Среда, 29 Јануари 2020   
Програма на македонските социјалисти од 1895 година

PROGRAMA

Васил Главинов (Велес, 1869 – Софија, 24.I.1929) е македонски деец, основоположник на социјалдемократското движење во Македонија. Бил член на Бугарското работничко друштво „Братство“, а во 1893 година ја формирал самостојната Македонска социјалдемократска група со задача да ја шири социјалистичката идеологија меѓу мекедонските печалбари и во Македонија. Бугарските социјалсти не го подржуваат и го прогласуваат за сепаратист во моментите кога се обидел Групата да прерасне во Македонска партија.

Во 1894 година Васил Главинов го формирал првото работничко културно просветно друштво во Велес. Групата на Главинов во 1895 година ги издава и првите македонски социјалистички весници „Револуција“ и Политичка свобода“, преку кои го повикуваат македонскиот народ за ослободување на Македонија и за создавање независна република. Голем дел од членовите на Групата влегле во Македонската револуционерна оргазнизација и учествувале во Илинденското востание како војводи и борци. По востанието, Главинов продолжува со класното работничко движење, а по Првата светска војна дејствувал во Бугарија каде и умира.

Во весникот „Револуција“, чиј главен уредник е Васил Главинов, а уредници ДимоХаџи Димов и Стојан Русев, македонските социјалисти ја печатат својата програма во 1895 година, во која ги изнесува основните принципи за ослободувањето на Македонија и нејзиното државно конституирање. Во оваа програма се вели:

„Република! Република! - беше извикот на Фрејлиграт, кога во 1848 година париските работници се кренаа како еден за да се заштитат од самоволијата на дебелите и надуени чорбаџии. Револуција! Револуција! - извикуваме ние сега, кога цела Македонија е преполнета со Арнаути, Черкези, Курди, војска и севозможни крвопијци. Несреќниот народ во Македонија веќе пет векови ги поднесува неподносливите маки и страдања од азијатскиот режим, поддржан од крунисаниот џелат и глупак Хамид, со целата негова џган од софти и молли. Тие закоравени и несовесни идиоти, за кои хуманоста и човекољубјето се фиктивни, неразбирливи работи, го ограбуваат и потискаат осиромашениот народ. Минуваат годините, минуват вековите, а Македонија е се уште нажалена и несреќна, цела потоната во таги и несреќи. Само дивото незнаење, дивата рутина, со кои се надахнати цариградските целати, може да ги создаде оние крвави сцени на кои робот почнал да гледа како на нешто обично, на нешто што не станало. Жестокостите и циничните грубоети, обесчестувањата и грабежите - тоа е целиот систем на гнилата турска империја! Тие примитивни луѓе и варвари, изроди на пеколот, со груба сила ја завладеале онаа просветена земја - поробената и несреќна Македонија - која едновремено е и лулка на европската цивилизација. Таа земја, која се гордее со своите славни традиции, со своите славни спомени - денес го влече тешкиот јарем на турското ропство. Гласот на Македонецот, кој е систематски задушуван од пет векови наваму, почнува да се крева. Неговиот подземен шепот ќе избувне со силата на величенствен и блескав вулкан, за да ги покрие со својата лава сите џелати и крвопијци, што ја обесчестуваат неговата жена и ќерка, му го грабат имотот и го набодуваат на ражен неговото мало дете. Тој глас чекал долго време за да се чуе сега со посилен и погрмежлив звук. Македонските долини и планини, горски карпи и пештери веќе се оросени со црвената крв на ограбениот роб-Македонец. Со пушка на рамо, со сабја в рака, тој веќе востанал за да се брани, да се заштити од јатаганот на гнасниот Арнаутин, од маждракот на дивиот Черкез. Оган и пламен вивнале во Македонија! Паланка, Кочани, Кратово и на многу други места, нашите браќа Македонци веќе ги пречекале дивите безмилосни поганци со отровниот куршум и остриот нож. Тие паднаа за слободата на нашата татковина. Чест и слава, поздрав и поклон на тие борци, имињата на кои први ќе бидат запишани во историјата на паднатите за слобода и независност на Македонија!

Тие крвави настани, коишто го раздвижија целото културно општество, го забрзаа и излегувањето на нашиот в. „Револуција". Нашиот прв збор, нашиот прв апел ќе биде: на оружје, на оружје! Планинските херои и борци, кои во овој момент се бијат со редовната турска војска и на кои животот им виси на конец, ја бараат нашата помош, нашата поткрепа! Нивната огорчена борба на живот или смрт е велика и нивниот глас не повикува да го издигнеме црвеното и крваво знаме на револуцијата, за да се пресметаме со омразнатите тирани и грабачи. Но, ако ние го испуштиме овој момент, треба да и дадеме нов правец, нов поттик на револуционерната борба што почнува.

