Среда, 22 Мај 2019   
Подемот на Александар III по смртта на Филип II

aleksandar-megju-nas

Подемот на Александар III по смртта на Филип II

Александар Ристевски

Апстракт: По смртта на Филип II, младиот Александар се соочува со многу предизвици. Иако неговите желби и аспирации се кон Персија и Египет, тој најпрво ќе мора да се справи со нападите кои ги трпи од север на Дунав од страна на Трибалите. Потешкотии има и на политички план, каде што е под постојан напад од страна на Демостен. Ова е период во кој тој мора да се докаже и како добар политичар, на страна од неговата војничка умешност.

По смртта на Филип II Македонски, на младиот Александар му е сосема јасно дека брзо ќе треба да ја докаже и покаже својата моќ. Демостен не пропуштил да искоментира дека „од момченцето не требало да се очекува ништо. Дека немало да мрдне од Македонија и дека ќе се шетал низ Пела“.

Самиот Демостен играл доста важна улога при побуната на Теба. Тој ја ширел инфомацијата дека Трибалите ја уништиле македонската војска, заедно со нејзиниот крал, и со него се појавил човек кој тврдел дека самиот тој бил ранет во битка, во која кралот погинал. Демостен ги мотивирал и подржувал полисите од Пелопонес, да со воена сила ги потдржат Тебанците. По Александровата победа тој вели дека е спремен да им прости на Атинците, ако му ги предадат антимакедонските стратези, меѓу кои и Харидем, Ликург, Хиперид и Демостен. Во Собранието, подршкта на ова барање од страна на Фокион е проследена со громогласно „уа“, при што Демостен настапува со говор давајќи пример со басната со овците, кои ги предале своите кучиња на волкот.          

Благодарение на Демад, Александар настапува попустливо благодарение на зборовите според кои Демостен и останатите се толку посрамени да нивниот збор не вреди ништо. По уништувањето на Теба на Демостен му се вади афера дека проневерил персиско злато за лична корист. Некои податоци говорат за тоа дека тој му платил на Демад за де тој го застапува кај Александар. Можеби, за ова говори фактот што по таа 335 година, однесувањето на Демостен кон Александар станува многу по попустливо, и секој пат кога требало граѓаните да бидат повикани на востание или отпор, тој изјавувал дека треба да се настапи претпазливо и да не им се помага ни на Спарта, ни на Милет. Тука се гледа разликата во неговото однесување и дејствување од периодот кога го напаѓал Филип и овој, во кој е амбивалентен.         

Неговиот развој како политичар од сите страни бил строго оценуван.  Му префрлале за превртливост, недоследност, соработка со непријателот, па дури и за предавство, коментари кои воглавно биле злонамерни. Тешко дека Демостен може да биде карактеризиран како демагошки опортунист. Тој неретко завземал став спротивен од тој на народните маси, затоа што попрво сакал да биде груб и реален, отколку слаткоречив. Некои сметаат дека после големата вербална воинственост 335-та, тој станал малодушен.        

Александар пред својот планиран поход кон Азија сакал да се осигура на домашен терен, па со себе зема воглавно грчка војска, а на Антипатар му ги препушта големите македонски одреди. Демостен останува претпазлив во своите ставои и коментари, и советува да не се потдржи Агис III, кој набргу ќе биде поразен и убиен. Александар за да ги придобие Атинци ги ослободува атинските војници заробени кај Граник, а ветува дека ќе го запали Персеполис, како одмазда за Акропол.           

Во случајотЗа Венецот, Демостен наоѓа добра можност да ги одбрани своите ставови за својаа попустлива и превртлива политика, посебно околу не потдржувањето на Агис, како и моѓност да се конфронтира со Ајсхин околу нивните различни гледишта од предходно. Ајсхин, зборувал прв и во својот говор, го посочува Демостан за главен кривец за се, дури и неколку пати повторува: „Демостен и носи несреќа на Атина!“

Демостен при одбраната се поставува така што се претвора во обвинител и во Ајсхин го разоткрива предавникот кој ја предал Грција на Филип. Тој многу внимава да не признае дека тој етој кој ги туркал Грците во безнадежна битка, велејќи дека Филип сепак можел да биде потиснат и дека ниедна битка однапред не е позната. Пресудата со огромно мнозинство била на страната на демостен, а Ајсхин дури морал да плати парична казна, по што пострамен решил да се исели и да замине на Родос каде што бил учител по реторика.       

