Среда, 16 Јануари 2013   
Информација на Коста Морна за борбите и храброста на македонците во битката на Грамос

(17 април 1949 година)

gramos...Комунистите им ја продаваат Македонија на Словените. Во Грција не живее ни еден Словен. Словеномакедонците се Бугари, примитивци, долна раса што треба да ја снема, така дрдорат џелатите од Атина и нивните господари.

Но, кој може да му го порекне правото за слободен и независен државен живот на еден толку горд, чесен, слободољубив и херојски народ како што е македонскиот? Во гигантската борба за слобода, независност, демократија која се води во оваа славна земја, во Грција, први, масовно и сесрдно зедоа учество двојно поробените Македонци.

Денес со реорганизацијата на нашата влада (се однесува на Привремената демократска влада, н.б.), секој Македонец се чувствува за еден степен повисоко, бидејќи и тие земаат учество во неа. Мажи, жени и деца станаа на нозе и сите се во борба. Го нарамија оружјето и со неопишлив хероизам, прегрнати со грчките борци, се борат за да го урнат монархофашизмот, со што ќе им се отвори патот за нивната слободна, независна, демократска македонска земја.

Жена ми е пушката,
деца ми се патроните,
пеат и се борат...

Невидени досега херојства, недостижно јунаштво, офанзивни јуриши и мајсторства покажаа сите македонски борци, мажи и жени и раководните кадри на 108 бригада во новата епопеја на Грамос...

...Дожд од гранати истураше со лесниот минофрлач врз непријателскиот баталјон, водникот Танас Ташо. Тој, иако ранет ја продолжи борбата.

- Збратимување, партизани-војници! - Извика бившиот војник, Македонецот Сумтаков Вангел од село Екши-Су и падна мртов врз својот пушкомитралез.

-Да живее единството меѓу грчкиот и македонскиот народ - беа последните зборови на незаборавниот 58 годишен стрико Трајан Трајанов од Воштарени. Како мајка на четата го сметаа, стариот јунак, чиј син минатата година падна на Грамос како политкомесар на чета.

Политкомесарот Папазов Христо, водникот Захарија, смелата Поликсена Мишова и Ѓорѓи Зигованов, влеваа паника кај непријателот, а офанзивност кај своите борци…

Симбол на решителност, јунаштво и самопожртвуваност за Македонците и за целата бригада е нашиот скап херој, незаборавниот ветеран, капетанот Том Поп Димитров од Нестрам првиот партизан на Грамос... Неговата чета секогаш беше прва во борбата за ослободување на неговиот сакан Грамос, во кој израсна и каде што сега почива неговото тело, накитено со ордени и изрешетено со рани. Умирајќи тој извика:

“Да живее КПГ! Да живее слободна Македонија! Борци Македонци, продолжете ја светата борба...”

ДАРМ, ф: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, а/е 48/А/49;

А М, Егејска Македонија во НОБ 1949, т.ВИ, док.102. стр 214-216;
 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.