Среда, 02 Јуни 2010   
Почит кон оснивачот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски 1929-1998
Деновиве се навршија 12 години од смртта на Драган Богдановски оснивачот на ВМРО-ДПМНЕ во 1990 година.
На 17.06.2010 се навршуваат 20 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.
dragan-bogdanovskiДраган умира мира на 31.05.1998г. во местото Федериција Данска, на пат од шведска за Германија. Погребан е во Куманово на 01.08.1998 г.

Драган Богдановски, македонски емигрант, револуционер и борец за самостојна македонска држава, против комунистичкиот режим на СР Македонија, во состав на СФР Југославија и против режимите на Бугарија и Грција, каде сеуште се асимилираат Македонците, под нивните шовинистички власти, стана еден од најголемите современи поборци за македонската кауза, во македонското движење во дијаспора.

Поради македонска патриотска, национално-поплитичка дејност, во младите години, бива исфрлен од понатамошно школување, од југословенските факултети и универзитети.Така увидувајки ја иднината за понатамошно активирање, во движењето, емигрира тајно во 50 те години, од минатиот век и се населува во Шведска. Од таму и во околните земји, почнува да ја активира македонската емиграција. При тоа создава и менува повеќе македонски национално политички организации, партии, списанија и весници.

Пред оснивачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ, во Република Македонија, одржано на 17 Јуни 1990 година во Скопје, Драган Богдановски, од Шветска, Гојко Јаковлески од Берлин, Германија, Владо Транталовски од Ресен, Борис Змејковски и Љубчо Георгиевски од Скопје, во Берлин Германија, донеле одлука за преименување на предходно формираната ДПМНЕ во диаспората, со единствено име во ВМРО-ДПМНЕ.

Во наредните месеци, пред повекепартиските избори, во сеуште под Југословенска власт на СР Македонија, Драган Богдановски се врака во СР Македонија. Заедно со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, ствара нови ограноци и врши пред изборни кампањи, во скоро сите градови на СР Македонија. За одбележување е и говорот, пред иљијадната публика ,на митингот во Охрид. Паралелно со тоа се организираат и вршат Собранија во диаспората, каде се оформуваат ограноци на ВМРО-ДПМНЕ во Австралија, Канада и Европа, во соработка со Драган Богдановски и со централата на ВМРО-ДПМНЕ.

Позначајкните функции на Драган Богдановски во ДПМНЕ и во ВМРО-ДПМНЕ:

* Пртетседател на ДПМНЕ за диаспората;
* Почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, избран на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп одржан на 5-6 Април 1991 година и
* Претседател на задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа, од 1991 до 1993 година.

Драган Богдановски, поради неговиот немирен ревоилуционарен дух, поради отсуството со децении од родна Македонија и најпосле поради дел од неговите недосататоци, кои секој од нас ги има, во помала или во поголема мерка, при своите изразувања и усмени конверзации, бива изолируван до самоотстранување и до дистанцирање од ВМРО-ДПМНЕ.
Иако првиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на првата ВМРО-вска Влада на републиката, ЉГ, кој не беше доследен на ВМРО-вските принципи, за лојалност кон единствената ВМРО-ска партија и организација,кој како и неговиот министер,ЉБ, кои дезертираа од матицната ВМРО-ДПМНЕ, стварајки други политички партии, но првиот, користејки ги четирите светли букви, му најде мана, на оснивачот Драган Богдановски. Тој бугароман, како народот го нарекува,го нарекол Драган Богдановски за контрадикторна личност, поради свои лични проценки, интереси и мислења, наводно, околу неговото отслужување на 11-годишната затворска робија во Идризово, скопско. Без разлика на било што, г-динот Драган Богдановски останува засекогаш заслужен оснивач на ВМРО-ДПМНЕ.

Вршејки ги своите национално-политички-патриотски македонски должности, Драган Богдановски, почина на 31. Мај 1998 година, вероватно од срцев удар, во воз, патувајки од Шведска за Германија.

После неколку месеци, неговите посмртни остатоци, со помош на македонските патриоти, негови најблиски соработници, пренесени се од Шветска и погребано е во гробиштата во Куманово, Република Македонија. На погребот на македонскиот великан и оснивач на ВМРО-ДПМНЕ, во присаство на членови на неговото семејство, а за жал и срамот на неговите сопартијци, од централата на ВМРО-ДПМНЕ и ограноците од градовите на Република Македонија, кои под притисок на бугароманот Лубчо Георгиевски, никој од нив не присаствувал на погребот.

Од неговата смрт е навршено 12 години, баш во времето на отпочнувањето на прославата на 20 годишнината од оснивањето на денешната ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, кој го води Македонскиот народ и сите етнички жители на Република Македонија, кон прогрес и посветол живот, отколку тие политички комунистичкмо-социјалистички и шовинистички општества, против кој се бореше Драган Богдановски, оцекуваме , како подржувач од Македонците од републиката , а и од цела патриотска македонска диаспора, да му оддаде потребна почит и изрази признание за овој македонски великан.

Нека му е вечна слава и лесна македонската земја, на нашиот ценет Драган Богдановски, кој не задолжи сите нас и нашите идни Македонски генерации, да го продолжиме неговото дело за обединување и ослободување на Македонците и на Македонија.

Во приклучок на сопартијците и најблиските соработници, на Драган Богдановски, кои го создадоа и придонесоа за создавањето на ВМРО-ДПМНЕ,кои денес се покојни за да учествуваат со нас, во прославата на 20 годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, да ги спомнеме и оддадеме потребна почит. Тие несебични патриот се: Панко Самковски, Михаил Шариновски-Солунски, Крсто Шкодров, Спасе Трпоски и други од Австралија, како и поединци од Канада, Америка, Европа и Македонија, заедно со големиот Драган Богдановски, нека им е лесна земјата и вечна слава, амин !

Јанко ТОМОВ,
Бризбен, Австралија
 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.