Што друго да се каже за Демостен освен дека во периодот на владеењето на Александар се трудел да го оствари тоа што го наумил, ослободување на грчките територии, но и да ја сочува својата глава. Неговата прагматичност функционирала се до моментите кога е затворен. По краток период успева да избега од не така строго чуваните атински затвори и да побегне во Тројзен. По смртта на Александар летото 323 година п.н.е доаѓа до бунт кај Грците за нивно ослободување, а Демостен се враќа на голема врата со вратен углед, дури и народот гласа за негово враќање и му дава 50 таланти, за да се ослободи од своот долг. Бунтот не успева 321г. по многу борби, Грците се разбиени, главните водачи покорени или убиени, додека Демостен се крие на островот Калаурија, каде што пишувајќи го своето последно писмо, труејќи се со графит тој се самоубива.   

Трибалите, исто како и останатите околни племиња при дознавањето на информацијата за смртта на Филип II, се решиле за бунт со цел за одметнување од македонската зависност. Младиот Александар сметал дека не смее да се впушта во војна со Персија, пред да ги присили на покорност соседните племиња. Првиот негов голем воен поход, пролетта 335 година п.н.е бил токму против Трибалите. Без оглед колку тој поход за самите Трибали бил кобен, тој настан ги внел да станат дел од светската историја. Во историјата на Трибалите, војната со Александар завзема централно место.      

Информациите кои постојат за војувањето на Александар со Трибалите се доста обемни, благодарение на пишаните информации на Аријан, кои се заснивале на раскажувањата на големиот современик и учесник на Александровите битки и оснивачот на македонската династија во Египет, Птоломеј Лаг. Тој запишал дека штом започнала пролетта, Александар тргнал во Тракија против Трибалите и Илирите затоа што чул дека тие се побуниле, а не сакал своите соседи да ги остави не покорени до крај, знаејќи даке се спрема за на поход кон исток. Тој тргнал од Амфиполис и навлегол во Тракија, движејќи се така што ги имал градот Филипи и планината Орбел од својата лева страна. Откако ја поминал реката Нест, десеттиот ден стигнал до планината Хема. Во теснецот низ планината Тракијците пробале да му го попречат патот, и по стрмнината со коли да насрнат на македонската фалангата и да ја разбијат. Александар наредил да војската нагло се тргне по страните и да ги пропушта колите, а во местата каде теснецот бил претесен, да легнат и да се покријат со своите штитовите. Успехот бил зачудувачки – ниту еден Македонец не настрадал. Тогаш тој преминал во противнапад и на Тракијците им нанел огромни загуби и запленил огромен плен, кој го предал на Лисаниј и Филота, а самиот преку планината Хема продолжил кон земјата на Трибалите, на реката Лигин. Кралот на Трибалите Сирмо, заедно со својата војска побегнаа и се засолнил на некоја од дунавските ади. Подоцна тие се стационирале на брегот од реката, покрај една шума. Александар ја распоредил фалангата во длабоки редови, и тргал со тоа што им наредил стрелците да истрчаат напред со што стрелајќи би го истерале противникот од шумата на отворено. Во моментот кога ги извекол од шумата, Александар му наредува на Филота да нападне со горно македонската коњаница од десно крило. Со Хераклид и Сополис, нападнал по левото крило. Во таа битка околу 3000 Трибали погинале, а останатите се разбегале, додека кај Македонците погинале 11 коњаници и околу 400 припадници на пешадијата.       

Три дена по битката, Александар стигнува на Истар и допловува до островот каде се засолниле Тракијците и Трибалите и пробува да се истовари, но струјата и лошата теренска конфигурација му го оневозможува тоа, па се повлекува со своите бродови, одлучува да ја помине Истар и да удри на Гетите. При своето враќање кон дома, проаѓа низ земјата на Агријаните и Пеонците.        

