Среда, 22 Јануари 2020   
ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ СВЕДОЧАТ ДЕКА СИТЕ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ ПОТЕКНУВААТ ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

makjaz

Документ кој датира од 1967-та, 1968-та и 1969-та година беше ексклузивно обелоденет во „Отворено студио“ на ТВ НОВА, во второто издание на емисијата „Кој ја разнебитува и уништува Македонија?“.

Се работи за извадок од светски признаената Вебстер енциклопедија во која стои дека сите словенски јазици потекнуваат од македонскиот јазик.

-Овој документ ми го даде мојот пријател Ставре Џиков кој истражувал и го пронашол во Лондон. Многу добро се гледа во графите кој е македонскиот јазик и кои сѐ јазици потекнуваат од него, изјави аналитичарот Сотир Костов.

На документот јасно се гледа дека македонскиот јазик е назначен како основен, а од него произлегуваат српско-хрватскиот, словенечкиот, бугарскиот, словачкиот, чешкиот, полскиот, рускиот, украинскиот и белорускиот.

Ова практично се надоврзува на неодамнешната изјава на рускиот претседател Владимир Путин кој на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов му рече „писменоста дојде кај нас токму од македонската почва.
Оценката на Путин дека словенската писменост дошла од македонска почва се потпира на резултатите до кои дошла науката во неговата земја.
Трајко Стаматоски (92) и припаѓа на плејадата големи македонски лингвисти, кој е современик и на кодификацијата на македонскиот литературен јазик и неговиот современ развој. Тој е еден од најпочитуваните слависти на Балканот. Стаматоски оценува дека нападите од политичките и научните структури во Бугарија врз рускиот претседател Владимир Путин по неговата изјава дека „писменоста дојде кај нас токму од македонската почва“ имаат „доза на невкус". Стаматоски нагласува дека Путин во својата изјава се потпрел на резултатите до кои дошла науката во Русија. Во целиот научен славистички свет јазикот на кој што Кирил и Методиј ги напишале и превеле делата се нарекува старословенски. Само во бугарската наука му се дава на тој јазик национална ознака.
Путин е државник на најголемата словенска земја. Тој лично не мора да ги знае подробностите од секое актуелно прашање. Но, тој секако има опкружување од добро верзирани во секаква проблематика. Едноставно, тој се потпира на резултатите до кои дошла науката во неговата земја.
Кирил и Методиј и самите напишале дека ги превеле своите дела на јазик словенски. Затоа во научниот свет нивниот јазик се нарекува старословенски.

Инаку, словенските јазици сочинуваат една од најголемите групи на индоевропски јазици. Најмногу се зборуваат во Европа, но исто така и во северна Азија, односно во азискиот дел од територијата на Руската Федерација.

Словенските јазици се делат на неколку главни групи:

прасловенски јазик
источнословенски јазици
староруски јазик (рус(ь)(с)кыи) †
белоруски јазик (беларуская)
русински јазик (русинська)
руски јазик (русский)
украински јазик (украї́нська)
јужнословенски јазици
источна група
старословенски јазик (словѣ́ньскъ ѩзꙑ́къ, Native name of Old Church Slavonic in Glagolitic.svg) †
бугарски јазик (български)
македонски јазик

западна група
босански јазик (bosanski)
словенечки јазик (slovenščina)
српски јазик (српски/ srpski)
хрватски јазик (hrvatski)
црногорски јазик (црногорски/ crnogorski)
западнословенски јазици

лехитска група
полапски јазик (slüvensťĕ) †
полски јазик (polski)
поморски јазици
кашупски јазик (kaszëbsczi)
словински јазик (słowińskô) †

лужичка група
горно лужички јазик (hornjoserbsce)
долно лужички јазик (dolnoserbski)
чешко-словачка група
словачки јазик (slovenčina)
чешки јазик (čeština)

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.