Среда, 21 Август 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (18)

a 2

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (18)

Согледувајќи ја состојбата во Западна Македонија, каде се повеќе се нарушуваат правата на македонскиот народ, Маноил Мане Јаковлевски со своите пријатели барајќи излаз пред неколку години создава „Стратегија за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Единиците на Локалната Самоуправа, каде што мнозинство или во значителен број се припадниците на малцинските етнички заедници“. 

Оваа стратегија била доставена до тогашната влада предводена од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Авторот Киро Кипровски оваа Стратегија ја објавува во кнгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“.

Со оглед дека од тогаш до денес состојбата не се изменети, напротив со промената на името, прифаќањето на Тиранската платформа и донесувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на сегашната влада предводена од Зоран Заев, состојбата се влоши не само во Западна Македонија туку и пошироко, во целост ви ја презентираме оваа Стратегија во која се вели:

„Вовед, Никогаш не смее да се заборави... Името на државата е идентитетот на нацијата! Македонија е заеднички именител и заеднички содржател. Македонија е трајна вредност за сите во државата, независно од нивното етничко потекло и верско уверување! Само како Македонци, и никако поинаку освен како Македонци, сме граѓани на државата Македонија! Македонија ни припаѓа нам, на Македонците, како нејзини граѓани! Македонците имаат сила и вера за Македонија! Македонците веруваат во Македонија!

Унапредувањето на положбата, правата и слободите на Македонците православни и Македонците муслимани, во единиците на локалната самоуправа, каде што мнозинство или во значителен број, живеат припадниците на малцинските етнички заедници е невозможно без системски мерки кон нив, затоа што тие во овие општини го детерминираат обемот и квалитетот на правата и слободите на Македонците.

Во државата Македонија, суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, независно од нивното етничко потекло и верско уверување, но носител на државноста е македонскиот народ! Државата Македонија ја гарантира заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет и ги почитува правото на културна автономија и еднаквоста на малцинските етнички заедници пред Уставот и законите. Но, малцинските етнички заедници се должни, да го говорат македонскиот јазик како службен јазик, на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи и да ги почитуваат македонските закони!

Во Македонија најстрого треба да биде казнет секој, кој поттикнува и разгорува етничка, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост!

Македонците, христијани и муслимани, како мнозински народ, го почитуваат етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на малцинските етнички заедници, но најостро се спротивставуваат на демакедонизацијата на Македонија и на Македонците преку нивната вера! Македонците, христијан и имуслимани, имаат историска одговорност за семакедонско помирување и обединување, независно од предизвиците и искушенијата, затоа што единството е најмоќната гаранција за Македонија на Македонците!

Неодминлива е загриженоста заради неконтролираната албанизација на северозападна Македонија, поради непочитување на уставноста и законитоста од припадниците на албанската заедница и неконтролираниот механички прилив на Албанци од Албанија и Косово во Македонија.

Неодминлива е загриженоста, заради неконтролираната албанизација на јавната и државната администрација. Иако, припадниците на албанската етничка заедница, во вкупното население ги нема повеќе од 17%, јавната и државната администрација се рекомпонира со 25% до цели 50% во министерствата и јавните претпријатија и установи, каде што одговорно лице е Албанец. Станува збор за претежно некомпетентни кадри, кои не го говорат дури ни македонскиот јазик.

Предлог општи мерки

- Полицијата во Гостивар да се оддели од Тетово, и во Гостивар да прерасне во СВР, а началник во гостиварското СВР да биде Македонец;

- Во Државна безбедност и Контраразузнавање (ДБК), да се зголеми бројот на вработени и секогаш во Тетово и Гостивар началник на ДБК да биде Македонец;

- Системот на хидроцентрали Маврово, да го пренесе седиштето од општина Гостивар во општина Маврово–Ростуше;

- Директор на јавното претпријатие за пасишта да биде Македонец православен или Македонец муслиман;

- Детското одморалиште Бунец, да биде пренаменето за потребите на МВР или АРМ;

- На Националниот парк Маврово во општина Маврово–Ростуше, директор да биде секогаш Македонец муслиман од општина Маврово–Ростуше;

- Промоција на акција трето дете, преку Македонската православна црква, помош на Македонската православна црква-ОА во епархиите и црковните општини во северозападниот дел на Македонија;

-  Стратегија на Владата за развој во северо-западниот дел на Македонија, со вработување на Македонци во единиците на локалната самоуправа, каде што мнозинство или во значителен број живеат припадниците на малцинските етнички заедници, со цел не менување на етничкиот состав на населението;

- Изградба на руска индустриска зона на потегот Ново Село (регионален пат Гостивар-Охрид) општина Маврово–Ростуше;

- Изградба на кинеска индустриска зона на потегот Стенче-Волковија, општина Тетово;

- Повеќе директори на јавни претпријатија од Западна Македонија, како би се покажало поголемо влијание на Македонците во извршната власт;

- Донесување на Закон за прогласување на Охрид за светски сеправославен центар;

- Склучување на билатерален договор меѓу македонската и руската влада, за доделување на 10.000 м2 во Охрид, за изградба на руски манастир „Светите Борис и Глеб“ и 10.000 м2 во Москва за изградба на македонски манастир „Светите Климент и Наум Охридски“.

Манојил Мане Јаковлески беше иницијатор и организатор за подготовка, потпишување и испраќање на Стратегијата до Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија. Петнаесетмина Македонци од православна и исламска вероисповед од Гостивар, Кичево, Другово, Жировница, Ростуше, Скудриње и Маврово, ја потпишаа Стратегијата, а претседател на иницијативниот одбор беше архимандрит Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.

Потписници на документот беа: Отец Партениј, игумен на Бигорскиот манастир; Манојил Јаковлески од с. Зубовце–Гостивар; Онер Јакупоски, с. Скудриње; Љатиф Пајкоски од с.Жировница; Мукрем Мехмеди од с.Скудриње; Сашо Аќимовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Гостивар; Бојда Исмаил, Ашим Зекироски, Фатмир Имероски, Тодор Петров од СМК; Реџеп Реџеповски, Љупчо Тодоровски од с.Лазарополе; Киро Кипроски, новинар од Гостивар; Делче Ицков од Гостивар; Лоран Страшевски, стоматолог од Гостивар Добре Никоски, с. Другово, Кичевско; Влатко Билески од Кичево; Мират Оручоски и АнтеАрсовски.“

Многумина ваквата стратегија ќе ја оквалификуваат како антиалбанска или антиамериканска. Меѓутоа, сите како да забораваат дека по Скопскиот земјотрес 1963 година во обнова на градот за првпат по Втората светска војна заедно работеа американската и руската војска. И не само тие туку сили од целиот свет меѓу кои и Кина.  Исто така не е насочена ни против албанското малцинство во земјата. Таа има единствена цел да ја подобри состојбата не само на македонскиот народ, туку и во земјата чии институции се деломно блокирани.

(продолжува)

Kopnezпотписниците на стратегијата

Текст и фотографии: Киро Кипроски

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.