На голем проблем научници им претставувало определувањето на патеката по која Александар го поминал Балканот, и каде точно избил на Дунав. Забуната ја правеле двата града со името на неговиот татко, Филипи во подножјето на Пангајската гора и Филипополис кај сегашен Пловдив. Размислувањата често воделе до нелогични теории околу тоа зошто Александар кружел или заобиколувал непотребно некои места, но се се’ разјаснило кога се открило дека постоел усте еден град кој го носел името наа Филип, во Парорбелија на подножјето на планината Орбела, западно од Стримон, а јужно од Беласица. Сите вакви неконкретни информации дезинформирале околу тоа каде точно биле населени Тракијците и Трибалите. Уште поголема недоумица се јавува при потребата да се одреди каде се наоѓал островот на Дунав на кој Трибалите нашле засолниште. Дали тој бил на устието на Дунав или пак назад узводно? Некои научници сакаат да протуркаат теорија дека се или два острови со исто име, или дека тоа е всушност познатиот островот Пеуке. Како и да е, ниедна од овие теории не звучи издржано, што тера на сомнеж кон дадената теза, затоа што многу прашања и овој пат остануваат неодговорени.     

Различни се и информациите околу начинот на организирање на војската на Трибалите и нивниот распоред на терен. Во збирката „Интересни обичаи“ на Никола од Дамаск пишува дека Трибалите ги  распоредувале силите во четири бојни редови: напред оделе оние најслабите, по нив оние најсилните, потоа коњицата и на крајот жените кои со навреди и колнење го спречувале бегството на војниците наназад. Се работело за организирана воена формација која за разлика од кај многу други племиња, се заснивала на одреден концепт за организирано војување. Александар сериозно го сватил овој свој поход и повикал воени бродови кои од Визант преку Црното море и Дунав дошле до островот на кој биле стационирани Трибалите, како и чамци кои ги зел од локалното тамошно население. Победата на военото поле отварала можност да се заробат или превземат голем број робови, стока и друг подвижен имот што за Александар бил дополнителен мотив.         

Иако истоварувањето на островот не било успешно и иако трибалскиот крал и неговите сили не биле во тој момент поразени, преодот од левата страна на реката и војувањето со Гетите предизвикало да сите околни племиња поитале да се „спријателат“ со Александар, па дури и Сирмо, кралот на Трибалите испратил дарови за младиот македонски крал, со што формално ја изразил својата покорност. Од тој момент територијата на Трибалите може да биде земена во предвид како територија која Александар ја имал под своја контрола и со тоа да се промени дотогаш евидентираната граница на неговото кралство на север.         

Војувањето на Филип и Александар на северните граници на Македонија, не било со цел да се прошири македонската држава, туку за јачање на нејзината власт и стекнување на богатство. Покорените племиња – Трибали, Илири, Дарданци, Пеонци, Агријани ги зачувале своите домашни владетели со неизменето политичко уредување. Нивната потчинетост кон македонскиот крал се манифестирала со давање војска, плаќање на данок и слично. Трибалите учествувале и со еден контингент на војска, при Александровите походи на Исток, каде што во пишаните материјали се вели дека покрај македонските, грчките и наемните (платениците) војници, имало и 7000 Одризи, Трибали и Илири. Името на Трибалите било споменуваново скоро сите поголеми битки на Александар, па може да се земе за сосема веројатно дека нив им било обврзно да праќаат контингент со војска постојано.

Литература

  1. 1.      F.PAPAZOGLU, Srednje balkanska plemena u predrimsko doba, Sarajevo 1969, str.23-35; 38-43
  2. 2.      П. Крлије, Демостен, Скопје 1994, стр. 222 – 255
  3. 3.      Миќуновиќ, Љубо; Современ лексикон на странски зборови и изрази –Наша книга, Скопје 1990
 

На прво место

News image

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна

Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начино...

Историја

News image

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ ШТО НЕ СМЕ ГИ УЧЕЛЕ ВО НИЕДНА ИСТОРИЈА!

ВИКИЛИКС ОБЈАВИ ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ ШТО НЕ СМЕ ГИ УЧЕЛЕ ВО НИЕДНА ИСТОРИЈА!

Иселеници

News image

ПОЧИНА ПАТРИОТОТ СЕРГИЈА СЕКУЛОСКИ

По подолго боледување на 15.11.2019 година прекрати да ч...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (17)

ЕВРЕИТЕ, ИЗРАЕЛ И ХОЛОКАУСТОТ

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (36)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – II ДЕЛ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.