Пред се, за да востане народот во Македонија, тој треба да биде подготвен и обучен. Се бара систематска пропаганда, неуморна дејност од страна на сите дејци што го имаат присрце ослободителниот идеал. Еве зошто ние излегуваме со в. „Револуција", која ќе биде орган на сите млади револуционери што се неразделно сврзани со напатената и потисната маса и тие најдостојно ќе можат да ги водат бунтовничките движења во неа. Тие млади сили, надахнати од принципите на револуционерниот социјализам, ќе внесат нови елементи во ослободителната борба. Како што рековме и во нашата покана, нашата парола ќе биде: Ослободувањето на Македонија е дело на самите Македонци. Само измачениот и потиснат Македонец, кој ја почувствувал сета тежина, неподносливата грубост на турскиот вандализам, само тој е компетентен да го бара соодветниот лек. Додека Македонците не се кренат сите до еден, никој нема да се заинтересира за нив. Борбата на војувачка Ерменија е пред нашите очи и тоа во случајов е блескав пример. Нашата револуционерна борба ќе биде прочистена од секакви духовни и шарлатански примеси. Никакви патрици и владици не се полезни за една борба, кога тие се пример на незнаење и дивотија. Ние нема да бараме затапување на народот во трнливи боцки на религијата и забавните песни и тропари на поповите. Со силата на науката, со силата на светлата политичка мисла, ние ќе го воспитуваме народот за да може тој да ја разбере ползата од сите слободољубиви институции на современата цивилизација. За таа цел ние нема да жалиме ниту труд, ниту здравје. На тој начин револуционерната борба ќе биде систематизирана и ќе го носи печатот на едно чисто народно движење. Зборовите и делата ние ги слеваме заедно и ја почнуваме својата борба. Како крајни револуционери и републиканци, надахнати од револуционерните струи на векот, ние ќе ја подготвуваме народната маса и кон едни послободољубиви општествени реформи. Како деца на својот век, ние не можеме да ги пренебрегнеме современите револуционерни струи. Ете зошто ние ги сметаме за непријатели на ослободителниот идеал сите оние фалшиви политиканти што се клањаат пред разни цареви, па биле тие руски, австриски или други. Оној што е поклоник на секаков вид тирани и бара помош од нив, тој не може да биде вистински борец за ослободувањето на Македонија.

Во својата систематски определена борба ние ќе ја пропагираме и идејата за создавање на една независна Македонска република. Нека знаат сите чорбаџии и лапачи дека Македонија по самата своја природа е и треба да биде центар на демократијата. Таа ќе биде стожерот околу кој ќе се вртат сите балкански државички. По врага нивниот фалшив идеал за целокупност, кога тие во неа гледаат само богат плен што ветува многу. Како интернационалисти, ние ќе ги приопштиме своите усилби кон тие на српските, хрватските, грчките и другите револуционери, и по тој начин ќе ја парализираме секоја шовинистичка агитација и ќе подготвиме удобен терен за создавање на една слободна и независна држава. Од народното движење ние ќе создадеме таков револуционерен поток кој со својата силна брзина ќе го смете сето старо гнило за да го отвори патот на младото и чесното.

Тоа се основните принципи на нашата револуционерна борба од кои ќе се раководиме во своите понатамошни акции. Ќе ја воспитуваме и будиме народната маса дотогаш, додека таа не се крене за да си извојува автономни права. И само во таков случај се можни елементи на туѓа и надворешна интервенција; дотогаш секој искрен борец нека работи и ја освестува масата. Само при таква трескава дејност ние ќе ја забрзаме ужасната одмазда и крвавата Македонска револуција за да се ослободи народот од сите неподносливи маки и да заживее еден почовечки живот.

Надевајќи се дека нашиот повик кон крвава борба ќе биде чуен од сите млади револуционери, а исто така и од истраданата и потисната маса во Македонија, завршуваме со извикот:

Долу турската тиранија!

Да живее републиканска Македонија!“

[ „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. том први, Скопје 1981, стр. 367 – 369) В. „Револуција". (Орган на Македонските револуционери). (Софија) г. 1(28. VI1895, стр. I - 2);]

Македонска нација

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.