Среда, 15 Март 2023   
„Роден во Македонија, место Москополе - natus in Macedonia loco Moszcopolii“ (1)

1br1234567890123456789123456789000

По неуспехот на Карпошовото востание во 1689 и смртта на генерал Пиколомини, австриската војска го напуштила Косово и северниот дел на Македонија. Пред налетот на Турците, голем дел од населението од овие простори во јануари 1690 година заминало кон Белград предводено од српскиот патријарх Арсениј III Црноевич. Тој во Белград свикал Црковно-народен собор, на кој било одлучено да се испрати преставник во Виена за да се утврдат условите под кои ќе живеат православното население во Австрија. По добивањето на повелбата на императорот Леополд I од 21 август 1690 година, што била одговор на овие барања, избеганиот народ во големи групи почнале да ги минуваат Сава и Дунав. Според зачуваните писмени сведоштва, на крајот на 1690 година, Арсениј изјавил дека има повеќе од 30.000 души, а шест години подоцна напишал дека има повеќе од 40.000 избеглици.

Во текот на 18 и 19 век, иселувањето од Македонија ќе се зголеми поради зулимите на турските бегови. Меѓу нив е и Али-паша Јанински (1741 – 5. Ⅱ 1822), кој прво бил османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, а потоа се одметнал од централната османлиска власт. По верното подаништво на султанот Селим Ⅲ, тој се осамостоил и се прогласил за независен владетел на Албанија, Епир и Мореја (Пелопонез) (1803), а потоа ја проширил својата власт и во Македонија, Тесалија и Грција. Поради суровоста во управувањето, влегол во народната традиција како беспримерен зулумќар, кој во 1788 г. го уништил Москополе, влашки град во близина на Корча.

По разурнувањето на повеќе илијадниот град Москополе, еден дел од Власите се раселиле по другите македонски градови, а едедел минале во Бугарија и Србија, а потоа преку Сава и Дунав во денешна Унгарија. Како одлични трговци Власите биле барани од градските власти за да се населат кај нив и да ја заживеат трговијата.  

По доаѓањето на територијата на денешна Унгарија, еден дел од македонските Власи се населиле во живописното градче Сентендре, северно од денешна Будимпешта. За нив пишува српскиот писател, новинар и генеолог Александар Бачко („Белешки за поедини семејства со влашко потекло“, Белград, 2018 година). Тој во првиот дел од својот труд опфаќа повеќе семејства од Македонија и Грција со влашко потекло, а во вториот дел се опишани поедини влашки благороднички семејства.

Бачко ќе наведе дека Сентендре бил обновен 1690 година, во време на големата преселба. Во Сентандреја „се населиле покрај славјанско население, власи, елинизирани власи  и грци. Тие биле трговци кои заради трговијата  се служеле со грчкиот јазик и се населиле во центарот на градот... Тие не биле староседелци. и претежно се работело за доселеници од јужните делови... Секако дека еден дел од семејствата со влашко потекло, кои живееја во Сентандреја во втората половина на 18 и потоа и 19 век, потекнуваа од доселениците од крајот на 17 век.  Во текот на 18 и 19 век постојат поединечни доселувања на власите. Голем дел од доселениците биле од Москополе, кои прво се посрбиле, а потоа станале и Унгарци.

Бидејќи нас не интересираат само семејствата кои потекнуваат од етно-геогравските граници и како тие се запишани во тогашните документи, тука ќе презентираме дел од списокот на житеелите на Сентендре со потекло од Македонија. За овие семејства Бачко ќе напише:

„Александар - Јован Александар (Joannes Alexander)  се спомнува како жител на Сентендре во 1775 година, Имал 45 години и се населил во Унгарија во 1743 година. Роден е во Македонија, во местото Ванча, околу 1730 година.

Барако - Јован Барако (Joannes Barako) се спомнува во 1787 година во пописот на власниците на куќни парцели, бр 49. Претците на Барако се доселени северно од Дунав и Сава во втората половина на 18 век. Дојдени се од Клисура во Егејска Македонија.

Бозда- Михаило Бозда (Michael Bozda). Се смета дека по потекло се од Москополе.

Бојаџи - Во книгата со задолжувања на новосадскиот трговец Хаџи Богдан Вулко, создадена помеѓу 1760 и 1785 година се наведува жител од Сентандреја Ангелак Бојаџи. Презимето Бојаџи се сретнува во влашко семејство во Земун (се спомнува во 1763/5 и 1774/5). Тамошнити членови биле доселени од Бугарија. Фамилијата Бојаџи е збележана во Крушево, Македонија. Нивните претци биле дојдени од Гопеш. Во 1813 година, Михајло Бојаџи испечатил граматика на „Македонско-влашки јазик“. Михајловите родители биле од Москополе, а тој бил роден во Виена, во 1870 година. Бил професор на старогрчки и новогрчки јазик во Петанската гимназија. Починал на 3 февруари 1842 година во Пешта. Судејќи по презимето на оваа сентандрејско семејство, нивниот родоначелник бил бојаџија (молер или фарбар)

Грамбован - Една од најпознатите трговски фирми во Сентендре, според податоците од 1755 година, била на браќата Грамбован. Во финансиките  дукументи на Сентандреа од 1786/87 година се спомнува Стефан Грамбован (Stephan Grambovan). Тој тогаш инвестирал дури 3400 форинти под интерес.  Стефан Грамбован (Stephanus Grambovan) бил роден околу 1715 година, по се изгледа во Елбасан (славјанско име Коњух - н.з)(Turcia Loco El -  Bassa Macedonia)

Постои споменик на Сентендреските гробишта на Јаков Грамбован (1746 – 16 ноември 1826)... Според презимето тие водат потекло од Грабове, населба во близината на Москополе.

