Среда, 21 Октомври 2020   
23 октомври - Ден на македонската револуционерна борба

1vmro23.октомври 1893 -  Во Солун е основана  Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), која подоцна станува македонско национално движење и дејствува со цел за извојување автономија  на Македонија преку револуционерна борба.

23.октомври 1893 во Солун беше основана Македонската револуционерна организавија. Во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмината македонски дејци Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антов Димитров и Христо Батанџиев ги поставија темелите на  Организацијата. Тогаш беше создадена конспиративна група која ја нарекуваат Македонски револуционерен комитет. Тој ден, 23 октомври, од 2007 година се слави како Ден на македонската револуционерна борба.

По поставувањето на основите на Македонската револуционерна организација во 1893 година се развила изразита организациона дејност. Сознанието дека во Македонија постојат услови за развивање на усилена револуционерна активност ги охрабрува членовите на друштвото кои во почетокот на 1894 ходина повторно се сретнале во Солун. Тогаш се поставени целите на Организацијата: да биде тајна и револуционерна; нејзината територија да ја сочинува Македонија во географските и етнографските граници, поради што ќе се вика внатрешна; во неа да членуваат лица што се родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност. Политичката цел била: автономија на Македонија, да се чува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните слободни држави. За претседател бил избран Христо Татарчев, а за секретар-касиер Даме Груев.

Даме Груев во своите кратки спомени ќе забележи:  „ ... Се групиравме меѓу себе, заедно изработивма правилник – Устав. Во неговата основа влегоа истите принципи: барање да се примени Берлинскиот  договор. Така тој устав беше изработен според образецот на уставот од револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување. Девизата беше: спроведување на решенијата од берлинскиот договор. Создадовме тајна организација со „централен комитет“, со гранки, со членски влогови. Се предвидуваше клетва и др... Тоа беше бо учебната 1893/1894 година.“ – споменува Даме Груев за поставување на основите на Македонската револуционерна организација.

Сепак својот замав, Организацијата го добива по Солунскиот конгрес. Најверодостојни податоци за конгресот одржан во Солун во летото 1896 година, дава Ѓорче Петров. Тој за решенијата на Солунскиот конгрес на револуционерната организација во 1896 година во своите „Спомени" ќе напише:

„За време на распустот од 1896, направивме еден вид конгрес во Солун, 15-16 души. Од Солун бевме 6-8 души, од Битола Пере Тошев, од Воден Кирил Прличев. Од солунските бевме јас, Татарчев, Даме, Андон Димитров, Николов. Тогаш првпат се видовме со Матов, Делчев, Поп Арсов, првпат тогаш се запознавме меѓу себе. Работата зеде пошироки размери и сите ја бевме почувствувале потребата за да се организира таа посилно. Тоа собрание, така да се рече, беше основачко. И оттогаш датира солунската организација, тогаш веќе ЦК се призна. Дотогаш не се знаеја членовите на ЦК, се дотогаш одеше по другарски и секој работеше во својата средина, главно по свое наоѓање и само другарски се советуваше. Во разговорите како во друштво (ни биро, ни претседател, ни записници) се изврши разменување на мислите, секој се запозна со положбата во другите реони.

Го помнам само тоа дека таму го утврдивме делењето на окрузи. До колку ми иде на ум, окрузите беа прв Солунскиот, втор Битолскиот, но со право што Прилеп и директно може да општи со ЦК; Скопскиот друг округ; потоа имаше Штипски округ, округ Струмица и Џумаја (а не Сер). Во Џумаја беше Тане Мурџев. Еден округ Велес и Тиквеш со право да општат директно со ЦК. Одрин го примивме за округ. Во Одрин беше поп Коцев, во Цариград беше Димитар Љапов, кој претендираше Цариград, ако не биде центар, тогаш барем самостоен и да ја врши посредничката улога меѓу Бугарија и Македонија. Се реши Цариград со Одрин да составуваат еден округ. Даме Груев не го трпеше Љапова и настојуваше да не му се дава важност, зашто ќе си имаме главоболија.

Тогаш првпат се направи обид за административно уредување на организацијата и се предвиде ред, врските на ЦК со внатрешноста да стануваат само преку окрузите и тоа преку едно лице примено главно за во округот без назначување и избор. Секој сам со својата работа беше се изложил и просто се признаваше.

Тогаш се предвиде шифра за ЦК со окрузите и шифра за окрузите, исто така и шифра меѓу ЦК и Софија. Прашањето за печатите (да има печати) беше поставено. Отпрвин остана само ЦК да има печат и со него да се потпечатуваат расписките за целата организација. Даме беше за тоа, а Пере беше против оваа централизација; тој сакаше да си има печат за Битола одделно. Таму се истакна потребата за устав и правилник. Дотогаш беше во сила еден краток правилник од неколку члена, изработен од Дамета (клетвата и др.). Тоа правилниче беше несистематско и литографирано. Се реши да се изработи еден полн правилник, устав. Кога дојдов во Софија, го изработив заедно (со Делчев), таму го напечатив и го испратив.“ (Спомени на Ѓорче Петров, стр. 49 - 51.)

На „Солунскиот конгрес" на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев и Горче Петров добиле за задача да изработат Устав на Организацијата. Тоа го сториле тие двајцата и го отпечатиле, а потоа, го испратиле по револуционерните реони, со што започнува организирано ширење на македонското револуционерно движење, кое преку Илинден и Крушевската република, потоа преку НОВ и АСНОМ, доведе до создавање на самостојна и суверена македонска држава.

Во 2007 година, 23 октомври станува државен празник, Меѓутоа, бидејќи 23 октомври се смета за ден кога е основана Внатрешната Македонска Револуционерна Организација или ВМРО, СДСМ го оспорува и сака да се укине овој државен празник сметајќи дека тоа е празник на денешната ВМРО ДПМНЕ. Но, како тие да забораваат дека без таквите идеали, организација и стекнати искуства на МРО, немаше да го има подоцна ни АСНОМ, ни македонската држава.

Всушност, укинувањето на наградите кои се доделуваат на овој ден и обидите на Социјалдемократите да не се чествува Денот на Македонската револуционерна борба како државен празник има позадина. Тоа преставува акт со кој се сака да се сузбие било каков порив за бунт кај Македонците во пресрет на престојното редидифинирање на македонската држава.

Имено, 23 октомври го симболизира континуитет на борбата на македонскиот народ за независна и самостојна национална држава. На тој ден се потсетуваме на сите хрбри дела на нашите претци. Тоа се дела кои ни даваат храброст да истраеме и да ги надминеме денес сите нови искушенија - оспорување на името, идентитетот.

Сепак, Ден на македонската револуционерна борба - 23 октомври е датум кој се славел, се слави и ќе го слават сите идни македонски поколенија, зошто тој е аманет на нашите претци, тоа е коренот на нашата држава. Во тоа не може да ги спречи ниту една марионетска влада.

Македонска нација

 

На прво место

News image

ПРОТЕСТ, утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ со автомобили до Влада

Христијан Мицкоски: Протест сега, за да не биде предоцна!  

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.