|
|
ОМО „Илинден“и ОМО „Илинден“ - ПИРИН |
ОМО „Илинден“ и ОМО "Илинден" - ПИРИНсе две од неколкуте македонски организации во Република Бугарија, во Пиринска Македонија. ОМО „Илинден“ е основана на 14 април1990 во градот Сандански преку обединување на други постоечки македонски организации. Во нејзин состав тогаш влегуваат: „Илинден-ВМРО 89 - Независна" од Благоевград, „Илинден - Независна“ од Софија, „Комитетот за заштита на правата на Македонците“ од Благоевград, „Комитетот на репресирани Македонци од Бугарија“, „Независниот демократски сојуз“ и „Културно-просветното друштво „Јане Сандански““ од село Микрево - Кресна. На обединувачкиот состанок се избира првото раководство: Стојан Георгиев Томовичин за претседател, Јордан Костадинов за потпретседател, и за членови на Координативниот совет Красимир Илиев и Стојан Бербатов. Во однос на името на обединетата организација, решено е да се отфрли предлогот за употреба на името „ВМРО“ поради неговото негативно значење во одредени моменти од македонската историја. Мнозинството го прифаќа името Обединета македонска организација „Илинден“. По падот на комунизмот, во Бугарија завладува голема еуфорија, а кај Македонците се раѓа надеж дека конечно ќе можат да ги повратат националните права од времето на комунистичкиот режим на Георги Димитров. До 10 мај 1990 година, ОМО „Илинден“ во своите редови има околу седум илјади членови, меѓу кои се и познатите активисти Сократ Маркилов, Илија Кочев, Георги Сухарев, Панде Илиев, Иван Тимчев, Кирил Богов, Иван Тасев и Атанас Доганов. Организацијата ги издавала весниците „Скорнување“ и „Независима Македонија“ (Независна Македонија), кои повеќе пати се одземани од бугарската полиција, а сега нивното печатање е запрено поради недостиг на финансиско обезбедување. На својата пета национална конференција, одржана на 21 септемви 2010 година во градот Сандански, во присуство на 98 делегати од Пиринска Македонија организацијата избра нов управувачки совет од 9 лица. Во него влегуваат претседателот Јордан Костадинов, Иван Хаџиев, Славчо Бараков, инж. Јордан Бербатов, Александар Манчев, Дарина Иванова, Божидар Кирјанов и Георги Андонов. Избрана е и ревизиска комисија во состав Петар Мирчев, инж.Тодор Арнаудов и Кирил Иванов. Донесена е одлука да се направи обид да биде регистрирана како невладина организација, како и да дејствува заедно со ОМО Илинден - Пирин за остварување човековите права на Македонците во Бугарија.
(ОМО "Илинден" - ПИРИН)Обединета македонска oрганизација "Илинден" - Партија за економски развој и интеграција на населението
Обединета македонска организација "Илинден" - Партија за економски развој и интеграција на населението (ОМО "Илинден" - ПИРИН е организација со либерални и демократски принципи и политика изградена врз основа на Бугарскиот Устав и законодавство, Рамковната Конвенција за Заштита на Националните Малцинства и сите други меѓунардони документи, чиј потписник е Република Бугарија, согласно статутот на организацијата. ОМО "Илиден" - ПИРИН е политичка партија на Македонците во Република Бугарија. Како организација на Македонците е формирана веднаш по падот на комунизмот во Бугарија, во ноември 1989 година, а веќе наредната 1990 година на 22 април го одржува првиот масовен собир на гробот на Јане Сандански по повод 80 години од неговата смрт во Роженскиот манастир на кој присуствуваат неколку илјади Македонци. Во 1999 година партијата ги собра потребниот број на потписи и ги исполни сите услови за регистрирање и учествуваше на локалните избори каде освои 5 градоначалнички места. Нејзината регистрација беше поништена од Уставниот суд на Република Бугарија на 29 февруари2000 година под образложение дека партија која изјаснува дека дел од територијата на Бугарија е туѓа и се залага за нејзиното отцепување од бугарската држава е против уставна и не смее да постои. По жалбата до Судот за човекови права во Стразбур и пресудата во корист на партијата, државата Бугарија на партијата и исплати оштета но нејзината регистрација не е вратена до ден денес со што не е исправено кривичното дело. Во поново време повторно е актуелно нејзиното регистрирање кое повторно се оспорува од бугарските државни органи кои не признаваат дека постои македонско малцинство во државата и воопшто не признаваат дека постои Македонскиот народ. Комитетот на министри при Советот на Европа одлучува да и се наложи на Бугарија да ја регистрира партијата. Партијата најмногу дејствува во Пиринска Македонија (Благоевградската област во југо-западна Бугарија) каде што е сконцентриран најголемиот број на Македонци во Бугарија. Според изјавите на еден од нејзините водачи Стојко Стојков, во Бугарија има 187.000 луѓе кои се декларират како Македонци. ОМО "Илинден" - ПИРИН покрај своите барања за признавање на малцински права на Македонците во Бугарија, активно учествува и во културниот и националниот живот на Македонците преку разни активности како одржување собири и честувања во Рожденскиот манастир на гробот на Јане Сандански по повод годишнините од неговото раѓање и загинување, издавање на весникот „Народна Волја“ на македонски јазик, организирање на разни фестивали и културни манифестации. |