Думча - Евген Думча (1838 - 1917) бил прв градоначалник на Сентендре. Потекнува од посрбено влашко семејство, а роден е во Пешта. Завршил гимназија и висока трговска школа во Виена, а во 1850 се населил во Сентендре. .. Евген повеќе пати бил биран за пратеник во унгарското собрание во Пешта. Во 1885 се спомнува како еден од застапниците на Србскиот народен црковен собир. Бил еден од најимотните жители на Сентандреја. Куќата на Думча се наоѓа на главната улица на Сентендре која го носи неговото име. Во 1755 година, во пописот на трговците од Турската империја на територијата на Хабсбуршката монархија, се наведуваат „неоженетите браќа Константин и Јован Думча родум од македското Москополе“.   

Горги - Александар Горги (Aleksandar Gyorgy…) се спомнува во документ од 1775 година. Тогаш имал 50 години, односно бил роден околу 1725 година. Роден е во Москополе (natus in Macedonia loco Moszcopolii), а во Унгарија дошол „пред 19 години“, односно околу 1756 година.

Козма - Михајло Козма (Michael Kozma) се спомнува во 1775 година како жител на Сентендре. Роден е околу 1735 година во Москополе (natus in Macedonia loco Moszcopolii), Се доселил во Унгарија околу 1749 година.

Конденович - Георгије Конденович се спомнува во 1775 година. Роден е во 1745 година во Москопоље (natus in Macedonia loco Moszcopolii), а во Унгарија преминал во 1757 година.

Константин - Јован Константин (Joannes Constantin) се спомнува во Сентендре во документ пишуван во 1775 година. Роден е во Костур, односно Касторија во Македонија (loco Castoria Macedoniae) околу 1741 година. На теренот на Хабзбуршката монархија преминал околку 1760 година.  

Ласкар - Константин Ласкар (Constantin Laszkar) се наведува во документ од пописот од 1774 година. Се доселил од Турција, а живеел во Сентендре. Во наредната 1775 година, забележани се детални податоци за Константин Ласкарис (Constantin Laszkar). Тогаш имал 49 години, што значи дека бил роден околу 1726 година. Неговото родно место е Шиписка во Македонија (natus in Macedonia loco Sipiska). Поточно се работи за населено место недалеку од Москополе.

Манастерли (Манастерлија, ... ) - Во матичните книги на Пожаревачката цква во Сентендре во средината или втората половина на 18 век запишано е Јован Манастирич. Тој сигурно е идентичен со жителот на Сентендре Јован Манастирлич (Joan. Manaszterlics), кој е споменат во документ од 13 јуни 1787 година.

Од Коморан, каде ова семејство е многу старо, највероватно водат потекло Сентендреските Манастерлии. Семејството Манастерлија во градот Коморан се спомнува во документите од 1655 година. Предокот на ова семејство, Петар Манастерлија добил во 1655 година добил благородничка титула од австрискиот цар Фердинанд III за себе, за своите наследници, како и за своите браќа Урбан и Димитрија. Според преданиата, претците на ова семејство дошле од Битола, односно Манастир, како што понаку се викал овој град. Се смета дека дошле во периодот после Мохачката ботка (1526 – н.з.)....

Подвојвода Јован (Јања Манастерлија) секако бил најисткнат член на на коморанско семејство. Тој бил најстаро дете на Петар Манастерлија. Бил одликуван за време на опсадата на Острогон во 1685 година. На 6/7 април 1691 година бил избран за подвојвода (висока функција – вицегенерал, вицедеспот). Истата година, 19 август, учествувал во битката кај Сланкамен на чело на 10.000 војници. За храброста бил награден со земја во Толнанската жупанија. Јован починал во 1706 година, како последица на рана добиена за време на лов. Јован имал пет деца, три сина и две ќерки. Неговиот син оберкапетан Адам загинал во Срем во борба со Турците. Синот Јосиф, роден 1705 година, пуковник на Варадинскиот пешачки полк загинал како последица на ранување во Морович, во 1749 година....“

Од последната овде презентирано семејство видливо е дека иселувањето од Македонија било многу порано од големата преселба предводена  од српскиот патријарх Арсениј III Црноевич во 1690 година. Исто така е забележливо дека во документите меѓу македонски градови се појавуваат имињата на Москополе и Елбасан.

1TihomirТихомир Каранфилов

(продолжува)    

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.