле нозете и рацете, па му се здебелил и здрвил јазикот и на крајот му откажал мозокот. Сократ цело време зборувал и на крај порачал да се жртвува петел на Асклепио за здравје на другите. Во Стибера, во еден од олтарите, најдена е пепел и коски од петел. Жртвата била упатена кон Македонците.

Отровот со кукута Атина го практикувала многу долго врз интелектуалниот свет, странците, метоците, Македонците. Тој отров брзо ја згуснува крвта како пифтија и го блокирал крвотокот со сигурна смрт. Ете тоа е она што Атина му го подготви и на Аристотел. Ај наивно да веруваме дека Аристотел е “Грк” само затоа што во последните години бил во Атина , ама зошто Филип II да биде “Грк” кога не стапнал во Атина, застанал на Херонеја и ја упатил фалангата да ја спроведат волјата на Хегемонот. Само за тоа ли што ги покори го обожаваат, го присвојуваат, го прават “Елин”, иако животот го поминал во борба против Елините, што се именувани како Грци, за да изгледа дека Атина била поголема, а не само град државичка. Аристотел со ништо не припаѓа во таа средина ни тогаш, ни сега. Аристотел во Македонија имал од кого да учи и како да ги научи идните генерации. Кукута требало да биде симболот на Атина, а не утка. Кукута е првата инквизиција.

За животот на Аристотел многу е важна дисциплината на умот што ја гледал во Царскиот двор и фалангата, па ја применил во истражувачкиот систем на науките.

Тоа што најрано во детството го сретнал Аристотел и се соочил бил специјалниот начин на живот на Македонската монархија. Тоа било раскошот на парадното оружје, круна, скиптар, пурпурни наметки и Хламида на царот, прстен печат. Тоа е крал со презиме Македонец и договори потпишувани со кралот и Македонците, со кралот и фалангата, советници на кралот и другари, совет на старци познати уште кај Хомер и Херодот и крал што управува според законите.

Закони за наследство и старатели, грижа на генерациите за образованието и постоење на разни школи во сите македонски градови. Кралот во обреди, обраќање кон кралот, инсигнациите, симболите, оружјето, украси со симболи на сонце, лав за штитот, на шлемот, на градник, ликот на кралот, и името на кралот на монетите одбележани со Македонон и Василевс, со лента на глава. Василевс е титула на цар што во македонска варијанта се сретнува и во писмата и на парите околу илјада години и претставува цар над царевите, титула што од Александар поминале во македонската династија од македонска Византија и предадена е во Русија како македонско наследство. Василевс или Голем кнез се однесува и на Владика како функција од нависок ранг во религијата. Кога се зборува за крал тоа повеќе се однесува на племенски водач од наследен ред. Во Македонија кралот се прогласувал со удари со копје по штитовите како фанфари, исто како и победата на бојното поле. Царот и Владиката се единствени и принзати од сите други кралеви и народи. Уникатноста на кралот и народот, законите, управата, погребувањето и фреско декорацијата на могилите како и македонските мегарони во царските палати, сето тоа му било достапно на Аристотел како наследник на правата во македонските фамилии. Затоа и Аристотел го имал правото на членови на целата своја фамилија да подигнат статуи во храмовите царски права на филозофите цареви на науките, какво што било правото на царските фамилии. На статутата што Теофраст ја подигнал на Аристотел раскошно бил претставен и украсен како крал. Таа сега е во Минхен. Тоа се причини заради коишто Аристотел не можел да живее во Атина пред таму да стигнат Македонците и да воспостават ред. Аристотел тоа го сторил три години по Херонеја во 335 година кога бил изграден Гимназион за да го воспостави во Атина македонскиот образовен систем, и сите услови за работа какви што ги имал во Македонија, во големи имоти, каде што се школувале царските деца, идните владетели на светот со македонско потекло.

Животот на Филип и животот на Аристотел на исто подрачје, се одвивале остварувајќи заеднички цели за афирмирање на Македонија во светот. Денеска секој знае дека најумните и најславните имиња доаѓаат од Македонија во политиката, науките, религијата на кои им претходи митологијата и ги прати уметноста, како творештво на сите подрачја. Раскошниот царски живот на Аристотел бил услов, од филозофијата да направи царица на науките и потоа да се издифенцираат сите знаења во науки какви што се сега.

Angelina_Markus_copy

 

 

 

 

Ангелина Маркус

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.